Свети Писма
2 Нефи 6


Глава 6

Јаков раскажува еврејска историја: Вавилонско заробеништво и враќање; службата и распнувањето на Светецот на Израел; помошта добиена од Неевреите; и подоцнежното обновување на Евреите кога веруваат во Месијата. Околу 559–545 п.н.е.

1 Зборовите на Јаков, братот на Нефи, кои ги говореше на народот на Нефи:

2 Ете, мои возљубени браќа, јас, Јаков, сум бил повикан од Бог, и одреден според начинот на Неговиот свет ред, и сум бил осветен од мојот брат Нефи, на кого гледате како цар односно заштитник, и од кого зависите за безбедност, ете знаете дека сум ви говорел премногу нешта.

3 Сепак, ви говорам повторно; зашто сум желен за благосостојбата на вашите души. Да, мојот неспокој е голем за вас; а вие самите знаете дека секогаш било така. Зашто ве охрабрив со сета трудољубливост; и ве поучив за зборовите на мојот татко; и ви говорев во врска со сите нешта кои се напишани, од создавањето на светот.

4 И сега, ете, би ви зборувал во врска со работите кои се, и кои ќе дојдат; затоа, ќе ви ги прочитам зборовите на Исаија. И тие се зборовите кои мојот брат посакуваше да ви ги говорам. И ви зборувам за ваше добро, за да можете да ги научите и прославите името на вашиот Бог.

5 И сега, зборовите кои ќе ги прочитам се оние кои Исаија ги говореше во врска со сиот Израелов дом; затоа, тие можат да бидат споредени со вас, бидејќи сте од домот Израелов. И има многу нешта кои беа говорени од Исаија кои можат да бидат споредени со вас, бидејќи вие сте од домот Израелов.

6 И сега, овие се зборовите: Вака вели Господ Бог: Ете, Јас ќе ја кренам Мојата раката на Неевреите, и ќе го поставам Моето знаме кај народот, и ќе ги донесат твоите синови во нивните раце, и твоите ќерки ќе бидат носени врз нивните раменици.

7 И цареви ќе бидат твоите негуватели, а нивните царици твои доилки; тие ќе ти се поклонат со лицата кон земјата, и ќе ја лижат правта од твоите нозе; и ќе дознаеш дека сум Јас Господ; зашто нема да бидат засрамени што ме чекаат Мене.

8 И сега, јас, Јаков, би зборувал нешто во врска со овие зборови. Зашто ете, Господ ми покажал дека оние кои беа во Ерусалим, од каде што дојдовме, биле убиени и одведени заробени.

9 Сепак, Господ ми покажал дека тие ќе се вратат повторно. А исто и ми покажал дека Господ Бог, Светецот на Израел, ќе им се покаже Самиот во телото; а откако Тој ќе им се покаже Самиот тие ќе го камшикуваат Него и ќе го распнат Него според зборовите на ангелот што ми ги говореше на мене.

10 И откако ги беа закоравиле срцата и ги вкочанија нивните вратови против Светецот на Израел, ете, пресудите на Светецот на Израел ќе дојдат врз нив. И денот доаѓа кога ќе бидат удрени и погодени.

11 Затоа, откако ќе бидат протерани таму и ваму, зашто вака вели ангелот, многу ќе бидат погодени во телото, а нема да биде дозволено да загинат, поради молитвите на верните; ќе бидат распрснати, и удрени, и мразени; сепак, Господ ќе биде милостив кон нив, така што кога ќе дојдат до сознанието за нивниот Искупител, ќе бидат собрани заедно повторно во земјите на нивното наследство.

12 И благословени се Неевреите, оние за кого пророкот пишувал; зашто ете, ако е така да се покајат и не се борат против Сион, и не се соединат со таа голема и одвратна црква, ќе бидат спасени; зашто Господ Бог ќе ги исполни Неговите завети кои Тој ги склучил со Неговите деца; и заради оваа причина пророкот ги пишувал овие нешта.

13 Затоа, оние кои се борат против Сион и заветениот народ на Господ ќе ја лижат правта од нивните нозе; а Господовиот народ нема да биде засрамен. Зашто Господовиот народ се оние кои го чекаат Него; зашто сѐ уште го чекаат доаѓањето на Месијата.

14 И ете, според словата на пророкот, Месијата повторно ќе се постави себеси вториот пат за да ги повратат; затоа, Тој ќе им се покаже Самиот со моќ и голема слава, до уништувањето на нивните непријатели, кога ќе дојде тој ден кога ќе веруваат во Него; а Тој нема да уништи ниту еден што верува во Него.

15 И оние кои не веруваат во Него ќе бидат уништени, и со оган, и со невреме, и со земјотреси, и со крвопролевања, и со чума, и со глад. И ќе знаат дека Господ е Бог, Светецот на Израел.

16 Зашто ќе биде ли пленот одземен од моќните, односно законските заробеници избавени?

17 Но така вели Господ: Дури и заробениците на моќните ќе бидат одведени, и пленот на ужасните ќе бидат избавени; зашто Моќниот Бог ќе го избави Неговиот заветен народ. Зашто така вели Господ: Јас ќе се борам со оние кои се борат со тебе—

18 И Јас ќе ги хранам оние кои те угнетуваат, со нивното сопствено месо; и ќе бидат пијани со нивната сопствена крв како и со слатко вино; и сето тело ќе знае дека Јас Господ сум твојот Спасител и твојот Искупител, Моќниот на Јаков.