Глава 46
Амаликија заговара да биде цар—Морони го крева знамето на слободата—Тој го собира народот да ја бранат нивната религија—Вистинските верници се наречени Христијани—Остаток од Јосиф ќе биде зачуван—Амаликија и одметниците бегаат во земјата Нефи—Оние кои нема да ја поддржат целта за слобода се усмртени. Околу 73–72 п.н.е.
1 И се случи дека оние кои не ги послушаа зборовите на Хеламан и неговите браќа беа собрани заедно против нивните браќа.
2 И сега ете, тие беа премногу гневни, толку што беа одлучни да ги погубат.
3 Сега водачот на оние кои беа гневни против нивните браќа беше голем и силен маж; и неговото име беше Амаликија.
4 И Амаликија посакуваше да биде цар; и оние луѓе кои беа гневни исто така посакуваа тој да им биде цар; а поголемиот дел од нив беа помалите судии во земјата, и тие бараа моќ.
5 И беа водени од ласкањето на Амаликија, дека ако го поддржат и го постават да им биде цар, тој би ги направил владетели над народот.
6 Така беа водени од Амаликија во раздори, без оглед на проповедањата на Хеламан и неговите браќа, да, без оглед на нивната премногу голема грижа за црквата, бидејќи беа високи свештеници над црквата.
7 И постоеја многу во црквата кои веруваа на ласкавите зборови на Амаликија, затоа се одметнаа од црквата; и така околностите на народот на Нефи беа премногу несигурни и опасни, без оглед на нивната голема победа што ја имаа врз Ламанитите, и големата радост што ја имаа поради нивното избавување преку рацете на Господ.
8 Така гледаме колку брзо човечките деца го забораваат Господ нивниот Бог, да, колку брзо прават беззаконие, и се одведени од злобниот.
9 Да, и исто така ја гледаме големата пакост која може еден многу пакосен човек да предизвика да се случи помеѓу човечките деца.
10 Да, гледаме дека Амаликија, бидејќи беше човек со лукава тактика и човек со многу ласкави зборови, дека тој ги водеше срцата на многу луѓе да постапуваат пакосно; да, и да бараат да ја уништат црквата на Бог, и да ја уништат основата на слободата која Бог беше им ја доделил, односно благословот кој Бог беше го испратил врз лицето на земјата за доброто на праведните.
11 И сега се случи дека кога Морони, кој беше главен командант на Нефитските војски, беше слушнал за овие раздори, му се налути на Амаликија.
12 И се случи да го искине палтото; и зема дел од него, и напиша врз него—Во сеќавање на нашиот Бог, нашата религија, и нашата слобода, и нашиот мир, нашите жени, и нашите деца—и го прицврсти на крајот на една шипка.
13 И го прицврсти својот шлем, и неговиот граден оклоп, и го опаша неговиот оклоп околу бедрата; и ја зема шипката, која на крајот го имаше неговото искинато палто; (и го нарече знамето на слободата) и се поклони на земјата, и му се молеше моќно на неговиот Бог за благословите на слободата да почиваат врз неговите браќа, толку долго колку што група Христијани ќе остане да ја поседува земјата—
14 Зашто такви беа сите вистински верници на Христос, кои припаѓаа на Божјата црква, наречени така од оние кои не припаѓаа на црквата.
15 И оние кои припаѓаа во црквата беа верни; да, сите оние кои беа вистински верници во Христос го преземаа врз нив, со задоволство, името на Христос, односно Христијани како што беа наречени, поради нивното верување во Христос кој ќе дојде.
16 И затоа, на ова време, Морони се молеше целта на Христијаните, и слободата на земјата да бидат поддржани.
17 И се случи кога му ја излеа својата душа на Бог, ја нарече целата земја која беше јужно од земјата Пустош, да, и накратко, целата земја, и на север и на југ—Избрана земја, и земја на слободата.
18 И тој кажа: Сигурно Бог нема да дозволи ние, кои сме презирани што го преземаме името на Христос, да бидеме прегазени и уништени, додека не го навлечеме тоа на нас преку нашите престапи.
19 И кога Морони беше ги кажал овие зборови, тргна помеѓу народот, веејќи го искинатиот дел од неговата облека во воздухот, за сите да можат да го видат пишувањето што тој беше го напишал врз искинатиот дел, и викајќи со силен глас, велејќи:
20 Ете, кои и да го одржуваат ова знаме во земјата, нека истапат со Господовата сила, и нека влезат во завет дека ќе ги одржуваат нивните права, и нивната религија, за Господ Бог да може да ги благослови.
21 И се случи кога Морони беше ги објавил овие зборови, ете, народот дојде трчајќи со нивните градни оклопи опашани околу нивните бедра, кинејќи ја својата облека како знак односно како завет, дека нема да го напуштат Господ нивниот Бог; или, со други зборови, ако ги престапат Божјите заповеди, или паднат во престап, и се срамат да го преземат името на Христос, Господ ќе ги искине како што тие беа ги искинале нивните облеки.
22 Сега ова беше заветот што го направија, и ги фрлија нивните облеки пред нозете на Морони, велејќи: Заветуваме со нашиот Бог, дека ќе бидеме уништени, и тоа како нашите браќа во земјата северно, ако паднеме во престап; да, Тој може да нѐ фрли пред нозете на нашите непријатели, и тоа како што ние ги фрливме нашите облеки пред твоите нозе да бидат згазени, ако паднеме во престап.
23 Морони им кажа: Ете, ние сме остаток од потомството на Јаков; да, ние сме остаток од потомството на Јосиф, чие палто беше искинато од неговите браќа на многу парчиња; да, и сега ете, да се сетиме да ги одржуваме Божјите заповеди, или нашите облеки ќе бидат искинати од нашите браќа, и ќе бидеме фрлени во затвор, или ќе бидеме продадени, или убиени.
24 Да, да ја зачуваме нашата слобода како остаток од Јосиф; да, да се сетиме на зборовите на Јаков, пред неговата смрт, зашто ете, тој виде дека дел од остатокот од палтото на Јосиф беше зачувано и не беше скапало. И тој кажа—Како што овој остаток од облеката на мојот син беше зачуван, така и остаток од потомството на мојот син ќе биде зачувано од Божјата рака, и ќе биде земено кај Него, додека остатокот од потомоството на Јосиф ќе умре, и тоа како остатокот од неговата облека.
25 Сега ете, ова ѝ даде тага на мојата душа; сепак, мојата душа се радува на мојот син, поради делот од неговото потомство кој ќе биде одведено кај Бог.
26 Сега ете, ова беше јазикот на Јаков.
27 И сега кој знаеше дали остатокот од семето на Јосиф, кое ќе загине како неговите облеки, се оние кои отстапија од нас? Да, и дури тоа ќе бидеме самите ние ако не сме цврсти во верата во Христос.
28 И сега се случи кога Морони беше ги кажал овие зборови тој истапи напред, и исто така испрати во сите делови на земјата каде што имаше раздори, и ги собра заедно сите луѓе кои посакуваа да ја одржат својата слобода, да се соочат против Амаликија и оние кои беа отстапиле, кои беа наречени Амаликити.
29 И се случи кога Амаликија виде дека народот на Морони беше поброен отколку Амаликитите—и исто така виде дека неговиот народ беше сомнителен во врска со правдата на целта која ја беа преземале—затоа, плашејќи се дека нема да ја постигне целта, тој ги зема оние од неговиот народ кои сакаа и заминаа во земјата Нефи.
30 Сега Морони мислеше дека не беше целисходно Ламанитите да имаат повеќе сила; затоа помисли да го отсече народот на Амаликија, односно да ги одведе и да ги врати, и да го усмрти Амаликија; да, бидејќи знаеше дека ќе ги наведе Ламанитите на лутина против нив; и предизвика да дојдат и да се борат против нив; и знаеше дека Амаликија би го сторил тоа за да може да ги исполни своите цели.
31 Затоа Морони помисли дека беше целисходно да ги одведе неговите војски, кои беа се собрале заедно, и се вооружиле, и влегоа во завет да го одржуваат мирот—и се случи да ја земе неговата војска и да маршира со неговите шатори во дивината, да го пресече правецот на Амаликија во дивината.
32 И се случи тој да стори според неговите желби, и маршираше во дивината, и ги пресретна војските на Амаликија.
33 И се случи Амаликија да избега со мал број од неговите војници а остатокот беа предадени во рацете на Морони и беа вратени назад во земјата Зарахемла.
34 Сега, Морони како човек кој беше назначен од главните судии и гласот на народот, затоа имаше моќ според неговата волја со војските на Нефитите, да воспостави и да практикува власт над нив.
35 И се случи кој и да е од Амаликитите кој немаше да влезе во завет да ја поддржи оваа цел за слобода, за да одржат слободно управување, нареди да бидат усмртени; и постоеа само неколкумина кои го негираа заветот на слободата.
36 И исто така се случи, знамето на слободата да биде кренато на секоја кула која беше во целата земја, која беше поседувана од Нефитите; и така Морони го засади знамето на слободата помеѓу Нефитите.
37 И тие повторно започнаа да имаат мир во земјата; и така одржаа мир во земјата речиси до крајот на осумнаесеттата година од владеењето на судиите.
38 И Хеламан и високите свештеници исто така го одржаа мирот во црквата; да, дури во период од четири години имаа многу мир и радост во црквата.
39 И се случи да има многу кои умреа, цврсто верувајќи дека нивните души беа искупени од Господ Исус Христос; така заминаа од светот радувајќи се.
40 И имаше некои кои умреа од треска, која во некои сезони на годината беше многу честа во земјата—но не толку од треска, поради одличните квалитети на многу растенија и корени кои Бог беше ги подготвил да ја отстрани причината за болести, на која луѓето беа подложени поради природата на климата—
41 Но имаше многу кои умреа од старост; и оние кои умреа со вера во Христос се среќни во Него, како што мора да претпоставиме.