Свети Писма
Алма 18


Глава 18

Царот Ламони претпоставува дека Амон е Големиот Дух—Амон го учи царот за Создавањето, однесувањето на Бог со луѓето, и искупувањето кое доаѓа преку Христос—Ламони верува и паѓа на земјата како да е мртов. Околу 90 п.н.е.

1 И се случи царот Ламони да нареди сите негови слуги да истапат и да сведочат за сите нешта кои беа ги виделе во врска со тоа.

2 И кога сите беа сведочеле за нештата кои беа ги виделе, и тој беше дознал за верноста на Амон да ги заштити неговите стада, и исто така за неговата голема моќ соочувајќи се со оние кои настојуваа да го убијат, тој беше премногу запрепастен, и кажа: Сигурно, ова е повеќе од маж. Ете, зарем не е ова Големиот Дух кој што испрати големи казни врз овој народ, поради нивните убиства?

3 И тие му одговорија на царот, и рекоа: Дали да биде Големиот Дух или човек, ние не знаеме; но волку знаеме, дека тој не може да биде убиен од царските непријатели; ниту пак тие можат да ги растурат царските стада кога тој е со нас, поради неговата вештина и голема сила; затоа, знаеме дека е пријател на царот. И сега, О цару, не веруваме дека човек има толку голема моќ, зашто знаеме дека тој не може да биде убиен.

4 И сега, кога царот ги слушна овие зборови, тој им кажа: Сега знам дека е Големиот Дух; и тој се симна во ова време за да ви ги зачува вашите животи, за да не ве убијам како што ги убив вашите браќа. Сега ова е Големиот Дух за кого нашите татковци говореа.

5 Сега ова беше традицијата на Ламони, која ја беше примил од татко му, дека постоеше Голем Дух. Без оглед што веруваа во Големиот Дух, претпоставуваа дека сѐ што направија беше исправно; сепак, Ламони започна премногу да се плаши, со страв да не беше постапил погрешно убивајќи ги своите слуги;

6 Зашто тој беше убил многу од нив бидејќи нивните браќа ги беа растурале нивните стада на местото на водата; и така, поради тоа што ги беа имале нивните стада распрснати, беа погубени.

7 Сега беше обичај на овие Ламанити да стојат покрај водите на Себус за да ги распрснуваат стадата на луѓето, за така да можат да одведат многу кои беа распрснати во нивната земја, бидејќи помеѓу нив тоа беше обичај на грабнување.

8 И се случи царот Ламони да се распрашува кај неговите слуги, велејќи: Каде е тој човек што има толку голема моќ?

9 И тие му рекоа: Ете, тој ги храни коњите. Сега царот беше им заповедал на своите слуги, пред да ги напојат нивните стада, дека треба да ги подготват неговите коњи и кочии, и да го спроведат во земјата Нефи; бидејќи имаше голема гозба закажана во земјата Нефи, од таткото на Ламони, кој беше цар над целата земја.

10 Сега кога царот Ламони слушна дека Амон ги подготвува неговите коњи и неговите кочии беше уште повеќе запрепастен, поради верноста на Амон, велејќи: Сигурно нема ниту еден слуга помеѓу сите мои слуги кој бил толку верен како овој човек; бидејќи тој ги запомни сите мои заповеди за да ги изврши.

11 Сега сигурно знам дека ова е Големиот Дух, и би сакал тој да дојде кај мене, но не се осмелувам.

12 И се случи кога Амон беше ги спремил коњите и кочиите за царот и неговите слуги, тој отиде кај царот, и виде дека ликот на царот беше изменет; затоа беше подготвен да се оддалечи од неговото присуство.

13 И еден од царските слуги му кажа, Рабана, што е, како толкувано, моќен или голем цар, сметајќи ги нивните цареви за моќни; и така му кажа: Рабана, царот сака да останеш.

14 Затоа, Амон се заврте кон царот, и му кажа: Што сакате да направам за вас, О цару? И царот не му одговори за еден час, според нивното време, бидејќи не знаеше што да му каже.

15 И се случи Амон повторно да му каже: Што сакате од мене? Но царот не му одговори.

16 И се случи Амон, исполнет со Духот Божји, затоа ги согледуваше мислите на царот. И му кажа: Дали е тоа бидејќи ти слушна дека јас ги бранев твоите слуги и стада, и убив седуммина од нивните браќа со прачката и со мечот, и ги отсеков рацете на другите, за да ги одбранам твоите стада и слуги; ете, дали е ова што те натера да се чудиш?

17 Ти кажувам, зошто твоите чудења се толку големи? Ете, јас сум човек, и сум слуга; затоа, што и да посакаш што е правилно, тоа ќе го направам.

18 Сега кога царот ги беше слушнал овие зборови, тој повторно се зачуди, бидејќи виде дека Амон можеше да ги спознае неговите мисли; но без оглед на ова, царот Ламони ја отвори својата уста, и му кажа: Кој си ти? Дали си тој Голем Дух, кој ги знае сите нешта?

19 Амон му одговори и му кажа: Не сум.

20 И царот кажа: Како ги знаеш мислите на моето срце? Можеш да зборуваш смело, и да ми кажеш во врска со овие работи; и исто да ми кажеш со која моќ ги уби и ги отсече рацете на моите браќа што ги распрснуваа моите стада—

21 И сега, ако ми кажеш во врска со овие нешта, што и да посакаш ќе ти дадам; и ако е потребно, ќе те чувам со моите војски; но знам дека си помоќен од сите нив; сепак, што и да посакаш од мене ќе ти доделам.

22 Сега Амон кој беше мудар, а сепак безопасен, му кажа на Ламони: Дали ќе ги послушаш моите зборови, ако ти кажам со која моќ ги правам овие нешта? И ова е тоа што го сакам од тебе.

23 И царот му одговори, и кажа: Да, ќе верувам во сите твои зборови. И така беше фатен со лукавство.

24 И Амон започна да му зборува со смелост, и му кажа: Дали веруваш дека постои Бог?

25 И тој одговори, и му кажа: Не знам што тоа значи.

26 И потоа Амон кажа: Дали веруваш дека постои Големиот Дух?

27 И тој кажа, Да.

28 И Амон кажа: Ова е Бог. И Амон повторно му кажа Него: Дали веруваш дека овој Голем Дух, Кој е Бог, ги создаде сите нешта кои се на небото и на земјата?

29 И Тој кажа: Да, верувам дека Тој ги создал сите нешта кои се на земјата; но не знам за небото.

30 И Амон му кажа: Небото е место каде Бог живее и сите Негови свети ангели.

31 И царот Ламони кажа: Дали е над земјата?

32 И Амон кажа: Да, и Тој погледна доле кон сите човечки деца; и Тој ги знае сите мисли и намери на срцето; бидејќи од Неговата рака беа создадени уште од почетокот.

33 И царот Ламони кажа: Верувам во сите овие нешта што ти ги кажа. Дали си испратен од Бог?

34 Амон му кажа: Јас сум човек; и човекот на почетокот беше создаден според ликот на Бог, и јас сум повикан од Неговиот Свет Дух да ги поучувам овие нешта на Неговиот народ, за да дојдат до знаење за тоа што е праведно и вистинито;

35 И дел од тој Дух живее во мене, кој ми даде знаење, и исто така моќ во согласност со мојата вера и желби кои се во Бог.

36 Сега кога Амон ги кажа овие зборови, тој започна со создавањето на светот, и исто создавањето на Адам, и му ги кажа сите нешта во врска со падот на човекот, и ги преслуша и положи пред него записите и светите писма на народот, кои беа говорени од пророците, дури до она време кога нивниот татко, Лехи, го напушти Ерусалим.

37 И тој исто им раскажа на нив (зашто беше тоа на царот и неговите слуги) сите патувања на нивните татковци во дивината, и сите нивни страдања со глад и жед, и нивната мака, и така натаму.

38 И тој исто така им раскажа во врска со бунтовите на Ламан и Лемуил, и синовите на Исмаил, да, сите нивни бунтови им ги раскажа на нив; и тој им ги изложи сите записи и свети писма од времето кога Лехи го напушти Ерусалим па до сегашното време.

39 Но ова не е сѐ; бидејќи тој им го претстави планот за искупување, кој беше подготвен од создавањето на светот; и исто така и откри во врска со доаѓањето на Христос, и им ги откри сите Господови дела.

40 И се случи дека откако тој ги беше кажал сите овие нешта, и му ги изложи на царот, дека царот веруваше во сите негови зборови.

41 И тој започна да Му довикува на Господ, велејќи: О Господе, смилувај се; според Твојата изобилна милост која Ти ја имаше над Нефитскиот народ, имај ја и спрема мене, и мојот народ.

42 И сега, кога беше го кажал ова, тој падна на земјата, како да беше мртов.

43 И се случи неговите слуги да го одведат и го однесоа кај жена му, и го легнаа во кревет; и тој лежеше како да беше мртов два дена и две ноќи; и неговата жена, и неговите синови, и неговите ќерки тагуваа за него, по Ламанитскиот обичај, оплакувајќи ја многу неговата загуба.