Свети Писма
2 Нефи 33


Глава 33

Зборовите на Нефи се вистинити—Сведочат за Христос—Оние кои веруваат во Христос ќе веруваат во зборовите на Нефи, кои ќе стојат како сведоштво пред судиската преграда. Околу 559–545 п.н.е.

1 И сега јас, Нефи, не можам да ги напишам сите нешта кои му беа поучувани на мојот народ; ниту сум моќен во пишување, како говорење; бидејќи кога човекот зборува преку моќта на Светиот Дух моќта на Светиот Дух го носи тоа во срцата на човечките деца.

2 Но ете, постојат многу кои ги закоравуваат нивните срца против Светиот Дух, дека нема место во нив; затоа, отфрлаат многу нешта кои се напишани и ги проценуваат како безвредни нешта.

3 Но јас, Нефи, напишав тоа што напишав, и го проценувам дека е од голема вредност, и особено за мојот народ. Бидејќи јас постојано се молам за нив дневно, и моите очи ги намокруваат перниците за време на ноќта, поради нив; и го довикувам мојот Бог со вера, и знам дека Тој ќе го слушне мојот плач.

4 И знам дека Господ Бог ќе ги освети моите молитви за добивка на мојот народ. И зборовите кои ги напишав во слабост ќе бидат силни за нив; бидејќи ги убедувам да прават добро; познато им е од нивните татковци; и говорат за Исус, и ги убедуваат да веруваат во Него, и да издржат до крај, што е вечен живот.

5 И говорат грубо против гревот, според јаснотијата на вистината; затоа, ниту еден човек нема да биде гневен на зборовите кои ги напишав освен ако е со ѓаволски дух.

6 Јас славам во јаснотија; јас славам во вистина; јас славам во мојот Исус, бидејќи Тој ја искупи мојата душа од пеколот.

7 Имам милосрдие за мојот народ, и голема верба во Христос дека ќе сретнам многу безгрешни души пред Неговата судиска столица.

8 Имам милосрдие за Евреинот—Велам Евреи, бидејќи мислам на оние од каде што доаѓам.

9 Исто така имам милосрдие за Неевреите. Но ете, не можам да се надевам за ниту еден од нив освен ако не се помирени со Христос, и влезат низ тесната порта, и чекорат по правиот пат кој води до живот, и продолжуваат по патот до крајот на денот за проба.

10 И сега, мои љубени браќа, и исто така Евреи, и сите вие краишта на земјата, послушајте ги овие зборови и верувајте во Христос; и ако не верувате во овие зборови верувајте во Христос. И ако верувате во Христос ќе верувате и во овие зборови, бидејќи тие се зборовите на Христос, и Тој ми ги даде на мене; и тие ги поучуваат сите луѓе да прават добро.

11 И ако не се зборови на Христос, пресудете—бидејќи Христос ќе ви покаже, со моќ и голема слава, дека се Негови зборови, на последниот ден; и вие и јас ќе стоиме лице во лице пред Неговиот суд; и ќе знаете дека ми беше заповедано од Него да ги напишам овие нешта, без оглед на мојата слабост.

12 И му се молам на Отецот во името на Христос дека многу од нас, ако не и сите, можат да бидат спасени во Неговото царство на големиот и последен ден.

13 И сега мои љубени браќа, сите оние кои се од Израеловиот дом, и сите краишта на земјата, ви говорам на вас како гласот на оној што плаче од правта: Збогум додека да дојде тој голем ден.

14 А вие кои нема да земете од Божјата добрина, и нема да ги почитувате зборовите на Евреите, а исто така и моите зборови, и зборовите кои ќе излезат од устата на Божјото Јагне, ете, ви посакувам вечно збогување, бидејќи овие зборови ќе ве осудат на последниот ден.

15 Зашто тоа што го запечатувам на земјата, ќе биде изнесено против вас пред судиската преграда, бидејќи така ми заповеда Господ, и морам да се покорам. Амин.