Глава 14
Алма и Амулек се затворени и удирани—Верниците и нивните свети писма се изгорени со оган—Овие маченици се примени од Господ во слава—Затворските ѕидови се распукани и паѓаат—Алма и Амулек се избавени, и нивните прогонувачи се убиени. Околу 82–81 п.н.е.
1 И се случи откако тој престана да му зборува на народот многумина од нив поверуваа на неговите зборови, и започнаа да се покајуваат, и да ги истражуваат светите писма.
2 Но поголемиот дел од нив имаа желба да ги уништат Алма и Амулек; бидејќи тие му беа лути на Алма, поради јаснотијата на неговите зборови кон Зезром; и тие исто кажаа дека Амулек беше ги лажел, и беше се побунил против нивниот закон и исто така против нивните правници и судии.
3 И тие исто така беа лути на Алма и на Амулек; и бидејќи тие сведочеа толку јасно против нивната пакост, се обидоа скришум да ги усмртаат.
4 Но се случи да не го сторат тоа; туку ги однесоа и ги врзаа со силни конопи, и ги одведоа пред главниот судија на земјата.
5 А народот истапи и сведочеше против нив—сведочеше дека беа се побуниле против законот, и против нивните правници и судии во земјата, и исто така против сите луѓе кои беа во земјата; и исто така сведочеле дека постои само еден Бог, и дека Тој ќе Го испрати Неговиот Син помеѓу народот, но дека Тој нема да ги спаси; и многу такви нешта луѓето сведочеа против Алма и Амулек. Сега ова се случи пред главниот судија на земјата.
6 И се случи Зезром да биде запрепастен од зборовите кои беа кажани; и тој исто знаеше во врска со слепоста на умовите, што тој беше ја предизвикал помеѓу народот со неговите лажливи зборови; а неговата душа започна да му се мачи поради познавањето на неговата вина; да, тој започна да биде опкружен од пеколните болки.
7 И се случи тој да започне да му довикува на народот, велејќи: Ете, јас сум виновен, а овие луѓе се безгрешни пред Бог. И тој започна да се зазема за нив од тој момент па наваму; но тие се побунија против него, велејќи: Дали си ти опседнат со ѓаволот? И тие плукаа на него, и го отфрлија од нив, и исто така сите оние кои веруваа во зборовите кои беа кажани од Алма и Амулек; и тие ги отфрлија, и испратија луѓе да ги каменуваат.
8 И тие ги донесоа нивните жени и деца заедно, и кој и да веруваше или беше учен да верува во Божјото слово тие направија да биде фрлен во огнот; и тие исто ги изнесоа записите кои ги содржеа светите писма, и исто така ги фрлија во огнот, за да можат да бидат изгорени и уништени од огнот.
9 И се случи тие да ги одведат Алма и Амулек, и ги одведоа до местото на мачеништвото, за да го посведочат уништувањето на оние кои беа обземани од оган.
10 И кога Амулек ги виде болките на жените и децата кои гореа во огнот, тој исто така беше болен; и тој му кажа на Алма: Како можеме да ја посведочиме оваа ужасна сцена? Затоа да ги испружиме нашите раце, и да ја практикуваме моќта на Бог која е во нас, и да ги спасиме од пламените.
11 Но Алма му кажа: Духот ме присилува да не ја испружувам мојата рака; бидејќи ете Господ ги прима горе кај Самиот, во слава; и Тој им дозволува да го прават тоа, односно народот да им го прави тоа, според закоравеноста на нивните срца, дека пресудите кои Тој ги практикува врз нив во Неговиот бес можат да бидат праведни; и дека крвта на невините ќе стои како сведоштво против нив, да, и моќно ќе довикува против нив на последниот ден.
12 Сега Амулек му кажа на Алма: Ете, можеби исто така ќе нѐ изгорат.
13 И Алма кажа: Нека биде според Господовата волја. Но, ете, нашата работа не е завршена; затоа нема да нѐ изгорат.
14 Сега се случи кога телата на оние кои беа фрлени во огнот гореа, и исто така записите кои беа фрлени заедно со нив, главниот судија на земјата дојде и застана пред Алма и Амулек, додека беа врзани; и тој ги удри со неговата рака по нивните образи, и им кажа: После тоа што го видовте, дали повторно ќе му проповедате на овој народ, дека ќе бидат фрлени во езеро од оган и сулфур?
15 Ете, вие гледате дека немате моќ да ги спасите оние кои беа фрлени во огнот; ниту пак Бог ги спаси бидејќи тие беа дел од вашата вера. И судијата повторно ги удри по нивните образи, и праша: Што ќе кажете за себеси?
16 Сега овој судија беше по редот и вербата на Нехор, кој го уби Гидеон.
17 И се случи Алма и Амулек да не му одговорат ништо; а тој пак ги удри, и ги предаде на стражарите да ги фрлат во затвор.
18 А кога беа фрлени во затвор три дена, дојдоа многу правници, и судии, и свештеници, и учители, кои беа следбеници на Нехор; и тие дојдоа во затворот да ги видат, и тие ги испрашуваа за многу зборови; но тие ништо не им одговорија.
19 И се случи судијата да застане пред нив, и кажа: Зошто не одговарате на зборовите на овие луѓе? Зарем не знаете дека јас имам моќ да ве препуштам на пламенот? И тој им заповеда да зборуваат; но тие ништо не одговорија.
20 А се случи тие да се разделат и да тргнат по свои патишта, но повторно се вратија утредента; и судијата повторно ги удри по нивните образи. И многу доаѓаа исто така, и ги удираа, велејќи: Дали повторно ќе застанете и ќе му судите на овој народ, и ќе го осудувате нашиот закон? Ако имате толку голема моќ зошто самите не се избавите?
21 И многу такви нешта им кажуваа, крцкајќи со забите врз нив, и плукајќи на нив, и велејќи: Како ќе изгледаме кога ќе бидеме проколнати?
22 И многу такви нешта, да, секаков вид на такви нешта тие им кажуваа; и така им се исмејуваа многу денови. И им ја задржуваа храната за да изгладнат, и вода за да ожеднат; и исто така им ги земаа облеките така што беа голи; и така беа врзани со силни конопи, и притворени во затвор.
23 И се случи откако тие така страдаа многу денови, (и беше на дванаесеттиот ден, во десетиот месец, во десетата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ) главниот судија на земјата Амониха и многу од нивните учители и нивните правници отидоа во затворот каде што Алма и Амулек беа заврзани со конопи.
24 И главниот судија застана пред нив, и повторно ги удри, и им кажа: Ако ја имате Божјата моќ ослободете се од овие конопи, и тогаш ќе веруваме дека Господ ќе го уништи овој народ според вашите зборови.
25 И се случи сите тие да пристапат и да ги удрат, велејќи им ги истите зборови, дури до последниот; и кога последниот беше им зборувал, Божјата моќ беше врз Алма и Амулек, и тие станаа и застанаа на нивните нозе.
26 И Алма довикуваше, велејќи: Колку долго ќе ги трпиме овие големи неволји, О Господе? О Господе, дај ни сила според нашата вера која е во Христос, дури и за избавување. И тие ги скинаа конопите со кои беа врзани; и кога народот го виде ова, тие започнаа да бегаат, бидејќи стравот од уништувањето беше ги стигнал.
27 И се случи толку голем беше нивниот страв што тие паднаа на земјата, и не стигнаа до надворешната врата на затворот; и земјата се тресеше силно, и ѕидовите на затворот се распукаа на две, така да паднаа на земјата; и главниот судија, и правниците, и свештениците, и учителите, кои ги удираа Алма и Амулек, беа убиени од тој пад.
28 А Алма и Амулек излегоа од затворот, и тие не беа повредени; бидејќи Господ беше им доделил на нив моќ, според нивната вера која беше во Христос. И тие веднаш излегоа од затворот; и беа ослободени од своите конопи; и затворот беше паднал на земјата, и секоја душа во тие ѕидини, освен Алма и Амулек, беше убиена; и тие веднаш влегоа во градот.
29 Сега луѓето слушајќи голема врева започнаа да трчаат заедно во мноштва да ја дознаат причината за тоа; и кога ги видоа Алма и Амулек како излегуваат од затворот, и ѕидовите паднати на земјата, тие беа погодени од голем страв, и избегаа од присуството на Алма и Амулек како што козата бега со своите младенчиња од два лава; и така избегаа од присуството на Алма и Амулек.