Свети Писма
Алма 53


Глава 53

Ламанитските затвореници се искористени да го утврдат градот Изобилство—Раздорите помеѓу Нефитите допринесуваат за Ламанитските победи—Хеламан ја презема командата врз две илјади млади синови од народот на Амон. Околу 64–63 п.н.е.

1 И се случи тие да постават стражари врз Ламанитските затвореници, и ги принудија да тргнат и да ги закопаат нивните мртви, да, и исто така мртвите Нефити кои беа убиени; а Морони постави војници врз нив да ги чуваат додека ги извршуваат нивните работи.

2 И Морони отиде во градот Мулек со Лехи, и ја презема командата на градот и му ја даде на Лехи. Сега ете, овој Лехи беше човек кој беше со Морони во поголемиот дел од сите негови битки; и тој беше човек како Морони, и тие се радуваа во меѓусебната безбедност; да, тие се сакаа еден со друг, и исто така беа возљубени од целиот народ на Нефи.

3 И се случи откако Ламанитите завршија со погребувањето на нивните мртви и исто така мртвите Нефити, тие се вратија во земјата Изобилство; и Теанкум, преку наредбите на Морони, нареди да започнат да копаат ров околу земјата, односно градот, Изобилство.

4 И тој нареди да изградат ѕид од дрва врз внатрешниот бедем на ровот; и исфрлаа земја од ровот кон дрвена ограда и така тие ги натераа Ламанитите да работат додека не го опколија наоколу градот Изобилство со силен ѕид од дрва и земја, со огромна висина.

5 И овој град стана огромно упориште после тоа; и во овој град тие ги чуваа затворениците на Ламанитите; да, и тоа во ѕидот кој тие ги натераа да го изградат со нивните раце. Сега Морони беше принуден да ги натера Ламанитите да работат, бидејќи беше лесно да се чуваат додека работеа; и тој ги посакуваше сите негови војски кога ќе ги нападне Ламанитите.

6 И се случи Морони така да беше стекнал победа врз една од најголемите војски на Ламанитите, и го зазема градот Мулек, кој беше еден од најсилните упоришта на Ламанитите во земјата Нефи; и така тој исто така изгради упориште за да ги задржи неговите затвореници.

7 И се случи тој повеќе да не се обидува да се бори со Ламанитите во таа година, туку ги вработи неговите војници да се подготвуваат за војна, да, и да прават тврдини за да ги чуваат од Ламанитите, да, и исто така да ги избават нивните жени и нивните деца од глад и неволји, и да обезбедат храна за нивните војски.

8 И сега се случи војските на Ламанитите, на западното море, на југ, за време на отсуството на Морони поради некои сплетки помеѓу Нефитите, што предизвикаа раздори помеѓу нив, беа стекнале некое земјиште врз Нефитите, да, во толкава мера што беа стекнале посед на број на градови во тој дел од земјата.

9 И така поради беззаконие помеѓу самите себе, да, поради раздори и сплетки помеѓу нив беа поставени во најопасните околности.

10 И сега ете, јас имам да кажам нешто во врска со народот на Амон, кој, на почетокот, беа Ламанити; но покрај Амон и неговите браќа, односно попрво преку моќта и словото на Бог, беа преобратени во Господ; и беа доведени во земјата Зарахемла, и од тогаш беа заштитени од Нефитите.

11 И поради нивната заклетва тие беа спречени да се вооружуваат против своите браќа; бидејќи се заколнаа дека никогаш повеќе нема да пролеат крв; и според нивната заклетва, тие би умреле; да, ќе си дозволеа да паднат во рацете на нивните браќа, да не беше сожалувањето и огромната љубов која Амон и неговите браќа ја имаа за нив.

12 И за оваа причина тие беа доведени во земјата Зарахемла; и оттогаш беа заштитени од Нефитите.

13 Но се случи кога тие ја видоа опасноста, и многу неволји и страдања кои Нефитите ги поднесуваа за нив, беа трогнати со сочувство и беа желни да се вооружат за одбраната на нивната земја.

14 Но ете, додека се спремаа да се вооружаат, беа совладани од убедувањата на Хеламан и неговите браќа, бидејќи за малку ќе ја прекршеа заклетвата која ја дадоа.

15 А Хеламан се плашеше да не ги изгубат своите души ако направат така; затоа сите оние кои влегоа во овој завет беа принудени да гледаат како нивните браќа газат низ нивните неволји, во нивните опасни околности во тоа време.

16 Но ете, се случи да имаат многу синови, кои не се заветија дека нема да се кренат на оружје за да се одбранат против нивните непријатели; затоа се собраа заедно во ова време, онолку колку што можеа да носат оружје, и се нарекоа Нефити.

17 И тие влегоа во завет да се борат за слободата на Нефитите, да, да ја заштитат земјата положувајќи ги нивните животи; да, дури и се заветија дека никогаш не би се откажале од нивната слобода, туку ќе се борат во сите случаи да ги заштитат Нефитите и самите себеси од ропство.

18 Сега ете, имаше две илјади од тие млади војници, кои влегоа во овој завет и земаа нивни воени оружја да ја бранат нивната земја.

19 И сега ете, иако тие никогаш досега не беа слабост на Нефитите, во овој период станаа голема поддршка; бидејќи ги земаа своите воени оружја, и посакуваа Хеламан да биде нивниот водач.

20 И сите тие беа млади мажи и беа премногу одлучни за храброст, и исто така за сила и активност; но ете, ова не беше сѐ—беа луѓе кои беа верни секогаш во што и да им беше доверено.

21 Да, беа мажи на вистината и трезвеноста, бидејќи беа поучени да ги одржуваат заповедите на Бог и да чекорат исправено пред Него.

22 И сега се случи Хеламан да маршира на чело на неговите две илјади млади војници, за поддршка на народот на границите на земјата на југ покрај западното море.

23 И така заврши дваесет и осмата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.