Свети Писма
Алма 43


Глава 43

Алма и неговите синови го проповедаат словото—Зорамитите и другите Нефитски одметници стануваат Ламанити—Ламанитите се соочуваат против Нефитите во војна—Морони ги вооружува Нефитите со одбранбен оклоп—Господ му ја открива на Алма стратегијата на Ламанитите—Нефитите ги бранат нивните домови, слободата, семејствата, и религијата—Војските на Морони и Лехи ги опколуваат Ламанитите. Околу 74 п.н.е.

1 И сега се случи синовите на Алма да тргнат меѓу народот, за да му го објават словото. И Алма, исто така, самиот, не можеше да мирува, и тој исто така тргна.

2 Сега повеќе нема да зборуваме за нивното проповедање, освен дека тие го проповедаа словото, и вистината, според духот на пророштвото и откровението; и проповедаа според светиот ред на Бог по кој беа повикани.

3 И сега се враќам на извештај од војните помеѓу Нефитите и Ламанитите, во осумнаесеттата година од владеењето на судиите.

4 Зашто ете, се случи Зорамитите да станат Ламанити; затоа, на почетокот на осумнаесеттата година Нефитскиот народ виде дека Ламанитите навалуваа на нив; затоа направија подготовки за војна; да, ги собраа заедно нивните војски во земјата Јершон.

5 И се случи Ламанитите да дојдат со своите илјадници; и дојдоа во земјата Антионум, која е земја на Зорамитите; и човек по име Зерахемна беше нивен водач.

6 И сега, штом Амаликитите беа со попакосна и убиствена склоност отколку што беа Ламанитите, самите по себе, затоа, Зерахемна назначи главни капетани над Ламанитите, и сите тие беа Амаликити и Зорамити.

7 Сега тој го направи ова за да може да ја зачува нивната омраза кон Нефитите, за да ги доведе во потчинување под достигнувањата на неговите планови.

8 Зашто ете, неговите намери беа да ги наведе Ламанитите да се разгневат на Нефитите; ова го стори за да може да присвои голема моќ врз нив, и исто така за да може да стекне моќ врз Нефитите доведувајќи ги во ропство.

9 И сега намерата на Нефитите беше да ги поддржат нивните земји, и нивните куќи, и нивните жени, и нивните деца, за да можат да ги зачуваат од рацете на нивните непријатели; и исто така да можат да ги заштитат нивните права и привилегии; да, и исто така нивната слобода, за да можат да Му служат на Бог според нивната желба.

10 Зашто знаеја дека ако паднат во рацете на Ламанитите, дека кој и да Му служи на Бог во дух и во вистина, на вистинскиот и жив Бог, Ламанитите би го уништиле.

11 Да, и тие исто така ја знаеја прекумерната омраза на Ламанитите кон нивните браќа, кои беа народот на Анти-Нефи-Лехи, кои беа наречени народот на Амон—и тие не би земале оружја, да, влегоа во завет и не би го прекршиле—затоа, ако паднат во рацете на Ламанитите би биле уништени.

12 А Нефитите не би дозволиле тие да бидат уништени; затоа тие им дадоа земји како нивно наследство.

13 И народот на Амон им даде на Нефитите голем дел од нивниот имот за да ги издржува нивните војски; и така Нефитите беа принудени, сами, да се спротивстават на Ламанитите, кои беа мешавина од Ламан и Лемуил, и синовите на Исмаил, и сите оние кои не беа се согласувале со Нефитите, кои беа Амаликити и Зорамити, и потомците на свештениците на Ное.

14 Сега тие потомци беа толку бројни, речиси, колку што беа Нефитите; и така Нефитите беа приморани да се препираат со нивните браќа, дури до крвопролевање.

15 И се случи додека војските на Ламанитите беа се собрале заедно во земјата Антионум, ете, војските на Нефитите беа подготвени да ги пресретнат во земјата Јершон.

16 Сега, водачот на Нефитите, односно човекот кој беше назначен да биде главен капетан на Нефитите—сега главниот капетан ја презема командата врз сите војски на Нефитите—и неговото име беше Морони;

17 И Морони ја презема сета команда, и управувањето на нивните војни. И тој имаше само дваесет и пет години кога беше назначен за главен капетан врз Нефитските војски.

18 И се случи да ги пресретне Ламанитите на границите на Јершон, и неговиот народ беше вооружен со мечеви, и со сабји, и со секаков вид на воени оружја.

19 И кога војските на Ламанитите видоа дека народот на Нефи, односно дека Морони, беше го подготвил неговиот народ со градни оклопи и со рачни штитови, да, и исто така штитови да им ги чуваат главите, и исто така носеа дебела облека—

20 Сега војската на Зерахемна не беше подготвена со такви нешта; тие ги имаа само нивните мечеви и сабји, нивните лакови и стрели, нивните камења и прачки; и беа голи, освен кожата која беше опашена околу нивните бедра; да, сите беа голи освен Зорамитите и Амаликитите;

21 Но не беа вооружени со градни оклопи, ниту со штитови—затоа, беа премногу исплашени од војските на Нефитите поради нивниот оклоп, без оглед што нивниот број беше многу поголем од Нефитите.

22 Ете, сега се случи тие да не се осмелат да тргнат против Нефитите на границите на Јершон; затоа си заминаа од земјата Антионум во дивината, и го продолжија нивното патување околу дивината; далеку кај изворот на реката Сидон, за да можат да дојдат во земјата Манти и да ја заземат земјата; бидејќи не мислеа дека војските на Морони би знаеле каде беа заминале.

23 Но се случи, штом беа заминале во дивината Морони испрати шпиони во дивината да го набљудуваат нивниот камп; и Морони, исто така, знаејќи за пророштвата на Алма, испрати одредени луѓе кај него, посакувајќи да го праша Господ каде Нефитските војски треба да одат да се бранат против Ламанитите.

24 И се случи Господовото слово да дојде до Алма, и Алма ги извести гласниците на Морони, дека војските на Ламанитите маршираа наоколу во дивината, за да можат да дојдат во земјата Манти, за да започнат напад врз послабиот дел од народот. И тие гласници заминаа и ја доставија пораката до Морони.

25 Сега Морони, оставајќи дел од неговата војска во Јершон, за да не дојдат војските на Ламанитите на некој начин во таа земја и да го заземат градот, тој го зема остатокот од неговата војска и маршираше во земјата Манти.

26 И тој нареди целиот народ во тој дел на земјата да се собере заедно за да се борат против Ламанитите, да ги бранат нивните земји и татковина, нивните права и нивните слободи; затоа беа подготвени за времето на доаѓањето на Ламанитите.

27 И се случи Морони да нареди неговата војска да биде скриена во долината која беше во близина на брегот на реката Сидон, која беше западно од реката Сидон во дивината.

28 И Морони постави шпиони наоколу, за да може да знае кога ќе дојде дружината на Ламанитите.

29 И сега, штом Морони ја знаеше намерата на Ламанитите, дека намерата им беше да ги уништат нивните браќа, односно да ги потчинат и да ги доведат во ропство за да можат да воспостават за нив самите низ целата земја;

30 И тој исто така знаејќи дека им беше единствена желба на Нефитите да ги заштитат нивните земји, и нивната слобода, и нивната црква, затоа помисли дека не е грев да ги одбрани со тактика; затоа, дозна преку неговите шпиони во кој правец Ламанитите сакаа да тргнат.

31 Затоа, тој ја подели неговата војска и доведе еден дел во долината, и ги скри на исток, и на југ од ридот Рипла;

32 А остатокот го скри во западната долина, на запад од реката Сидон, и така долу по границата на земјата Манти.

33 И така поставувајќи ја неговата војска според негова желба, беше подготвен да ги пресретне.

34 И се случи Ламанитите да дојдат од северот на ридот, каде што дел од војската на Морони беше скриена.

35 И штом Ламанитите го беа поминале ридот Рипла, и дојдоа во долината, и започнаа да ја преминуваат реката Сидон, војската која беше скриена на југот од ридот, која беше водена од човек чие име беше Лехи, и тој ја водеше неговата војска напред и ги опколи Ламанитите околу исток зад нивниот грб.

36 И се случи Ламанитите, кога видоа дека Нефитите доаѓаат на нив од зад грб, се завртија и започнаа да се соочуваат со војската на Лехи.

37 И делото на смртта започна на двете страни, но беше погрозно на страната на Ламанитите, бидејќи нивната голотија беше изложена на тешките удари на Нефитите со нивните мечеви и сабји, кои носеа смрт со секој удар.

38 Додека од другата страна, овде и таму по некој човек да падне помеѓу Нефитите, од нивните мечеви и крварење, беа заштитени на повиталните делови од телото, односно повиталните делови на телото беа заштитени од ударите на Ламанитите, со нивните градни оклопи, и со нивните рачни штитови, и нивните шлемови; и така Нефитите го извршија делото на смртта помеѓу Ламанитите.

39 И се случи Ламанитите да се исплашат, поради големото уништување помеѓу нив, и тоа додека да започнат за бегаат кон реката Сидон.

40 И беа следени од Лехи и неговите луѓе; и беа протерани од Лехи во водите на Сидон. А Лехи ги задржа неговите војски на брегот на реката Сидон за да не преминат.

41 И се случи Морони и неговата војска да ги сретнат Ламанитите во долината, на другата страна на реката Сидон, и започнаа да им се нафрлаат и да ги убиваат.

42 И Ламанитите повторно бегаа пред нив, кон земјата Манти; и тие повторно беа пресретнати од војските на Морони.

43 Сега во овој случај Ламанитите премногу се бореа; да, никогаш не биле познати Ламанитите да се борат со таква премногу голема сила и храброст, не, дури ни од почетокот.

44 И тие беа инспирирани од Зорамитите и Амаликитите, кои им беа главни капетани и водачи, и од Зерахемна, кој им беше главен капетан, односно нивен главен водач и командант; да, се бореа како змејови, и многу од Нефитите беа убиени од нивните раце, да, бидејќи удираа многу по нивните шлемови, и пробија многу од нивните градни оклопи, и отсекоа многу од нивните раце; и така Ламанитите удираа со нивниот жесток гнев.

45 Сепак, Нефитите беа инспирирани од подобра цел, бидејќи не се бореа за монархија ниту моќ туку се бореа за нивните домови, и нивната слобода, нивните жени и нивните деца, и сѐ што е нивно, да, за нивните ритуали за богослужба и нивната црква.

46 И тие го правеа тоа што сметаа дека е нивна должност што Му ја должеа на нивниот Бог; бидејќи Господ беше им кажал, а исто така и на нивните татковци, дека: Доколку не сте виновни за првиот напад, ниту за вториот, нема да дозволите да бидете убиени од рацете на вашите непријатели.

47 И повторно, Господ кажа дека: Ќе ги браните вашите семејства дури до крвопролевање. Затоа за оваа цел Нефитите се соочуваа со Ламанитите, да се одбранат себеси, и нивните семејства, и нивните земји, нивната татковина, и нивните права, и нивната религија.

48 И се случи кога војниците на Морони ја видоа жестокоста и гневот на Ламанитите, сакаа да се повлечат и да избегаат од нив. И Морони, согледувајќи ја нивната намера, ги испрати неговите зборови и им ги инспирираше срцата со овие мисли—да, мислите за нивните земји, нивната слобода, да, нивната слобода од ропство.

49 И се случи тие да се завртат кон Ламанитите, и повикаа со еден глас кон Господ нивниот Бог, за нивната слобода и нивното ослободување од ропство.

50 И тие започнаа да им се спротивставуваат на Ламанитите со моќ; и во истиот тој час кога довикаа кон Господ за нивната слобода, Ламанитите започнаа да бегат пред нив; и беа дури до водите на Сидон.

51 Сега, Ламанитите беа побројни, да, за повеќе од двојно од бројката на Нефитите; сепак, беа протерани толку што се собраа во една група во долината, на брегот кај реката Сидон.

52 Затоа војските на Морони ги опколија наоколу, да, и тоа од двете страни на реката, зашто ете, на исток беа војниците на Лехи.

53 Затоа кога Зерахемна ги виде војниците на Лехи источно од реката Сидон, и војските на Морони западно од реката Сидон, дека беа опколени наоколу од Нефитите, беа погодени од ужас.

54 Сега Морони, кога го виде нивниот ужас, им заповеда на неговите војници да престанат да ја пролеваат нивната крв.