Свети Писма
Алма 35


Глава 35

Проповедањето на словото ја уништува лукавоста на Зорамитите—Тие ги протеруваат преобратениците, кои потоа се придружуваат на народот на Амон во Јершон—Алма тагува поради пакоста на народот. Околу 74 п.н.е.

1 Сега се случи откако Амулек беше завршил со овие зборови, тие се повлекоа од мноштвото и преминаа во земјата Јершон.

2 Да, и остатокот од браќата, откако беа го проповедале словото на Зорамитите, исто така дојдоа во земјата Јершон.

3 И се случи откако поугледниот дел од Зорамитите беа разговарале заедно во врска со зборовите кои им беа проповедани на нив, тие беа лути поради словото, бидејќи ја уништи нивната лукавост; затоа не би ги послушале словата.

4 И тие испратија и го собраа заедно низ целата земја целиот народ, и се консултираа помеѓу нив во врска со зборовите кои беа кажани.

5 Сега нивните владетели и свештеници и учители не дозволија народот да знае во врска со нивните желби; затоа скришно дознаа за мислењата на целиот народ.

6 И се случи откако беа дознале за мислењата на целиот народ, оние кои беа склони на зборовите кои беа кажани од Алма и неговите браќа беа отфрлени од земјата; и тие беа многу; и тие исто така дојдоа во земјата Јершон.

7 И се случи Алма и неговите браќа да им служат.

8 Сега народот на Зорамитите беше лут на народот на Амон кои беа во Јершон, а врховниот владетел на Зорамитите, кој е многу пакосен човек, испрати по народот на Амон посакувајќи тие да ги истераат од нивната земја сите оние кои од кај нив доаѓале во нивната земја.

9 И тој изусти многу закани против нив. И сега народот на Амон не се плашеше од нивните зборови; затоа тие не ги истераа, туку ги примија сите сиромашни од Зорамитите кои дојдоа кај нив; и тие ги негуваа, и ги облекоа, и им дадоа земји за наследство; и ги послужуваа според нивните потреби.

10 Сега ова ги наведе Зорамитите на гнев против народот на Амон, и тие започнаа да се мешаат со Ламанитите и да ги наведуваат за да им се лутат исто така.

11 И така Зорамитите и Ламанитите започнаа да прават подготовки за војна против народот на Амон, и исто така против Нефитите.

12 И така заврши седумнаесеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.

13 И народот на Амон замина од земјата Јершон, и пристигна во земјата Мелек, и им отстапи место во земјата Јершон на војските на Нефитите, за да можат да се соочат со војските на Ламанитите; и така започна војната помеѓу Ламанитите и Нефитите, во осумнаесеттата година од владеењето на судиите; а извештај од нивните војни ќе биде даден подоцна.

14 И Алма, и Амон, и нивните браќа, и исто така двајцата синови на Алма се вратија во земјата Зарахемла, откако беа инструменти во рацете на Бог за доведување на многумина од Зорамитите до покајание; и онолку колку што беа доведени до покајание беа протерани од нивната земја; но имаат земји за наследување во земјата Јершон, и земаа оружја за да се бранат, и нивните жени, и деца, и нивните земји.

15 Сега Алма, бидејќи се растажи поради беззаконието на неговиот народ, да поради војните, и крвопролевањата, и препирањата кои постоеја помеѓу нив; и бидејќи беше да го прогласува словото, односно беше испратен да го прогласува словото, помеѓу целиот народ во секој град; и гледајќи дека срцата на народот започнуваат да се закоравуваат, и дека започнаа да бидат навредени поради строгоста на словото, неговото срце беше премногу тажно.

16 Затоа, тој нареди неговите синови да се соберат заедно, за да може да им ги даде сите нивни должности, посебно, во врска со нештата кои се однесуваат на правдата. И имаме извештај за неговите заповеди, кои им ги даде според неговиот сопствен запис.

Печати