Свети Писма
Алма 34


Глава 34

Амулек сведочи дека словото е во Христос за спасение—Доколку не се изврши помирување, целото човештво мора да умре—Целиот Мојсиев закон укажува кон жртвата на Синот Божји—Вечниот план на искупување е основан на вера и покајание—Молете се за временски и вечни благослови—Овој живот е времето за луѓето да се подготват да Го сретнат Бог—Градете го своето спасение со страв пред Бога. Околу 74 п.н.е.

1 И сега се случи откако Алма беше им ги кажал овие зборови, тој седна на земјата, и Амулек стана и започна да ги поучува, велејќи:

2 Браќа мои, мислам дека е невозможно да бидете неуки за нештата кои беа кажани во врска со доаѓањето на Христос, за кого поучуваме дека е Синот Божји; да, знам дека бевте обилно поучувани на овие нешта пред вашиот раздор помеѓу нас.

3 И како што сакавте од мојот љубен брат да ви открие што би требало да правите, поради вашите неволји; и тој ви говорел малку за да ги подготви вашите умови; да, и тој ве поттикна на вера и трпение—

4 Да, и тоа за да имате толку вера да го насадите словото во вашите срца, за да можете да го пробате опитот на неговата добрина.

5 И ние здогледавме дека големото прашање кое е во вашите умови е дали е словото во Синот Божји, или дали не постои Христос.

6 И вие исто така здогледавте дека мојот брат ви докажа, со многу примери, дека словото е во Христос за спасение.

7 Мојот брат се повика на зборовите на Зенос, дека искупувањето доаѓа преку Синот Божји, и исто така преку зборовите на Зенок; и исто така тој бараше од Мојсеј, да докаже дека овие нешта се вистинити.

8 И сега, ете, ќе ви сведочам дека овие нешта се вистинити. Ете, ви кажувам, дека знам дека Христос ќе дојде помеѓу човечките деца, да ги преземе врз Него престапите на Неговиот народ, и дека Тој ќе помири за гревовите на светот; зашто Господ Бог го кажа тоа.

9 Зашто е потребно да се изврши помирување; бидејќи според големиот план на Вечниот Бог мора да се изврши помирување, инаку целото човештво мора неизбежно да умре; да, сите се закоравени; да, сите се паднати и изгубени, и мора да умрат освен преку помирувањето кое е потребно да се изврши.

10 Зашто е потребно да има голема и последна жртва; да, не човечка жртва, ниту животинска, ниту од било какви птици; бидејќи нема да биде човечка жртва; туку мора да биде бесконечна и вечна жртва.

11 Сега не постои човек кој може да ја жртвува сопствената крв која ќе помири за гревовите на друг. Сега, ако човек убие, ете дали нашиот закон, кој е праведен, ќе го земе животот на неговиот брат? Ви кажувам, Не.

12 Туку законот го бара животот на оној кој убил; затоа не може да постои ништо помалку од бесконечно помирување кое ќе биде доволно за гревовите на светот.

13 Затоа, потребно е да има голема и последна жртва, и тогаш ќе има, односно потребно е да има, запирање на крвопролевањето; тогаш Мојсиевиот закон ќе биде исполнет; да, сѐ ќе биде исполнето, секоја трошка и цртичка, и никој нема да почине.

14 И ете, ова е целото значење на законот, секој дел укажува на таа голема и последна жртва; а таа голема и последна жртва ќе биде Синот Божји, да, бесконечен и вечен.

15 И така Тој ќе донесе спасение на сите оние кои веруваат во Неговото име; ова е намерата на последната жртва, да ги обезбедува утробите на милоста, која ја надвладува правдата, и му исполнува средства на народот за да можат да имаат вера во покајание.

16 И така милоста може да ги задоволи барањата на правдата, и ги опкружи во рацете на сигурност, додека тој кој не искусува вера во покајание е изложен на целиот закон на барањата на правдата; затоа само на оној кој има вера во покајание му се пружа големиот и вечен план на искупување.

17 Затоа Бог нека ви подари, браќа мои, да започнете да ја практикувате вашата вера во покајание, да започнете да го повикувате Неговото свето име, да може Тој да има милост врз вас;

18 Да, довикувајте Го Него за милост, бидејќи Тој е моќен да спасува.

19 Да, покорете се, и продолжете да му се молите на Него.

20 Довикувајте Го Него кога сте на вашите полиња, да, врз сите ваши стада.

21 Довикувајте Го Него во вашите куќи, да, врз целото ваше домаќинство, и наутро, и напладне, и навечер.

22 Да, довикувајте Го Него против моќта на вашите непријатели.

23 Да, довикувајте Го Него против ѓаволот, кој е непријател на целата праведност.

24 Довикувајте Го врз посевите на вашите полиња, да напредуваат.

25 Довикувајте врз стадата на вашите полиња, за да се зголемат.

26 Но ова не е сѐ; морате да ги излеете вашите души во вашите одаи, и вашите тајни места, и во вашата дивина.

27 Да, а кога не го довикувате Господ, нека бидат исполнети вашите срца, водени во молитва постојано за Тој вашата благосостојба, и исто така за благосостојбата на оние кои се околу вас.

28 И сега ете, мои љубени браќа, ви кажувам, не мислете дека ова е сѐ; зашто откако ќе ги направите сите овие нешта, ако ги одбиете сиромашните, и голите, и не ги посетувате болните и погодените, и не им дадете од вашиот имот ако имате, на оние на кои им треба—Ви кажувам, ако не направите ништо од овие нешта, ете, вашата молитва е залудна, и не ви користи за ништо, а вие сте како лицемери кои ја негираат верата.

29 Затоа, ако не се сетите да бидете милосрдни, вие сте како згура, кое пречистувачите го исфрлаат, (бидејќи е без вредност) и е прегазено под човечките нозе.

30 И сега, браќа мои, јас би сакал, откако добивте толку многу сведоштва, гледајќи дека светите писма сведочат за овие нешта, истапете и донесете плод до покајание.

31 Да, би сакал да истапите и да не ги закоравувате вашите срца повеќе; зашто ете, сега е времето и денот на вашето спасение; и затоа, ако се покаете и не ги закоравувате вашите срца, веднаш големиот план на искупување ќе биде исполнет за вас.

32 Зашто ете, овој живот е времето за луѓето да се подготват да Го сретнат Бог; да, ете, денот од овој живот е денот за луѓето да ги извршат нивните дела.

33 И сега, како што ви кажав порано, како што имавте толку многу сведоштва, затоа, јас ве преколнувам да не го одложувате денот на вашето покајание до крајот; бидејќи после овој ден од животот, кој ни е даден да подготвиме за вечноста, ете, ако не го подобриме нашето време додека сме во овој живот, тогаш доаѓа ноќта на темнина каде што не можат да се извршуваат дела.

34 Не можете да кажете, кога сте доведени до таа ужасна криза, дека јас ќе се покајам, дека ќе се вратам кај мојот Бог. Не, не можете да го кажете ова; зашто истиот дух кој ги поседува вашите тела кога ќе си заминете од овој живот, истиот тој дух ќе има моќ да го поседува твоето тело во тој вечен свет.

35 Зашто ете, ако го одложувавте денот на вашето покајание дури до смрт, ете, станавте потчинети на духот на ѓаволот, и тој ви го запечати неговиот; затоа, Господовиот Дух се повлекол од вас, и нема место во вас, и ѓаволот ја има целата моќ врз вас; и ова е крајната состојба на пакосните.

36 И ова го знам, бидејќи Господ кажа дека Тој не живее во несвети храмови, туку во срцата на праведните Тој живее; да, и Тој исто така кажа дека праведните ќе седнат во Неговото царство, за да не излегуваат повеќе; туку нивните облеки ќе бидат избелени преку крвта на Јагнето.

37 И сега, мои љубени браќа, посакувам да ги запомните овие нешта, и да го изготвувате вашето спасение со страв пред Бог, и повеќе да не го негирате доаѓањето на Христос;

38 Повеќе да не се препирате против Светитот Дух, туку да го примите, и да го преземете на вас Христовото име; за да се покорите сѐ до правта, и да Му обожавате на Бог, во било какво место да се наоѓате, во дух и во вистина; и да живеете во благодарност дневно, за многуте милости и благослови кои Тој ви ги дарува.

39 Да, и јас исто така ве охрабрувам, браќа мои, да внимавате да се молите постојано, да не бидете водени од искушенијата на ѓаволот, за тој да не ве совлада, за да не станете негови поданици на последниот ден; зашто ете, тој не ве наградува со ништо добро.

40 И сега мои љубени браќа, би ве охрабрил да имате трпение, и да поднесувате секакви неволји; за да не се побуните против оние кои ве отфрлаат поради вашата огромна сиромаштија, за да не станете грешници како нив;

41 Туку да имате трпение, и да ги поднесувате тие маки, со цврста надеж дека еден ден ќе одмарате од сите ваши маки.