Свети Писма
Алма 16


Глава 16

Ламанитите го уништуваат народот на Амониха—Зорам ги води Нефитите до победа против Ламанитите—Алма и Амулек и уште многу други го проповедаат словото—Тие поучуваат дека после Неговото Воскреснување Христос ќе им се појави на Нефитите. Околу 81–77 п.н.е.

1 И се случи во единаесеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ, на петтиот ден од вториот месец, имајќи многу мир во земјата Зарахемла, немајќи ниту војни ниту препирања за извесен број години, дури и до петтиот ден од вториот месец во единаесеттата година, постоеше воен плач кој се слушна низ земјата.

2 Бидејќи ете, војските на Ламанитите влегоа во границите на земјата од дивината, дури и до градот Амониха, и започнаа да го убиваат народот и да го уништуваат градот.

3 А сега се случи, пред Нефитите да соберат доволна војска за да ги истераат од земјата, тие беа го уништиле народот кој беше во Амониха, и исто така некои околу границите на Ное, и ги одведоа другите заробеници во дивината.

4 Сега се случи Нефитите да сакаа да ги добијат оние кои беа одведени заробени во дивината.

5 Затоа, тој што беше назначен за главен капетан над Нефитските војски, (и неговото име беше Зорам, и тој имаше два сина, Лехи и Аха)—сега Зорам и неговите два сина, знаејќи дека Алма беше висок свештеник над црквата, и слушнаа дека тој го има духот на пророштвото, затоа тие отидоа кај него и сакаа од него да дознаат каде Господ би сакал да одат во дивината во потрага по своите браќа, кои беа заробени од Ламанитите.

6 И се случи Алма да Го праша Господ за тоа. И Алма се врати и им кажа: Ете, Ламанитите ќе ја преминат реката Сидон во јужниот дел на дивината, таму горе надвор од границите на земјата Манти. И ете таму ќе ги сретнете, источно од реката Сидон, и таму Господ ќе ви ги даде своите браќа кои беа заробени од Ламанитите.

7 И се случи Зорам и неговите синови да ја преминат реката Сидон, со нивните војски, и маршираа далеку горе вон границите на Манти во јужната дивина, која беше на источната страна на реката Сидон.

8 И тие дојдоа по Ламанитските војски, и Ламанитите беа распрснати и протерани во дивината; и тие ги земаа своите браќа кои беа заробени од Ламанитите, и не беше изгубена ниту една душа од оние кои беа заробени. И тие беа доведени од нивните браќа да ги заземат нивните сопствени земји.

9 И така заврши единаесеттата година на судиите, Ламанитите беа протерани од земјата, и народот на Амониха беше уништен; да, секоја жива душа од Амонихаитите беше уништена, и исто така нивниот голем град, кои рекоа дека Бог не може да го уништи, поради неговата големина.

10 Но ете, во еден ден беше оставен опустошен; и труповите беа распарчувани од кучињата и дивите ѕверови од дивината.

11 Сепак, после многу денови нивните мртви тела беа насобрани на лицето на земјата, и беа покриени со тенка покривка. И сега толку силен беше мирисот таму што луѓето не одеа да ја запоседнат земјата Амониха многу години. И тоа беше наречено Опустошувањето на Нехори; бидејќи тие беа следбеници на Нехор, кои беа убиени; а нивните земји останаа опустошени.

12 А Ламанитите не дојдоа да војуваат повторно со Нефитите до четиринаесеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ. И така три години Нефитскиот народ имаше постојан мир во целата земја.

13 А Алма и Амулек тргнаа и проповедаа покајание на народот во нивните храмови, и во нивните светилишта, и во нивните синагоги, кои беа изградени според начинот на Евреите.

14 И сите кои би сакале да ги слушнат нивните зборови, на нив им го соопштија Божјото слово, без пристрасност кон личности, постојано.

15 И така Алма и Амулек излегоа, и исто така многу други кои беа избрани за тоа дело, да го проповедаат словото низ целата земја. И воспоставувањето на црквата стана распространето низ земјата, во целиот регион наоколу, помеѓу целиот Нефитски народ.

16 И немаше нееднаквост помеѓу нив; Господ го изли Неговиот Дух на целото лице на земјата да ги подготви умовите на човечките деца, или да ги подготви нивните срца да го примат словото кое треба да се поучува помеѓу нив за време на Неговото доаѓање—

17 За тие да не бидат стврднати кон словото, за да не бидат неверни, и да одат во уништување, туку да го примат словото со радост, и како што гранката е накалемена на вистинската лоза, за да можат да влезат во спокојот на Господ нивниот Бог.

18 Сега тие свештеници кои одеа помеѓу народот, проповедаа против сите лаги, и измами, и зависти, и раздори, и злоба, и нагрдувања, и крадење, ограбување, одземање, убивање, вршење прељуба, и секаков вид на блуд, довикуваа дека овие нешта не треба да бидат—

19 Најавувајќи ги нештата кои наскоро ќе дојдат; да, најавувајќи го доаѓањето на Синот Божји, Неговите страдања и смрт, и исто така воскреснувањето на мртвите.

20 И многу од народот се распрашуваа за местото каде ќе дојде Синот Божји, и тие беа поучени дека Тој ќе им се појави после Неговото воскреснување; и ова народот го слушна со голема радост и веселба.

21 И сега откако црквата беше воспоставена низ целата земја—извојувајќи победа над ѓаволот, и Божјото слово се проповедаше во својата чистота во целата земја, а Господ лееше Негови благослови врз народот—така заврши четиринаесеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.