Свети Писма
Алма 23


Глава 23

Прогласена е религиозна слобода—Ламанитите во седум земји и градови се преобратени—Тие се нарекуваат Анти-Нефи-Лехијци и се ослободени од клетвата—Амаликитите и Амулонитите ја отфрлаат вистината. Околу 90–77 п.н.е.

1 Ете, сега се случи царот на Ламанитите да испрати проглас помеѓу целиот негов народ, да не ги положуваат нивните раце на Амон, ниту Арон, ниту Омнер, ниту Химни, ниту пак на било кој друг од нивните браќа кој ќе тргна да го проповедаат Божјото слово, во било кое место и да се, во било кој дел на нивната земја.

2 Да, тој испрати одредба помеѓу нив, да не ги положуваат нивните раце на нив за да ги врзуваат, или да ги фрлат во затвор; ниту пак смеат да ги плукаат, ниту да ги удираат, ниту пак да ги исфрлаат од нивните синагоги, ниту да ги камшикуваат; ниту пак смеат да ги каменуваат, туку тие имаат слободен пристап до нивните куќи, и исто и до нивните храмови, и нивните светилишта.

3 И така можат да тргнат и да го проповедаат словото според нивните желби, бидејќи царот беше преобратен во Господ, и целото негово домаќинство; затоа го испрати неговиот проглас низ земјата на неговиот народ, за Божјото слово да нема препреки, туку да се шири низ целата земја, за неговиот народ да биде убеден во врска со пакосните традиции на нивните татковци и да можат да бидат убедени дека сите беа браќа, и дека не треба да убиваат, ниту да одземаат, ниту да крадат, ниту да вршат прељуба, ниту да вршат било каков вид на пакост.

4 И сега се случи кога царот беше го испратил овој проглас, Арон и неговите браќа одеа од град до град, и од една куќа за богослужба до друга, воспоставувајќи цркви, и посветувајќи свештеници и учители низ земјата помеѓу Ламанитите, да го проповедаат и да го поучуваат Божјото слово помеѓу нив; и така започнаа да имаат голем успех.

5 И илјадници беа наведени на знаењето за Господ, да, илјадници беа наведени да веруваат во традициите на Нефитите; и беа поучувани за записите и пророштвата кои беа пренесувани сѐ до сегашно време.

6 И колку што е сигурно дека Господ живее, толку е сигурно дека сите кои веруваа, односно сите кои беа наведени на знаењето за вистината, преку проповедањето на Амон и неговите браќа, според духот на откровението и на пророштвото, и Божјата моќ која делуваше со чуда во нив—да, ви велам, како што Господ живее, толку многу од Ламанитите кои веруваа во нивното проповедање, и беа преобратени во Господ, никогаш не отпаднаа.

7 Бидејќи тие станаа праведен народ; ги положија оружјата на нивниот бунт, и повеќе не се бореа против Бог, ниту пак против некој од нивните браќа.

8 Сега, ова се тие кои беа преобратени во Господ:

9 Ламанитскиот народ кој беше во Исмаиловата земја;

10 И исто така Ламанитскиот народ кој беше во земјата Мидони;

11 И исто така Ламанитскиот народ кој беше во градот Нефи;

12 И исто така Ламанитскиот народ кој беше во земјата Шилом, и кои беше во земјата Шемлон, и во градот Лемуил, и во градот Шимнилом.

13 А ова се имињата на градовите на Ламанитите кои беа преобратени во Господ; и ова се тие кои ги положија оружјата на нивниот бунт, да, сите нивни воени оружја; и сите тие беа Ламанити.

14 И Амаликитите не беа преобратени, освен само еден; ниту пак било кој од Амулонитите; туку ги закоравуваа нивните срца и исто така срцата на Ламанитите во делот на земјата каде и да живееја, да, и сите нивни села и сите нивни градови.

15 Затоа, ги именувавме сите Ламанитски градови во кои тие се покајаа и дојдоа до знаењето за вистината, и беа преобратени.

16 И сега се случи царот и тие кои беа преобратени посакуваа да имаат име, за да можат да бидат разликувани од нивните браќа; затоа царот се советуваше со Арон и многу од нивните свештеници, во врска со името кое ќе го преземат врз нив, за да можат да бидат разликувани.

17 И се случи тие да се нарекуваа Анти-Нефи-Лехијци; и беа нарекувани по ова име и повеќе не беа нарекувани Ламанити.

18 И тие започнаа да бидат многу вреден народ; да, и беа пријателски наклонети со Нефитите; затоа, воспоставија соодветност со нив, и Божјата клетва повеќе не ги следеше.