Свети Писма
Учење и Завети 107


Поглавје 107

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, кај Киртланд, Охајо, околу Април, 1835. Иако ова поглавје беше запишано во 1835, историските записи потврдуваат дека најмногу од стиховите 60 до 100 вклучуваат откровение дадено преку Џозеф Смит на 11 Ноември, 1831. Ова поглавје беше придружувано со организацијата на кворумот на Дванаесетте Апостоли во Февруари и Март 1835. Пророкот најверојатно го достави во присуство на оние кои беа подготвувале да заминат на 3 Мај, 1835 на нивната прва кворумска мисија.

1–6, Постојат две свештенства: Мелхиседековото и Ароновото; 7–12, Тие што го носат Мелхиседековото свештенство имаат моќ да претседаваат во сите служби на Црквата; 13–17, Епископот претседава над Ароново Свештенство, кое послужува во надворешните обреди; 18–20, Мелхиседековото Свештенство ги држи клучевите на сите духовни благослови; Ароновото свештенство ги држи клучевите за служење на ангели; 21–38, Првото Претседателство, Дванаесетте, и Седумдесетте се сочинуваат од претседавачки кворуми, чии одлуки се да направат единство и праведност; 39–52, Патријархалниот ред е воспоставен од Адам до Ное; 53–57, Древните Светци се собрале, и Господ им се појавил на нив; 58–67, Дванаесетте се назначени во служби на Црквата со ред; 68–76, Епископите служат како обични судии во Израел; 77–84, Првото Претседателство и Дванаесетте се сочинуваат од највисокиот суд на Црквата; 85–100, Свештенските претседатели управуваат со нивните почитувани кворуми.

1 Постојат, во црквата, две свештенства, имено, Мелхиседеково и Ароновото, вклучувајќи го Левитиското Свештенство.

2 Причината зошто првото се нарекува Мелхиседеково Свештенство е поради тоа што Мелхиседек беше толку прекрасен висок свештеник.

3 Пред неговиот ден тоа беше наречено Светото Свештенство, по Редот на Синот на Бог.

4 Но од почит или од почестување на името на Врховното Битие, да се избегне преголемото повторување на Неговото име, црквата, во древните денови, го нарече свештенството по Мелхиседек, или Мелхиседеково Свештенство.

5 Сите други власти или служби во црквата се додатоци на ова свештенство.

6 Но постојат две дивизии или големи глави—еден е Мелхиседек, а друго е Ароново или Левитиско Свештенство.

7 Службата на старешина доаѓа под свештенството на Мелхиседек.

8 Мелхиседеково Свештентво го држи правото на претседателство, и има моќ и власт врз сите други служби во црквата во сите ери на светот, да се послужува во духовни нешта.

9 Претседателството на Високото Свештенство, според наредбата на Мелхиседек, има право да претседава во сите служби на црквата.

10 Високи свештеници според наредбата на Мелхиседеково Свештенство имаат право да претседаваат со нивно сопствено стоење, под насоката на претседателството, при послужување на духовни нешта, и исто служба на старешина, свештеник (од Левитиски ред), учител, ѓакон, и член.

11 Еден старешина има право да претседаваа на неговото место кога високиот свештеник не е присутен.

12 Високиот свештеник и старешина треба да послужуваат духовни нешта, согласни со заветите и заповедите на црквата; и имаат право да претседаваат на сите овие служби на црквата кога нема други високи власти присутни.

13 Второто свештенство е наречено Свештенство на Арон, поради тоа што беше предадено врз Арон и неговите потомци, низ сите нивни поколение.

14 Причината зошто е наречено помало свештенство е поради тоа што е еден додаток на поголемото, односно Мелхиседеково Свештенство, и има моќ во послужување на надворешни обреди.

15 Епископијата е претседателство на ова свештенство, и држи клучеви на власта од истиот.

16 Ниту еден човек нема легално право на оваа служба, да ги држи клучевите на ова свештенство, освен ако е буквален потомок на Арон.

17 Но како висок свештеник на Мелхиседековото Свештенство има власт да претседава во помалите служби, може да претседава во службата на епископ кога нема буквални потомци на Арон, ако е повикан и одвоен и одреден при оваа моќ преку рацете на Претседателство на Мелхиседековото Свештенство.

18 Моќта и власта на повисокиот, односно Мелхиседековото Свештенство, е да ги држи клучевите од сите духовни благослови на црквата—

19 Да има привилегија да ги прима мистериите на небесното царство, да има небеса да се отвори при нив, да се причести со генералното собрание и црквата на Првородениот, и да ужива во причеста и прусуството на Бог Отецот, и Исус посредникот на новиот завет.

20 Моќта на власта на помалото, Ароново Свештенство, е да ги држи клучевите на послужување со ангели, и да послужува на надворешните обреди, писмото на евангелието, крштавање за покајание за опростување од гревови, согласно на заветите и заповедите.

21 За неопходностите постојат претседатели, или претседавачки службеници кои растат од, или се назначени од помеѓу оние кои се одредени на неколкуте служби во овие две свештенства.

22 Од Мелхиседековото Свештенство, тројца Претседавачки Високи Свештеници, одбрани од телото, назначени и одредени на таа служба, и држени преку самодоверба, вера, молитва на Црквата, од кворумот на Претседателството на Црквата.

23 Дванаесетте советници кои патуваат се повикани да бидат Дванаесетте Апостоли, или специјални сведоци на името на Христос во овој свет—така разликувајќи ги другите служби во црквата и должностите на нивниот повик.

24 И тие формираат кворум, еднаков на власта и моќта на трите претседатели претходно споменати.

25 Седумдесетте се исто така повикани да проповедаат евангелието, и да бидат специјални сведоци при Неевреите и секаде во светот—така разликувајќи се од другите служби во црквата во должностите на нивниот повик.

26 И тие формираат кворум, еднаков на власта на Дванаесетте специјални сведоци или Апостоли претходно споменати.

27 И секоја одлука направена од било кој од тие кворуми мора да биде со едногласен глас за истата; односно, секој член во кворумот мора да се согласи на неговите одлуки, со цел да ги направи нинвите одлуки со истата моќ или валидност едни со други—

28 Мнозинсвото може да формира кворум кога околностите оневозможи да биде друго—

29 Освен ако е ова случајот, нивните одлуки не се со право на истиот благослови со кои беа одлуките на кворумот на тројцата претседатели древно, кои беа одредени по редот на Мелхиседек, и беа праведни и свети луѓе.

30 Одлуките на овие кворуми, или било кој од нив, треба да бидат направени во сета праведност, во светост, и понизност на срцата, питомост, и макотрпност, и со вера, и доблест, и знаење, воздржаност, трпеливост, божественост, братска љубезност и милосрдие;

31 Поради тоа ветување, ако сите овие нешта изобилуваат во нив нема да се неплодни во знаење на Господ.

32 И во случај дека некоја од одлуките на овие кворуми е направена во праведност, може да биде донесен пред генерално собрание на неколку кворуми, кое се сочинува од духовни власти на црквата; во спротивно може да нема жалба од нивната одлука.

33 Дванесетте се Патувачки Преседавачки Висок Совет, да претседаваат во името на Господ, под упатство на Претседателството на Црквата, согласно со институцијата на небесата; да ја изгради црквата, и ги регулира сите дела на истата за сите нации, прво при Неевреите а второ при Евреите.

34 Седумдесетте треба да делуваат во име на Господ, под упатство на Дванесетте или патувачкиот висок совет, при градење на црквата и регулирање на сите дела на истата во сите нации, прво при Неевреите и потоа при Евреите—

35 Дванаесетте беа испратени, држејќи ги клучевите, да ја отворат вратата преку прогласување на евангелието на Исус Христос, и прво на Неевреите а потоа при Евреите.

36 Стоењето високите совети, при коловите на Сион, формираат еден кворум еднаков во власт врз делата на црквата, во сите нивни одлуки, за кворумот на претседателство, или на патувачкиот висок совет.

37 Високиот совет на Сион формира еден кворум еднаков во власт врз делата на црквата, во сите нивни одлуки, за советите на Дванесетте и коловите на Сион.

38 Должност на високиот совет е да ги повика Седумдесетте, кога им треба помош, да ги исполнат неколкуте повици за проповедање и послужување на евангелието, наместо некои други.

39 Должност е на Дванаесетте, во сите големи гранки на црквата, да одредат евангелиски служби, како што ќе им бидат одредени преку откровение—

40 Редот на свештенството беше потврден да биде пренесен од татко на син, и право им припаѓа на буквалните потомци на одбраното потомство, на кои им беа дадени ветувања.

41 Овој ред беше воспоставен во деновите на Адам, и дојде преку лозата на следниов начин:

42 За Адам до Сет, кој беше одреден преку Адам на шеесет и девет години, и беше благословен од него три години пред неговата (Адамова) смрт, и го прими ветувањето на Бог преку неговиот татко, дека неговото потомство треба да биде одбрано од Господ, и дека тие треба да заштитуваат при крајот на земјата;

43 Поради тоа што тој (Сет) беше еден совршен човек, и неговиот лик беше истиот лик на неговиот татко, онолку колку што изгледаше да биде како неговиот татко во сите нешта, и може да биде разликувано од него само преку неговата возраст.

44 Енос беше одреден на возраст од сто триесет и четири години и четири месеци, преку раката на Адам.

45 Бог го пивикал Кејнан во дивината на четиринаесет години на неговата возраст; и тој го сретна Адам во патувањето на местото Шедоламак. Тој имаше само осумдесет и седум години кога го прими ова ракоположување.

46 Махалалил имаше четиристотини и деведесет и шест години и седум дена кога беше одреден од раката на Адам, кој исто го благослови.

47 Јаред имаше двесте години кога беше одреден од раката на Адам, кој исто го благослови.

48 Енох имаше дваесет и пет години кога беше одреден под раката на Адам; и имаше шеесет и пет и Адам го благослови.

49 И тој го виде Господ, и тој чекореше со Него, и беше пред Неговото лице постојано; и тој чекореше со Бог триста и шеесет и пет години, правејќи го да има четиристотини и триесет години кога тој беше променет.

50 Метусела имаше сто години стар кога беше одреден под рацете на Адам.

51 Ламех имаше триесет и две години кога беше одреден под раката на Сет.

52 Ное имаше десет години кога беше одреден под раката на Метусела.

53 Три години пред смртта на Адам, тој го повика Сет, Енос, Кајнан, Махалалил, Јаред, Енох, и Метусела, кои беа сите високи свештеници, со остаток на неговото потомство кои беа праведни, во долината на Адам-онди-Ахман, и таму им подари врз нив негов последен благосов.

54 И Господ се појави при нив, и тие станаа и го благословија Адам, и го повикаа Михаил, принцот, архангелот.

55 И Господ му послужи утеха на Адам, и му кажа на него: Јас те оставив да бидеш глава; мноштво на нации ќе дојдат од тебе, и ти си еден принц врз нив засекогаш.

56 И Адам стоеше на среде собирот; и без оглед на тоа што беше искривен со возраста, беше исполнет со Светиот Дух, го предвиде тоа што ќе падне врз неговото потомство при најдоцно поколение.

57 Овие нешта беа напишани во книгата на Енох, и треба да се посведочи во скоро време.

58 Тоа е должноста на Дванаесетте, исто, да ги одредеуваат и поставуваат на ред сите други службеници на црквата, согласно со откровението кое вели:

59 Во Црквата на Христос во земјата Сион, дополнително на црковните закони почитувајќи црковни работи—

60 Вистина, Јас ви велам, кажа Господ на восјките, мора да постои претседавачки старешини да преседаваат врз оние кои се во служба како старешина;

61 И исто свештеници да претседаваат врз оние кои се со служба како свештеник;

62 И исто учителите претстедваат врз тие кои се од служба на учител, на таков начин, и исто како ѓакони—

63 Затоа, од ѓакон на учител, и од учител на свештеник, и од свештеник на старешина, неколку како се назначени, според заветите и заповедите на црквата.

64 Потоа доаѓа Високото Свештенство, кое е најголемо од сите.

65 Затоа, мора да биде тоа што е назначено на Високо Свештенство да претседава врз свештенството, и тој ќе биде наречен Претседател на Високото Свештенство на Црквата;

66 Или, со други зборови, Претседавачки Висок Свештеник врз Високото Свештенство на Црквата.

67 Од истиот доаѓа послужењето на обредите и благослови врз црквата, преку ракоположување на рацете.

68 Затоа, службата на епископ не е еднаква; зошто службата на еден епископ е во послужување на сите привремени нешта;

69 Сепак еден епископ мора да биде избран од Високото Свештенство, освен ако е буквален потомок на Арон;

70 Зашто освен ако е буквален потомок на Арон тој не може да ги има клучевите од тоа свештенство.

71 Сепак, еден висок свештеник, односно, по редот на Мелхиседек, може да биде одвоен при служењето на привремените нешта, имајќи знаење од нив преку Духот на вистината;

72 И исто така да биде судија во Израел, да ја спроведува работата на Црквата, да седи при судење на престапи врз сведоштво како ќе биде водено пред него според законите, преку помошта на советниците, кои тој ги одбрал или ќе ги одбере од помеѓу оние кои се старешини на црквата.

73 Ова е должноста на епископот кој не е буквален потомок на Арон, туку бил одреден од Високото Свештенство по редот на Мелхиседек.

74 Така тој ќе биде судија, дури и еден обичен судија помеѓу жителите на Сион, или во колот на Сион, или било која гранка каде што ќе биде одвоен при неговата служба, додека границите на Сион се зголемени и станува неопходно да се имаат други епископи или судии на Сион или било каде.

75 И онолку колку што постојат други епископи назначени ќе делуваат во истата служба.

76 Но еден буквален потомок на Арон има легално право за претседалелство на ова свештенство, на клучевите на оваа служба, да делува во службата на епископ независно, без советници, освен во случаи кога еден Претседател на Високото Свештенство, после редот на Мелхиседек, е испробан, да седи како еден судија во Израел.

77 И одлуката на било кои од овие советници, согласно со заповедта која вели:

78 Повторно, вистина, Јас ви велам, најважната работа на црквата, и најтешките случаи на црквата, онолку колку што не е задоволувачки врз одлуката на епископот или судиите, ќе биде предадена и однесена при советот на црквата, пред Претседаселството на Високото Свештенство.

79 И Претседателството на советот на Високото Свештенство ќе има моќ да повикува други високи свештениици, дури и дванаесет, да помогнат како советници; и така Претседателсвото на Високото Свештенство и неговите советници ќе имаат моќ да одлучуваат врз сведоштвото според законите на црквата.

80 И после оваа одлука тоа ќе го нема повеќе во сеќавање пред Господ; зашто ова е највисокиот совет на црквата на Бог, и конечна одлука врз контроверзиите во духовните работи.

81 Не постои друга личност која припаѓа на црквата која е исклучок од овој совет на црквата.

82 И онолку колку што Претседателството на Високото Свештенство ќе престапува, тој ќе биде чуван во сеќавање пред обичниот совет на црквата, која ќе биде помогнат од дванаесет советници на Високото Свештенство;

83 И нивната одлука врз неговата глава ќе биде крајот на полемиката во врска со него.

84 Така, никој нема да биде исклучен од правдата и законите на Бог, за сите нешта да може да бидат во ред и свеченост пред него, според вистината и праведноста.

85 И повторно, вистина Јас ви велам, должноста на претседателот врз службата на еден ѓакон е да претседава врз дванаесетте ѓакони, да седи во совет со нив, и да ги поучува за нивната должност, просветлувајќи се едни со други, како што е дадено според заветите.

86 И исто така должноста да претседава врз друга служба на учители е да претседава врз дваесет и четири од учителите, и да седи во совет со нив, поучувајќи ги за нивните должности, како што е дадено во заветите.

87 Исто така должноста на претседателот над свештенството на Арон е да претседава врз четириесет и осум свештеници, и да седи во совет со нив, да ги поучи на должностите во нивните служби, како што е дадено во заветите—

88 Овој претседател треба да биде епископ; зашто ова е една од должностите на ова свештенство.

89 Повторно, должноста на претседателот врз службата на старешини е да претседаваа врз деведесет и шест старешини, и да седат во совет со нив, и да ги поучува според заветитите.

90 Ова претседателство се разликува од ова на седумдесетте, и е наменето за оние кои не патуваат во целиот свет.

91 И повторно, должнопста на Претседателот на Високото Свештенство е да претседаваат врз целата црква, и да биде како Мојсеј—

92 Ете, тука е мудрост, да, да се биде јасновидец, откровител, преведувач, и пророк, имајќи ги сите дарови од Бог кои тој ги дарува врз главата на црквата.

93 И тоа е според визијата што го покажува редот на Седумдесетте, дека тие треба да имаат седум претседатели да претседаваат врз нив, одбрани од бројот на седумдесетте;

94 И седмиот претседател од овие претседатели треба да претседава врз другите шест;

95 И овие седум претседатели треба да одбираат друго седумдесет и покрај првите седумдесет на кому припаѓаат, и треба да претседаваат врз нив;

96 И исто така други седумдесет, додека седум пати по седумдесет, ако работата во лозата од неопходност го бара тоа.

97 И овие седумдесет треба да бидат патувачки службеници, при Неевреите и исто врз Евреите.

98 А други службеници на Црквата, кои не припаѓаат на Дванаесетте, ниту Седумдесетте, не се под одговорноста да патуваат меѓу сите нации, туку да патуваат како што им дозволуваат околностите, без оглед што можат да држат колку високи и одговорени служби во црквата.

99 Затоа, сега нека секој човек ја научи неговата должност, и да делува во службата во која е назначен, во сета трудољубивост.

100 Тој што е мрзелив нема да се смета за достоен да стои, и тој што не ја учи неговата должност и се прикажува себеси како неодобрен нема да биде достоен да стои. Дури и така. Амин.