Глава 32
Алма ги учи сиромасите, чии несреќи ги понижиле—Верата е верба во тоа што не е видено но е вистинито—Алма сведочи дека ангелите им проповедаат на мажи, жени, и деца—Алма го споредува словото со семе—Мора да се засади и храни—Потоа израснува во дрво од кое се бере плодот на вечниот живот. Околу 74 п.н.е.
1 И се случи тие да појдат, и почнаа да им го проповедаат словото Божјо на луѓето, влегувајќи во нивните синагоги, и во нивните куќи; да, и дури го проповедаа словото на нивните улици.
2 И се случи дека после многу труд помеѓу нив, тие почнаа да имаат успех меѓу луѓето од сиромашната класа; зашто ете, тие беа исфрлени од синагогите заради грубоста на нивната облека—
3 Затоа не им беше дозволено да влезат во нивните синагоги да Го слават Бог, затоа што ги сметаа за нечистотија; затоа беа сиромашни; да, нивните браќа ги сметаа за безвредни; затоа беа сиромашни што се однесува до земните нешта; и исто така беа сиромашни во срцето.
4 Сега, додека Алма ги поучуваше луѓето и им зборуваше на ридот Онида, му дојде многу големо мноштво, кои беа оние за кои зборуваме, кои беа сиромашни во срцето, заради нивната сиромаштија што се однесува до земните работи.
5 И тие дојдоа кај Алма; и тој што беше прв меѓу нив му рече: Ете, што да прават овие мои браќа, зашто тие се презирани од сите луѓе заради нивната сиромаштија, да, и особено од нашите свештеници затоа нѐ исфрлија од нашите синагоги во кои работевме макотрпно да изградиме со наши раце; и нѐ отфрлија поради нашата сиромаштија; и немаме место да го обожаваме Бог; и ете, што ќе правиме?
6 И сега кога Алма го слушна ова, тој го сврте наоколу, неговото лице веднаш кон него, и погледна со голема радост; зашто тој виде дека нивната несреќа навистина беше ги понизила, и дека беа подготвени да го чујат словото.
7 Затоа тој не им рекол ништо повеќе на другото мноштво; но ја испружи неговата рака, и довикуваше кон тие што ги гледа, кои навистина беа покајнички, и им кажа:
8 Гледам дека сте понизни во срцето; и ако е така благословени сте вие.
9 Ете, вашиот брат рече, Што да правиме?—зашто сме исфрлени од нашите синагоги, така што не можеме да го обожаваме нашиот Бог.
10 Ете ви велам, дали мислите дека не можете да го обожавате Бог освен само во вашите синагоги?
11 И згора на тоа, јас би прашал, дали мислите дека не смеете да го обожавате Бог повеќе од еднаш неделно?
12 Јас ви велам, добро е што сте исфрлени од вашите синагоги, за да бидете понизни, и за да можете да научите мудрост; затоа неопходно е да научите мудрост; зашто поради тоа што сте исфрлени, поради тоа што ве презираат вашите браќа заради вашата голема сиромаштија, затоа сте станале понизни во срцето; затоа мора да станете понизни.
13 И сега, затоа што сте приморани да бидете понизни благословени сте; затоа што човекот, понекогаш, ако е приморан да биде понизен, бара покајание; и сега сигурно, кој и да се покае ќе наоѓа милост; и тој што ќе најде милост и ќе издржува до крај, истиот ќе биде спасен.
14 И сега, како што ви кажав, бидејќи бевте приморани да бидете понизни, вие бевте благословени, зарем не мислите дека тие се поблагословени кои навистина се понижуваат себеси заради словото?
15 Да, тој што навистина се понижи, и се покајува за своите гревови, и издржува до крајот, истиот ќе биде благословен—да, многу поблагословен отколку тие што се принудени да бидат понизни поради нивната преголема сиромаштија.
16 Затоа, благословени се тие што се понизни без да бидат принудени да бидат понизни; или поточно, со други зборови, благословен е оној што верува во словото Божјо, и е крстен без тврдоглавост во срцето, да, без да биде доведен да го знае словото, или без да биде приморан да знае, пред да верува.
17 Да, има многу кои велат: Ако ти ни покажеш знак од небесата, тогаш ќе знаеме со сигурност; тогаш ќе веруваме.
18 Сега, прашувам, дали е тоа вера? Ете, ви велам, Не; зашто ако човек знае нешто, тој нема причина да верува во тоа, зашто го знае.
19 И сега, колку попроколнат е тој што ја знае волјата Божја и не ја следи, отколку тој што само верува, или само има причина да верува, и паѓа во престап?
20 Сега за ова мора да пресудите. Ете, ви велам, од една страна да биде еднакво како што е и од друга; и ќе му биде на секој човек според неговите дела.
21 И сега како што реков за верата—вера не е да се има совршено знаење за нештата; затоа ако имате вера, се надевате за нештата кои не се видени, кои се вистинити.
22 И сега, ете, Јас ви велам, и би сакал да запомните, дека Бог е милостив кон сите што веруваат во Неговото име; затоа Тој посакува, како прво, да верувате, да, дури и во Неговото слово.
23 И сега, Тој им го пренесува Неговото слово од ангели на луѓето, да, не само на мажи туку и на жени исто така. Сега тоа не е сѐ: и на мали деца многу пати им беа дадени слова, кои ги збунуваат мудрите и учените.
24 И сега, мои сакани браќа, како што сте сакале да знаете од мене што ќе правиме бидејќи сте погодени и исфрлени—сега јас не сакам да претпоставувате дека мислам да ве осудувам само според тоа што е вистинито—
25 Зашто не мислам дека вие сите сте принудени да се понижите; зашто јас навистина верувам дека меѓу вас има некои кои би станале понизни, во било какви околности.
26 Сега, како што реков за верата—дека тоа не е совршено знаење—така е и со моите зборови. Не можете да знаете за нивната сигурност од прво, со совршеност, исто како што и верата не е совршено знаење.
27 Но ете, ако се разбудите и ги возбудите вашите сетила, дури и до проверка на моите зборови, и примените една честичка на вера, да, дури ако не можете да правите повеќе од тоа да посакувате да верувате, дозволете ѝ на таа желба да делува во вас, сѐ додека не поверувате на начин таков што можете да дадете место за дел од моите зборови.
28 Сега, ќе го споредиме словото со семе. Сега, ако дадете место да се насади тоа семе во срцето, ете, ако тоа е вистинско семе, или добро семе, ако не го исфрлите со својата недоверба, така што ќе се спротивставувате на Духот на Господ, ете, ќе почне да набабрува во вашите гради; и кога ќе ги почувствувате овие набабрени движења ќе почнете да велите во себе—Ова мора да е добро семе, односно словото е добро, зашто почнува да ја зголемува мојата душа; да, почнува да го просветува моето разбирање, да, почнува да ми биде вкусно.
29 Сега ете, зарем ова не би ја зголемило вашата вера? Ви велам, Да; иако не израснала уште во совршено знаење.
30 Но ете, како што семето набабрува, и никнува, и започнува да расте, тогаш вие морате да кажете дека семето е добро; зашто ете, тоа набабрува, и никнува, и започнува да расте. И сега, ете, зарем ова нема да ја зацврсти вашата вера? Да, ќе ја зацврсти вашата вера: зашто вие ќе речете знам дека ова е добро семе; зашто ете, никнува и започнува да расте.
31 И сега, ете, дали сте сигурни дека ова е добро семе? Ви велам, Да; зашто секое семе дава плод како својот изглед.
32 Затоа, ако едно семе расте, тоа е добро, но ако не расте, ете, не е добро, затоа се исфрла.
33 И сега, ете, бидејќи сте го провереле опитот, и го засадивте семето, и тоа набабрува и никнува, и започнува да расте, мора да знаете дека семето е добро.
34 И сега, ете, дали вашето знаење е совршено? Да, вашето знаење е совршено во тоа, и вашата вера не е заспана и ова е бидејќи знаете, зашто знаете дека словото ги набабрило вашите души, и исто така знаете дека никнувало, дека вашето разбирање почнува да станува просветено, и дека вашиот ум почнува да се проширува.
35 О тогаш, зарем ова не е вистинско? Ви велам, Да, бидејќи е светлина; и кој и да е светлина е добар, бидејќи умее да распознава, затоа мора да знаете дека тоа е добро; и сега ете, откако сте ја пробале оваа светлина дали е вашето знаење совршено?
36 Ете ви велам, Не; ниту пак морате да ја тргнете на страна својата вера, зашто само сте ја практикувале вашата вера да го засадите семето за да можете да го пробате опитот да знаете дали семето беше добро.
37 И ете, како што дрвото започнува да расте, вие ќе кажете: Да го негуваме со голема грижа, за тоа да се закорени, за да израсне, и да ни роди плод. И сега ете, ако го храните со голема грижа, ќе се закорени, и ќе израсне, и ќе роди плод.
38 Но ако го запоставите дрвото, и не мислите за неговото негување, ете нема да се закорени; и кога жештината на сонцето ќе дојде и ќе го изгори, затоа што немало корен ќе се исуши, и ќе го искубете и исфрлите.
39 Сега, ова не е затоа што семето не беше добро, ниту затоа што неговиот плод не беше пожелен; туку затоа што вашата почва е неплодна, и вие не го негувате дрвото, затоа не можете да го имате неговиот плод.
40 И така, ако не го негувате словото, надевајќи се на неговиот плод со око на вера, вие никогаш не ќе можете да го берете плодот на дрвото на животот.
41 Но ако го негувате словото, да, го негувате дрвото додека започнува да расте, со вашата вера и со голема трудољубивост, и со трпение, очекувајќи го неговиот плод, ќе се закорени; и ете ќе стане дрво што расте кон вечен живот.
42 И заради вашата трудољубивост и вашата вера и вашето трпение со словото хранејќи го, за да се закорени во вас, ете, малку по малку ќе го берете неговиот плод, кој е најскапоцен кој е посладок од сѐ што е слатко, и побел од сѐ што е бело, да, и почист од сѐ што е чисто; и ќе се гоштевате со овој плод додека не се наситите, нема да бидете ниту гладни, ниту жедни.
43 Тогаш, мои браќа, ќе ги жнеете наградите на вашата вера, и вашата трудољубивост и трпение, и макотрпност, чекајќи го дрвото да ви роди плод.