Свети Писма
Алма 57


Глава 57

Хеламан го раскажува заземањето на Антипара и предавањето и подоцна одбраната на Кумени—Неговите млади Амонити се борат храбро; сите се ранети, но ниту еден не е убиен—Гид известува за убивањето и бегството на Ламанитските затвореници. Околу 63 п.н.е.

1 И сега се случи јас да примам писмо од Аморон, царот, изјавувајќи дека ако јас ги предадам тие воени затвореници кои беше ги земал дека тој ќе ни го предаде градот Антипара на нас.

2 Но му испратив писмо на царот, дека бевме сигурни дека нашите сили беа доволни за да го заземат градот Антипара со наша сила; и да ги предадовме затворениците за тој град ние би се сметале неразумни, и дека би ги предале нашите затвореници само за замена.

3 А Аморон го одби моето писмо, бидејќи тој не би разменувал затвореници; затоа започнавме да се подготвуваме да го нападнеме градот Антипара.

4 Но народот на Антипара го напушти градот, и избега во другите нивни градови, кои ги поседуваа, да ги утврдат; и така градот Антипара падна во наши раце.

5 И така заврши дваесет и осмата година од владеењето на судиите.

6 И се случи на почетокот на дваесет и деветата година, да примиме намирници со залихи, и исто така дополнување на нашата војска, од земјата Зарехемла, и од земјата наоколу, со бројка од шест илјади војници, покрај шеесетте Амонитски синови кои дојдоа да им се придружат на нивните браќа, мојата мала група од две илјади. И сега ете, бевме силни, да, и исто така имавме многу залихи кои ни беа доведени.

7 И се случи да биде наша желба да водиме борба со војска која беше поставена да го заштитува градот Кумени.

8 И сега ете, јас ќе ви покажам дека наскоро ја исполнивме нашата желба; да, со нашата голема сила, или со дел од нашата голема сила, ние го опколивме, навечер, градот Кумени, малку пред да примат намирници со залихи.

9 И се случи да кампуваме околу градот многу ноќи; но спиевме со нашите мечеви, и поставивме стражари, за Ламанитите да не дојдат навечер и не нѐ убијат, што многу пати се обидоа да го направат; но колку пати и да се обидоа, нивната крв беше пролеана.

10 Најпосле нивните залихи пристигнаа, и за малку ќе влегоа во градот навечер. А ние, наместо Ламанитите, бевме Нефити; затоа, ги земавме и нивните залихи.

11 И без оглед што Ламанитите беа отсечени од нивната поддршка на овој начин, сѐ уште беа одлучни да го задржат градот; затоа стана целисходно да ги земеме тие залихи и да ги испратиме во Јудеа, а нашите затвореници во земјата Зарахемла.

12 И се случи да не поминат многу денови пред Ламанитите да започнат да ја губат сета надеж за помош; затоа тие го предадоа градот во наши раце; и така ги исполнивме нашите намери за преземање на градот Кумени.

13 Но се случи нашите затвореници да бидат толку бројни што, без оглед на големината на нашата бројност, бевме приморани да ги искористиме сите наши сили да ги задржиме, или да ги усмртиме.

14 Зашто ете, тие би се распрснале на големи бројки, и ќе се борат со камења, и со палки, или било што можат да дофатат, толку што убивме повеќе од две илјади од нив откако се предадоа како воени затвореници.

15 Затоа стана целисходно за нас, да ставиме крај на нивните животи, или да ги чуваме, меч во рака, до земјата Зарахемла; и исто така нашите залихи не беа ништо повеќе од доволни за нашиот народ, без оглед на тоа што го земавме од Ламанитите.

16 И сега, во тие критични околности, беше многу сериозна работа да се одлучи во врска со овие воени затвореници; сепак, решивме да ги испратиме долу во земјата Зарахемла; затоа одбравме дел од нашите војници, и им дадовме должност над нашите затвореници да одат долу во земјата Зарахемла.

17 Но се случи наутро да се вратат. И сега ете, не ги прашавме во врска со затворениците; зашто ете, Ламанитите нѐ нападнаа, и тие се вратија да нѐ спасат од паѓање во нивните раце. Зашто ете, Аморон беше им испратил како поддршка нови намирници со залихи и исто така бројна војска војници.

18 И се случи оние војници кои ги испративме со затворениците да пристигнат на време за да ги проверат, бидејќи за малку ќе нѐ совладаа.

19 Но ете, мојата мала група од две илјади и шеесет се бореа најочајно; да, беа цврсти пред Ламанитите, и ги послужија со смрт сите оние кои им се спротивставуваа.

20 И додека остатокот од нашата војска за малку ќе се предадеше пред Ламанитите, ете, тие две илјади и шеесет беа цврсти и бестрашни.

21 Да, и тие го послушаа и внимаваа да го изведат секој збор од заповед со точност; да, и тоа според нивната вера беше сторено за нив; и се сеќавам на зборовите кои ми ги кажаа на кои ги научија нивните мајки.

22 И сега ете, беа овие мои синови, и оние војници кои беа одбрани да ги водат заробениците, на кои им ја должиме оваа голема победа; бидејќи тие ги победија Ламанитите; затоа беа протерани назад во градот Манти.

23 И ние го задржавме градот Кумени, и не беа сите уништени од мечот; сепак, претрпевме голема загуба.

24 И се случи откако Ламанитите беа изгубиле, јас веднаш дадов наредби моите војници кои беа ранети да бидат тргнати од мртвите, и наредив нивните рани да бидат завиткани.

25 И се случи да има двесте, од моите две илјади и шеесет, кои беа се онесвестиле поради губење на крв; сепак, според Божјата добрина, и на наше големо изненадување, и исто така радост на целата војска, не постоеше ниту една душа од нив која загина; да, и не постоеше ниту една душа помеѓу нив која не беше се здобила со многу рани.

26 И сега, нивното сочувување беше изненадувачко за целата наша војска, да, да бидат поштедени додека илјадници од нашите браќа беа убиени. И ние праведно го препишуваме на чудесната моќ на Бог, поради нивната огромна вера во тоа во кое беа поучени да веруваат—дека постои праведен Бог, и сите кои не се сомневаат, ќе бидат сочувани од Неговата зачудувачка моќ.

27 Сега ова беше верата на оние за кои зборував; тие се млади, и нивните умови се цврсти, и тие ја положуваат својата вера во Бог постојано.

28 И сега се случи откако така се погриживме за нашите повредени војници, и бевме ги закопале нашите мртви и исто така мртвите на Ламанитите, кои беа многу, ете, го прашавме Гид во врска со затворениците со кои започнаа да слегуваат во земјата Зарахемла.

29 Сега Гид беше главен капетан на групата која беше назначена да ги чува долу во земјата.

30 И сега, ова се зборовите кои Гид ми ги кажа: Ете, започнавме да одиме долу во земјата Зарахемла со нашите затвореници. И се случи да ги сретнеме шпионите на нашите војски, кои беа испратени да го надгледуваат кампот на Ламанитите.

31 И тие нѐ довикуваа, велејќи—Ете, војските на Ламанитите маршираат кон градот Кумени; и ете, тие ќе им се нафрлат, да, и ќе го уништат нашиот народ.

32 И се случи нашите затвореници да ги слушнат нивните извици, што ги натера да се охрабрат; и тие се кренаа на бунт против нас.

33 И се случи поради нивниот бунт, ние да направиме нашите мечеви да се спуштат на нив. И се случи тие како група да трчаат кон нашите мечеви, при што, поголемиот број од нив беа убиени; а остатокот од нив се пробија и избегаа од нас.

34 И ете, кога тие побегнаа и кога не можевме да ги престигнеме, ние продолживме со нашиот марш со брзина кон градот Кумени; и ете, пристигнавме на време за да можеме да им помогнеме на нашите браќа во зачувување на градот.

35 И ете, ние повторно сме избавени од рацете на нашите непријатели. И нека е благословено Божјето име; зашто ете, Тоа е Тој кој нѐ избави; да, Оној кој го направи ова големо нешто за нас.

36 Сега се случи кога јас, Хеламан, бев ги слушнал овие зборови на Гид, бев исполнет со огромна радост поради добрината на Бог во зачувување на нас, за да не можеме да умреме сите; да, и верувам дека душите на оние кои беа убиени влегоа во почивката на нивниот Бог.