Глава 9
Јаков објаснува дека Евреите ќе бидат собрани во сите нивни земји на ветување—Помирувањето го откупува човек од Падот—Телата на мртвите ќе излезат од гробот, и нивните духови од пекол и рај—Тие ќе бидат судени—Помирувањето спасува од смрт, пекол, ѓаволот, и бескрајно мачење—Праведните ќе бидат спасени во царството Божјо—Казни за гревови се поставени—Светецот на Израел е чуварот на портата. Околу 559–545 п.н.е.
1 И сега, љубени браќа мои, ги прочитав овие нешта за да дознаете во врска со заветите Господови кои Тој ги скучил со сиот Израелов дом—
2 Дека Тој им говорел на Евреите, преку устата на Неговите свети пророци, дури од почетокот натаму, од поколение до поколение, додека не дојде времето кога ќе бидат обновени во вистинската црква и стадо Божјо; кога ќе бидат собрани дома во земјите на нивното наследство, и ќе се населат во сите нивни ветени земји.
3 Ете, љубени браќа мои, ви ги говорам овие нешта за да се радувате, и да ги кренете главите засекогаш, поради благословите кои Господ Бог ќе им ги дарува на вашите деца.
4 Зашто знам дека многу баравте, многумина од вас, да дознаете за нештата кои ќе дојдат; затоа знам дека знаете дека нашето тело треба да се истроши и умре; сепак, во нашите тела ќе го видиме Бог.
5 Да, знам дека знаете, дека во телото Тој ќе се покаже Самиот на оние во Ерусалим, од каде што дојдовме; зашто целисходно е дека треба да биде среде нив; зашто неопходно е големиот Творец дека Тој претрпи Самиот да стане подложен на луѓе во телото, и да умре за сите луѓе, за да можат сите луѓе да станат подложени на Него.
6 Зашто како што смртта доаѓаше врз сите луѓе, за да го исполни милостивиот план на големиот Творец, треба да постои сила на воскреснување, и воскреснувањето треба да дојде врз човекот поради падот; и падот доаѓа поради престапување; и затоа што човекот беше паднат, тие беа отсечени од присуството Господово.
7 Затоа, треба да постои бесконечно помирување—ако нема бесконечно помирување оваа распадливост не би можела да се претвори во нераспадливост. Затоа, првата пресуда што го стигна човекот требаше да остане со бескрајна трајност. И да беше така, ова тело сигурно било положено да скапува и да се распадне на својата мајчина земја, за да не се подигне веќе.
8 О мудроста Божја, Неговата милост и благодат! Зашто ете, ако телото повеќе не се подига нашите духови мора да станат подложни на оној ангел кој падна од присуството на Вечниот Бог, и стана ѓаволот, да не се крене веќе.
9 И нашите духови сигурно станале како него, и ние стануваме, ѓаволи, ангели на еден ѓавол, да бидеме исклучени од присуството на нашиот Бог, и да останеме со таткото на лаги, во беда, како и тој самиот; да, со она битие кое ги измами нашите први родители, кој се претвори себеси речиси во ангел на светлината, и ги поттикна децата човечки во тајни сојузи на убиство и секаков вид на тајни мрачни дела.
10 О колку е голема добрината на нашиот Бог, Кој подготвува пат за нашето бегство од дофатот на ова ужасно чудовиште; да, она чудовиште, смрт и пекол, кое го нарекувам смртта на телото, а исто и смртта на духот.
11 И поради патот на избавување на нашиот Бог, Светецот на Израел, оваа смрт, за која говорев, која е привремена, ќе ги избави мртвите; чија смрт е гробот.
12 И оваа смрт, за која говорев, која е духовна смрт, ќе ги избави мртвите; чија духовна смрт е пекол; затоа, смртта и пеколот мора да ги избават нивните мртви, и пеколот мора да ги избави неговите заробени духови, а гробот мора да ги избави заробените тела, и телата и духовите човечки ќе се обноват едни со други; и тоа преку силата на воскресението на Светецот на Израел.
13 О колку е голем планот на нашиот Бог! Зашто од друга страна, рајот Божји мора да ги избави духовите на праведните, и гробот да ги избави телата на праведните; и духот и телото е пак обновено со себе, и сите луѓе ќе станат нераспадливи, и бесмртни, и се живи души, имајќи совршено знаење како нас во телото, освен дека нашето знаење ќе биде совршено.
14 Затоа, ќе имаме совршено знаење на сета наша вина, и наша нечистотија, и наша голотија; и праведните ќе имаат совршено знаење на нивното уживање, и нивната праведност, бидејќи се облечени со чистота, да, дури и со наметката на праведност.
15 И ќе се случи кога сите луѓе ќе поминат од првата смрт до живот, доколку станале бесмртни, треба да се појават пред судиската столица на Светецот на Израел; и потоа следува пресудата, и тогаш тие мора да бидат судени според светата Божја пресуда.
16 И уверливо, како што живее Господ, зашто Господ Бог го рекол, и тоа е Неговото вечно слово, кое не може да почине, дека оние кои се праведни ќе бидат праведни сѐ уште, а оние кои се извалкани сѐ уште ќе бидат извалкани; затоа, оние кои се извалкани се ѓаволот и неговите ангели; и тие ќе одат во вечен оган, подготвен за нив; и нивното мачење е како езеро од оган и сулфур, чиј пламен се воздигнува нагоре засекогаш и нема крај.
17 О добрината и правдата на нашиот Бог! Зашто Тој ги извршува сите Негови слова, и тие произлегоа од Неговата уста, и Неговиот закон мора да биде исполнет.
18 Но, ете, праведните, светците на Светецот на Израел, оние кои веруваа во Светецот на Израел, оние кои ги издржаа крстовите на светот, и го презираа срамот од тоа, тие ќе го наследат царството Божјо, кое беше подготвено за нив од основата на светот, и нивната радост ќе биде исполнета засекогаш.
19 О големината на милоста на нашиот Бог, Светецот на Израел! Зашто Тој ги избавува Неговите светци од она страшно чудовиште ѓаволот, и смртта, и пеколот и она езеро од оган и сулфур, кое е бескрајно мачење.
20 О колку голема е светоста на нашиот Бог! Зашто Тој ги знае сите нешта, и не постои нешто што Тој не го знае.
21 И Тој ќе дојде во светот за Тој да може да ги спаси сите луѓе ако го послушаат Неговиот глас; зашто ете, Тој ќе страда сите болки на сите луѓе, да, болките на секое живо суштество, и мажи, и жени, и деца, кои му припаѓаат на семејството на Адам.
22 И Тој ќе го претрпи ова за да може воскреснувањето да дојде кај сите луѓе, за сите да можат да стојат пред Него на големиот и суден ден.
23 И Тој им заповеда на сите луѓе дека треба да се покајат, и да се крстат во Негово име, имајќи совршена вера во Светецот на Израел, инаку не можат да бидат спасени во царството Божјо.
24 И ако не се покајат и не веруваат во Неговото име, и не се крстат во Негово име, и не издржат до крајот, мора да бидат проклети; зашто Господ Бог, Светецот на Израел, го говореше тоа.
25 Затоа, Тој даде закон; и каде што нема даден закон нема казна; и каде што нема казна нема осуда; и каде што нема осуда милостите на Светецот на Израел имаат право врз нив, поради помирувањето; зашто се избавени преку Неговата моќ.
26 Зашто помирувањето ги задоволува барањата на Неговата правда врз сите оние на кои законот не им е даден, така што се избавени од она ужасно чудовиште, смртта и пеколот, и ѓаволот, и езерото од оган и сулфур, кое е бескрајно мачење; и тие се обновени кон оној Бог Кој им го даде здивот, Кој е Светецот на Израел.
27 Но тешко на оној кому законот му е даден, да, што ги има сите Божји заповеди, како и ние, и ги прекршува, и ги троши деновите на неговото испитување, зашто ужасна е Неговата состојба!
28 О тој лукав план на злобниот! О суетата, и слабостите, и глупоста човечка! Кога се научени мислат дека се мудри, а не го слушат советот Божји, зашто го тргаат настрана, и претпоставувајќи дека знаат за самите себеси, затоа, нивната мудрост е глупост и не им е од полза. И тие ќе загинат.
29 Но да бидат научени е добро ако ги послушаат советите Божји.
30 Но тешко на богатите, кои се богати во врска со светските нешта. Зашто бидејќи се богати ги презираат сиромашните, и ги прогонуваат кротките, и нивните срца се на нивните богатства; затоа, нивното богатство е нивен бог. И ете, нивното богатство исто со нив ќе загине.
31 И тешко на глувите кои нема да слушаат; зашто ќе загинат.
32 Тешко на слепите кои нема да видат; зашто исто така ќе загинат.
33 Тешко на необрезаните во срцето, зашто знаење на нивните беззаконија ќе ги удри на последниот ден.
34 Тешко на лажгото, зашто ќе биде турнат долу во пекол.
35 Тешко на убиецот кој намерно убива, зашто ќе умре.
36 Тешко на оние кои извршуваат блудства, зашто ќе бидат турнати долу во пекол.
37 Да, тешко на оние кои обожаваат идоли, зашто ѓаволот на сите ѓаволи се воодушевува со нив.
38 И, накратко, тешко на сите оние кои умираат во нивните гревови; зашто ќе се вратат при Бог, и ќе го видат Неговото лице, и ќе останат со нивните гревови.
39 О љубени браќа мои, сетете се на ужасот во престапување против Тој Свети Бог, а исто и ужасот на предавање на заведувањата на оној лукавиот. Сетете се, да бидете телесно наклонети е смрт, а да бидете духовно наклонети е вечен живот.
40 О, сакани браќа мои, послушајте ги моите слова. Сетете се на големината на Светецот на Израел. Немојте да кажувате дека говорев тешки нешта против вас; зашто ако така правите, ќе зборувате против вистината; зашто ги говорев словата на вашиот Творец. Знам јас дека словата на вистината се тешки против секоја нечистотија; но праведните не се плашат од нив, зашто ја сакаат вистината и не се вознемирени.
41 О тогаш, љубени браќа мои, дојдете при Господ, Светецот. Сетете се дека Неговите патишта се праведни. Ете, патот за човекот е тесен, но лежи во права насока пред Него, а чуварот на портата е Светецот на Израел; и Тој не поставува ниту еден слуга таму; и нема друг пат освен преку портата; зашто Тој не може да биде измамен, зашто името Негово е Господ Бог.
42 И на оној кој чука, нему Тој ќе му отвори Тој; и мудрите, и учените, и оние кои се богати, кои се надуени поради своето учење, и својата мудрост, и своите богатства—да, тие се оние кои Тој ги презира тој; и ако не ги отфрлат овие нешта, и сметаат дека се будали пред Бог, и не се спуштат во длабочините на понизноста, Тој нема да им отвори на нив.
43 Но нештата на мудрите и разумните засекогаш ќе бидат скриени од нив—да, онаа среќа која е подготвена за светците.
44 О, љубени браќа мои, сетете се на моите слова. Ете, ги соблекувам моите облеки, и ги тресам пред вас; Го молам Богот на моето спасение Тој да ме погледне со Неговото око што гледа сѐ; затоа, ќе дознаете на последниот ден, кога сите луѓе ќе бидат судени за нивните дела, дека Богот на Израел сведочеше дека ги истресов вашите беззаконија од својата душа, и дека стојам со осветленост пред Него, и слободен од вашата крв.
45 О, љубени браќа мои, тргнете се од вашите гревови; истресете ги оковите на оној кој би ве врзал цврсто; дојдете при оној Бог што е карпа на вашето спасение.
46 Подгответе ги своите души за оној славен ден кога правда ќе им биде послужена на праведните, дури и денот на пресудата, за да не би се смалиле со ужасен страв; да не можете да се сетите на својата ужасна вина во совршенство, и да бидете присилени да извикате: Свети, свети се Твоите пресуди, О Господе Семоќен Боже—но ја знам мојата вина; го прекршив Твојот закон, и моите престапи се мои; и ѓаволот ме доби, и сум плен на неговата ужасна мизерија.
47 Но ете, браќа мои, дали е целисходно да ве разбудам во страшна реалност на овие нешта? Зар би ги вознемирувал вашите души ако вашите умови беа чисти? Зар би бил јасен кон вас според јаснотијата на вистината да бевте ослободени од гревот?
48 Ете, да бевте свети би ви зборувал на вас за светоста; но бидејќи не сте свети, и ме гледате како учител, мора да е целисходно да ве поучам за последиците на гревот.
49 Ете, мојата душа се гади од гревот, а моето срце се воодушевува во праведноста; и јас ќе го славам светото име на мојот Бог.
50 Дојдете, браќа мои, секој еден кој е жеден, дојдете вие до водите; и оној кој нема пари, нека дојде, купи и јаде; да, дојдете, купете вино и млеко без пари и без цена.
51 Затоа, не трошете пари за тоа што нема вредност, ни вашиот напор за тоа што не може да задоволува. Трудољубливо послушајте ме мене, и сетете се на словата кои ги говорев; и дојдете при Светецот на Израел, и насладувајте се на тоа што не гине, ниту може да се распадне, и нека се радува вашата душа во угоеноста.
52 Ете, љубени браќа мои, сетете се на зборовите на вашиот Бог; молете му се на Него постојано дење, и заблагодарувајте му се на Неговото свето име ноќе. Нека се радуваат вашите срца.
53 И видете колку се големи заветите Господови, и колку се големи Неговите удостојувања на човечките деца; и поради Неговата големина, и Неговата благодат и милост, Тој ни ветил дека нашето потомство нема целосно да биде уништено, според телото, туку дека Тој ќе ги зачува; и при идни поколенија ќе станат праведна гранка на Израеловиот дом.
54 И сега, браќа мои, јас би ви говорел уште; но утре ќе ви го објавам остатокот од моите зборови. Амин.