Свети Писма
Учење и Завети 10


Поглавје 10

Откровение дадено до Џозеф Смит Пророкот кај Хармони, Пенсилванија, веројатно околу Април 1829, иако мали делови можеби биле примени толку рано како во летото 1828. Овде Господ го информира Џозеф за измените направени од пакосни луѓе во 116 страници од скриптите од преводот на книгата на Лехи, во Книгата на Мормон. Овие страници од скриптите биле загубени од посед на Мартин Харис, на кого страниците биле привремено доверени. (Видете наслов до поглавје 3.) Злобниот план беше да се чека очекуваниот повторен превод на тоа што беше вклучено со украдените страници и потоа да се навреди преведувачот покажувајќи непостојаности создадена преку измените. Дека оваа злобна цел била зачната од злобниот и му беше позната на Господ дури и додека Мормон, древниот Нефитски историчар, го правеше скратеното издание на собраните, е покажано во Книгата на Мормон (види Словата на Мормон 1:3–7).

1–26, Сатаната ги наведува пакосните луѓе да се спротивстават на делото на Господ; 27–33, Тој бара да ги уништи душите на луѓето; 34–52, Евангелието треба да се прогласува кај Ламанитите и сите нации преку Книгата на Мормон; 53–63, Господ ќе ја воспостави Неговата Црква и Неговото евангелие помеѓу луѓето; 64–70, Тој ќе ги собере покајниците во Неговата Црква и ќе ги спаси послушните.

1 Сега, ете, Јас ти велам, дека бидејќи си ги доставил тие пишувања кои ти беше дадена моќ на тебе да ги преведуваш преку начините на Урим и Тумим, во рацете на пакосен човек, ти си ги изгубил.

2 И исто така го изгуби твојот дар истовремено, и твојот ум стана затемнет.

3 Сепак, тоа е сега обновено при тебе повторно; затоа гледај да си верен и продолжи кон завршувањето на остатокот на делото на преведување како што си почнал.

4 Не трчај побрзо или работи повеќе од тоа што имаш сила и средства дадени да ти овозможат да преведуваш туку биди трудољубив на крајот.

5 Моли се секогаш, за да можеш да станеш освојувач; да, да можеш да го освоиш Сатаната, и да можеш да избегаш од рацете на слугите на Сатаната кои го вршат неговото дело.

6 Ете, тие бараа да те уништат тебе; да, дури и човекот кому ти му веруваше бараше да те уништи.

7 И поради оваа причина реков дека е пакосен човек, зашто тој барал да ги одземе нештата кои ти биле доверени; и исто така барал да го уништи твојот дар.

8 И поради тоа што ги достави пишувањата во неговата рака, ете, пакосни луѓе ги одземаа од тебе.

9 Затоа, ти си ги дал, да, тоа што беше свето, при пакост.

10 И, ете, Сатаната им ставил во срцата да ги изменат зборовите кои ти си предизвикал да бидат напишани, односно кои ти си ги превел, кои биле отстранети од твоите раце.

11 И ете, Јас ти велам тебе, дека поради тоа што ги измениле зборовите, тие читаат спротивно од тоа што ти преведи и направи да биде напишано;

12 И, по овој начин, ѓаволот барал да положи еден лукав план, за да може да го уништи ова дело;

13 Зашто тој им ставил во срцата да го прават ова, за да можат со лажење да кажат дека тие те фатиле во зборовите кои ти се преправаше дека ги преведуваш.

14 Вистина, Јас ти велам, дека Јас нема да дозволам Сатаната да го исполни неговиот злобен план за ова нешто.

15 Зашто ете, тој им ставил во срцата да те натераат да го искушуваш Господ твојот Бог, со тоа што ќе прашаш да го преведеш повторно.

16 И потоа, ете, тие велат и размислуваат во нивните срца—Ќе видиме дали Бог му дал на Него моќ да преведува; ако е така, тој исто така ќе му даде моќ повторно;

17 И ако Бог повторно би му дал моќ, или ако преведува повторно, или, со други зборови; ако ги истакнува истите зборови, ете, го имаме истите со нас и ете сме ги измениле;

18 Затоа тие нема да се согласат, и ќе кажеме дека лажел со неговите зборови, и дека нема дар, и дека нема моќ;

19 Затоа ќе го уништиме него, и исто така делото; и ќе го направиме ова за да не бидеме засрамени на крајот, и да можеме да добиеме слава од светот.

20 Вистина, вистина, Јас ти велам, дека Сатаната има силно влијание врз нивните срца; тој ги наведува нив на беззаконие против тоа што е добро;

21 И нивните срца се корумпирани, и полни со пакост и одвратности; и тие ја љубат темнината наместо светлината, зашто нивните дела се злобни; затоа нема да барат од Мене.

22 Сатаната ги наведе, за тој да може да ги води нивните души во уништување.

23 И така тој положи еден лукав план, размислувајќи да го уништи делото на Бог; но ќе го барам ова од нивните раце, и ќе произлезе како нивниот срам и осуда во денот на судот.

24 Да, тој ги наведува нивните срца да се разгневат против ова дело.

25 Да, тој им кажува на нив: Измамете и чекајте во заседа да го фатите, за да можете да го уништите; ете, ова не е штета. И така тој им ласка, и им кажува дека не е грев да се лаже за да можат да фатат човек во лага, за да можат да го уништат.

26 И така тој им ласка, и ги води нив додека не ги влече нивните души долу во пекол; и така тој предизвикува тие да се фатат себеси во нивната сопствена замка.

27 И така тој оди горе и долу, таму и ваму на земјата, барајќи да ги уништи душите на луѓето.

28 Вистина, вистина, Јас ти велам, тешко на тој кој лаже за да измами зашто тој претпоставува дека некој друг лаже за да измамува, зашто тие не се исклучок од правдата на Бог.

29 Сега, ете, тие ги измениле овие зборови зашто Сатаната им кажува на нив: Тој ве измами—и така им ласка да прават беззаконие, и да те натерат да го искушуваш Господ твојот Бог.

30 Ете, Јас ти велам, дека нема повторно да ги преведуваш тие зборови кои излегле од твоите раце;

31 Зашто, ете, тие нема да ги исполнат нивните злобни планови да лажат против тие зборови. Зашто, ете, ако ги донесеш истите зборови тие ќе кажат дека си лажел и дека си се преправал дека преведуваш, но дека си бил противречен на самиот себеси.

32 И, ете, тие ќе го објават ова, и Сатаната ќе ги стврдне срцата на луѓето да ги наведат на гнев против тебе, за да нема да веруваат на Моите зборови.

33 Така Сатаната размислува да го совлада вашето сведоштво во ова поколение, за делото да не дојде за ова поколение.

34 Но ете, еве мудрост, и бидејќи ти покажувам мудрост, и ти давам заповеди во врска со овие нешта, тоа што ќе направиш, не покажувај му го на светот додека не да го исполниш делото на преведување.

35 Не зачудувај се дека јас ти реков: Еве мудрост, не покажувај му го на светот—зашто јас кажав, не покажувај му го на светот, за да може да бидеш сочуван.

36 Ете, Јас не велам дека не треба да го покажуваш на праведните.

37 Но како што не можеш секогаш да ги судиш праведните, или како што не можеш секогаш да ги препознаеш пакосните од праведните, затоа Јас ти велам, задржи го твојот мир додека не видам дека е време да се направат сите нешта познати на светот во врска со работата.

38 И сега, вистина Јас ти велам, дека еден извештај од оние нешта кои си ги напишал, кои биле одземени од твоите раце, е врежано врз плочите на Нефи;

39 Да, и запомниш дека беше кажано во тие пишувања дека подетален извештај беше даден за овие нешта врз плочите на Нефи.

40 И сега, зашто извештајот кој е врежан врз плочите на Нефи е подетален во врска со нештата кои, во Моја мудрост, Јас ќе ги донесам до знаење за народот во овој извештај—

41 Затоа, ќе ги преведеш гравурите кои се на плочите на Нефи, дури да не дојдеш до владеењето на цар Венијамин, или додека не дојдеш до тоа што си го превел, кое си го задржал;

42 И ете, ќе го објавиш како записот на Нефи; и така ќе ги понижам оние кои ги изменија Моите зборови.

43 Јас нема да дозволам тие да го уништат Моето дело; да, Јас ќе им покажам на нив дека Мојата мудрост е поголема отколку лукавоста на ѓаволот.

44 Ете, тие имаат само еден дел, или едно скратено издание од извештајот на Нефи.

45 Ете, постојат многу нешта врежани на плочите на Нефи кои фрлаат уште поголеми погледи на Моето евангелие; затоа, тоа е мудрост во Мене што треба да го преведуваш овој прв дел од гравурите на Нефи, и да го испратиш ова дело.

46 И, ете, целиот остаток од ова дело ги содржи сите тие делови на Моето евангелие кое Моите свети пророци; да, и исто така Моите ученици, посакуваа во нивните молитви да дојдат врз овој народ.

47 И Јас им кажав на нив, дека треба да биде доделено на нив според нивната вера во нивните молитви;

48 Да, и ова беше нивна вера—за Моето евангелие, кое Јас им го дадов на нив за да можат да проповедаат во нивните денови, да може да се појави кај нивните браќа Ламанитите, и исто така сите што станаа Ламанити поради нините раздори.

49 Сега, ова не е сè—нивната вера во нивните молитви беше за ова евангелие да биде познато исто така, да беше можно за други нации да ја поседуваат оваа земја;

50 И така тие оставија благослов врз оваа земја во нивните молитви, за кој и да верува во ова евангелие во оваа земја да може да има вечен живот;

51 Да, за да може да биде слободен за сите од било која нација, колено, јазик, или народ кои може да бидат.

52 И сега, ете, според нивната вера во нивните молитви Јас ќе го донесам овој дел од Моето евангелие на Мојот народ. Ете, Јас нема да го донесам за да го уништам тоа што веќе го добија, туку за да го изградам.

53 И за оваа цел Јас реков: Ако ова поколение не ги стврднува нивните срца, Јас ќе ја воспоставам Мојата црква помеѓу нив.

54 Ете, Јас не го велам ова за да ја уништам Мојата црква, туку го велам ова за да ја изградам Мојата црква;

55 Затоа, кој и да припаѓа на Мојата црква не треба да се плаши, зашто тој ќе го наследи царството на небесата.

56 Но тие кои не се плашат од Мене, ниту ги одржуваат Моите заповеди туку градат цркви за самите да добијат добивка, да, и сите оние кои прават пакосно и го градат царството на ѓаволот—да, вистина, вистина, Јас ти велам, дека тие се тие кои Јас ќе ги вознемирам, и ќе направам да треперат и да се тресат до центарот.

57 Ете, Јас сум Исус Христос, Синот на Бог. Јас им дојдов на Моите, а Моите не ме примија Мене.

58 Јас сум светлината која сјае во темнината, а темнината не ја разбира.

59 Јас сум Тој што вели—Други овци имам Јас кои не се од ова стадо—при Моите ученици, и имаше многу што не ме разбраа Мене.

60 И Јас ќе му покажам на овој народ дека Јас имав други овци, и дека тие беа гранка на домот на Јаков;

61 И Јас ќе ги изведам на виделина нивните чудесни дела, кои ги сторија во Мое име;

62 Да, и Јас исто така ќе го иведам на виделина Моето евангелие кое беше послужено при нив, и, ете, тие нема да го негираат тоа што ти го прими, туку ќе го градат, и ќе ги изведат на виделина вистинските точки на Моето учење, да, и единственото учење кое е во Мене.

63 И Јас го правам ова за да го воспоставам Моето евангелие, за да нема толку препирање; да, Сатаната ги наведува срцата на луѓето на препирање во врска со точките на Моето евангелие; и во овие нешта тие грешат, зашто тие ги извртуваат светите писма и не ги разбираат.

64 Затоа, Јас ќе им ја откријам оваа најголема мистерија;

65 Зашто, ете, Јас ќе ги соберам нив како што кокошката ги собира нејзините пилиња под нејзините крила, ако не ги стврднуваат нивните срца;

66 Да, ако тие ќе дојдат, тие можат, и да земат од водите на живот слободно.

67 Ете, ова е Моето учење—кој и да се покае и да дојде при Мене, истиот е Мојата црква.

68 Кој и да објавува повеќе или помалку од ова, истиот не е од Мене, туку е против Мене; затоа не е од Мојата црква.

69 И сега, ете, кој и да е од Мојата црква, и издржува со Мојата црква до крај, него ќе го воспоставам врз Мојата карпа, и портите на пеколот нема да преовладаат против нив.

70 И сега, запомни ги зборовите на тој што е животот и светлината на светот, твојот Спасител, твојот Господ и твојот Бог. Амин.