Свети Писма
Алма 12


Глава 12

Алма зборува со Зезром—Божјите мистерии можат да бидат дадени само на верните—Луѓето се судени според нивните мисли, верувања, зборови, и дела—Пакосните ќе страдаат со духовна смрт—Овој смртен живот е пробна состојба—Планот за искупувањето го исполнува Воскреснувањето и, преку вера, опростување од гревовите—Покајниците имаат право на милост преку Единородениот Син. Околу 82 п.н.е.

1 Сега Алма, гледајќи дека зборовите на Амулек беа го замолкнале Зезром, бидејќи тој запази дека Амулек беше го фатил во неговото лажење и измама за да го уништи, и гледајќи дека тој започна да трепери поради свеста на неговата вина, тој ја отвори неговата уста и започна да му зборува, и да ги поткрепува зборовите на Амулек, и да ги проширува и повеќе од тоа, или да ги отвори светите писма и повеќе од тоа што Амулек беше го правел.

2 Сега зборовите кои Алма му ги говореше на Зезром беа слушнати од луѓето наоколу; бидејќи мноштвото беше големо, и тој говореше на овој начин:

3 Сега Зезром, гледајќи дека си фатен во твоето лажење и лукавост, зашто не ги излажа само луѓето туку и Бог; зашто ете, Тој ги знае сите твои мисли, и гледаш како твоите мисли ни се познати преку Неговиот Дух;

4 И гледаш дека знаеме дека твојот план беше многу суптилен план, според суптилноста на ѓаволот, за да се излаже и измами овој народ за да го завртиш против нас, да нѐ нагрдат и да нѐ отфрлат—

5 Сега ова беше планот на твојот противник, и тој ја практикуваше неговата моќ преку тебе. Еве сега сакам да запомниш дека ова што ти го говорам тебе, им го говорам на сите.

6 И ете ви велам на сите дека ова беше противничка замка, која тој ја поставил да го фати овој народ, за да може да ве потчини, за да може да ве опкружи со неговите синџири, за да може да ве окова за вечно уништување, според моќта на неговото заробеништво.

7 Сега кога Алма беше ги изговорил овие зборови, Зезром започна посилно да трепери, бидејќи тој беше убеден повеќе и повеќе во Божјата сила; и тој исто така беше убеден дека Алма и Амулек имаа познавање за него, бидејќи тој беше убеден дека ги знаеја мислите и намерите на неговото срце; бидејќи им беше дадена моќ да знаат за овие нешта според духот на пророштвото.

8 И Зезром започна трудољубиво да ги испрашува, за да дознае повеќе во врска со Божјото царство. И тој му кажа на Алма: Што значеше ова што го зборуваше Амулек во врска со воскреснувањето на мртвите, дека сите ќе се кренат од мртвите и праведните и неправедните, и ќе бидат донесени да застанат пред Бога за да бидат судени според нивните дела?

9 И сега Алма започна да му ги образложува тие нешта, велејќи: На многу им е дадено да ги знаат Божјите тајни; сепак тие се положени под строга наредба да не се соопштуваат освен во согласност со Неговото слово кое Тој им го додели на човечките деца, според вниманието и трудољубивоста кои му ги даваат Него.

10 И затоа, оној кој ќе го закорави срцето, истиот ќе прими помал дел од словото; а оној кој нема да го закорави срцето, на него му е даден поголем дел од словото, сѐ додека не му се дарува да ги дознае Божјите мистерии додека не ги дознае во целост.

11 А оние кои ќе ги закорават нивните срца, на нив им е даден помал дел од словото додека не знаат веќе ништо за Неговите мистерии; и тогаш ѓаволот ги заробува, и според неговата волја ги води до уништување. Сега ова е тоа на кое се мисли под оковите на пеколот.

12 А Амулек јасно зборуваше за смртта, и да се биде воздигнат од оваа смртност во состојба на бесмртност, и да се биде доведен пред Божјиот суд, за да ни се суди според нашите дела.

13 Тогаш ако нашите срца се закоравени, да, ако сме ги закоравиле нашите срца против зборот, толку за да не се наоѓа во нас, тогаш нашата состојба ќе биде ужасна, бидејќи тогаш ќе бидеме осудени.

14 Бидејќи нашите зборови ќе не осудат, да, сите наши дела ќе не осудат; нема да бидеме безгрешни; и нашите мисли исто ќе не осудат; и во оваа ужасна состојба нема да се осмелиме да погледнеме нагоре кон нашиот Бог; и ние би биле многу среќни кога би можеле да им заповедаме на карпите и планините да паднат врз нас и да нѐ сокријат од Неговото присуство.

15 Но тоа не може да биде; ние мораме да истапиме напред и да застанеме пред Него во Неговата слава, и во Неговата моќ, и во Неговата сила, и величественост, и власт, и да признаеме на наш вечен срам дека сите Негови судови се праведни; дека Тој е праведен во сите Негови дела и дека Тој е милостив спрема човечките деца, и дека Тој ја има целата моќ да го спаси секој човек кој верува во Неговото име и раѓа плод кој доликува на покајанието.

16 И сега ете, ви велам, тогаш доаѓа смртта, и тоа втората смрт, која е духовна смрт; тогаш е времето кога кој и да умре во неговите гревови, во поглед на привремената смрт, исто така ќе умре и со духовна смрт; да, тој ќе умре според нештата кои се однесуваат на праведноста.

17 Тогаш е времето кога нивното мачење ќе биде како езеро од оган и сулфур, чиј оган се воздигнува секогаш и засекогаш; и тогаш е времето кога тие ќе бидат оковани на вечно уништување, според моќта и заробеништвото на Сатаната, кој ги потчинил според неговата волја.

18 Тогаш, ви кажувам, тие ќе бидат како да немало искупување бидејќи тие не можат да бидат искупени според Божјата правда; и тие не можат да умрат, гледајќи дека нема повеќе распадливост.

19 Сега се случи кога Алма беше престанал со говорење на овие зборови, народот започна да станува уште позапрепастен;

20 Но постоеше еден Антиона, кој беше главен владетел помеѓу нив, истапи напред и му кажа: Што е ова што ти го кажа, дека човекот треба да стане од мртвите и да биде променет од оваа смртна во бесмртна состојба, за душата никогаш да не умре?

21 Што значи писмото, кое вели дека Бог постави херувими и огнен меч источно од Едемската градина, за нашите први родители да не влезат и да не јадат од плодот од дрвото на животот, за да не живеат вечно? И така гледаме дека никако не беше возможно тие да живеат вечно.

22 Сега Алма му кажа: Ова е тоа што сакав да го објаснам. Сега гледаме дека Адам падна земајќи од забранетото овошје, според Божјото слово; и така гледаме, дека со неговото паѓање, целото човештво стана загубен и паднат народ.

23 А сега ете, да беше возможно за Адам да земе од плодот од дрвото на животот во тоа време, немаше да постои смрт, и словото ќе беше бескорисно, правејќи го Бог лажго. Зашто Тој кажа: Ако јадете вие сигурно ќе умрете.

24 И гледаме дека смртта доаѓа кај човештвото, да, смртта за која беше зборувано од Амулек, која е привремена смрт; сепак постоеше време кое му беше дадено на човекот за да може да се покае; затоа овој живот стана пробна состојба, време да се подготвиме да го запознаеме Бог; време да се подготвиме за таа бескрајна состојба за која ние зборуваме, која е после воскреснувањето на мртвите.

25 Сега, да не беше планот за искупувањето, кој беше положен од основањето на светот, немаше да има вокреснување на мртвите; но имаше положено план за искупување, кој ќе го исполни воскреснувањето на мртвите, за кое се зборуваше.

26 А сега ете, да беше возможно нашите први родители да излезат и да земаат од дрвото на животот тие засекогаш ќе беа мизерни, немајќи подготвителна состојба; и така планот за искупувањето ќе беше спречен, и Божјото слово ќе беше бескорисно, без дејство.

27 Но ете, не беше така; туку им беше одредено на луѓето да мораат да умрат; и после смртта, мораат да дојдат на судење, дури истото тоа судење за кое зборувавме, кое е крајот.

28 А откако Бог ги одреди дека овие нешта треба да дојдат кај човекот, ете, тогаш Тој виде дека беше потребно човекот да знае во врска со нештата кои Тој беше им ги одредил;

29 Затоа Тој испрати ангели да разговараат со нив, кои предизвикаа луѓето да ја видат Неговата слава.

30 И тие започнаа од тогаш па наваму да го повикуваат Неговото име; затоа Бог разговараше со луѓето, и им го обелодени планот на искупување, кој беше спремен од основањето на светот; и Тој им го откри тоа според нивната вера и покајание и нивните свети дела.

31 Затоа, Тој им даде заповеди на луѓето, бидејќи тие прво ги престапуваа првите заповеди на тоа што беше временско, и станувајќи како богови, распознавајќи добро од зло, ставајќи се во состојба да делуваат, односно ставајќи се во состојба да делуваат според нивните волји и задоволства, било да прават зло или било да прават добро—

32 Затоа Бог им даде заповеди, откако им го обелодени планот за искупување, дека не треба да прават зло, затоа казната е втора смрт, која беше вечна смрт според нештата кои се однесуваат на праведноста; бидејќи над таквите планот за искупување нема да има моќ, бидејќи делата на правдата не би можеле да бидат уништени, според врховната добрина на Бог.

33 Но Бог ги повика луѓето, во името на Неговиот Син, (ова е планот на искупување кој беше положен) велејќи: Ако се покаете, и не ги закоравувате вашите срца, тогаш Јас ќе имам милост над вас, преку Мојот Единороден Син;

34 Затоа, кој и да се покае, и не го закоравува срцето, тој ќе има право на милост преку Мојот Единороден Син, за опростување на неговите гревови; и таквите ќе влезат во Мојот спокој.

35 А кој и да го закоравува неговото срце и прави беззаконие, ете, Јас се колнам во Мојот бес дека тој нема да влезе во Мојот спокој.

36 И сега, браќа мои, ете ви велам, дека ако ги закоравувате вашите срца нема да влезете во Господовиот спокој; затоа вашите беззаконија го провоцираат Него да Тој ви го испрати Неговиот бес на вас како и во првата провокација, да, според Неговото слово во последната провокација исто како и во првата, до вечното уништување на вашите души; затоа, според Неговото слово, до последната смрт, исто како и за првата.

37 И сега, браќа мои, гледајќи дека ги знаеме овие нешта, и тие се вистинити, да се покаеме, и да не ги закоравуваме нашите срца, за да не го провоцираме Господ нашиот Бог да го спушти на нас Неговиот гнев во овие Негови втори заповеди кои Тој ни ги даде; туку да влеземе во Божјиот спокој, кој е подготвен според Неговото слово.