Поглавје 112
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Томас Б. Марш, во Киртланд, Охајо, 23 Јули, 1837, во врска со Дванаесетте Апостоли на Јагнето. Ова откровение беше примено на денот кога Старешина Хебер С. Кимбал и Орсон Хајд најпрвин го пропопведаа евангелието во Англија. Томас Б. Марш беше во ова време Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли.
1–10, Дванаесетте треба да го испратат евангелието и да кренат предупредувачки глас на сите нации и народи; 11–15, Тие треба да го кренат нивниот крст, следат Исус, и нахранат Неговите овци; 16–20, Тие кои го примаат Првото Претседателство го примат Господ; 21–29, Темнина ја прикрива земјата, и само оние кои веруваат и се крстени ќе бидат спасени; 30–34, Првото Претседателство и Дванаесетте ги држат клучевите за уредувањето на целината на времињата.
1 Вистина така ти кажа Господ Мој слуга Томас: Јас ги слушнав твоите молитви; и твоите дела се како спомен пред Мене, во име на оние, твои браќа, кои беа одбрани да прогласат сведоштво во Мое име и да го праќаат во странство помеѓу сите нации, колена, јазици, и народи, и одредени преку инструменталноста на Моите слуги.
2 Вистина Јас ти велам, постоеја неколку нешта во твоето срце и со тебе за кои Јас, Господ, не бев задоволен.
3 Сепак, онолку колку што се понижуваш себеси ќе бидеш возвишен; затоа, сите твои гревови ти се простени.
4 Нека твоето срце биде со добра радост пред Моето лице; и ќе прогласуваш сведоштво за Моето име, не само при Неевреите, но исто и при Евреите; и ти ќе им го испратиш Моето слово на краевите на земјата.
5 Препирај се ти, затоа, од утро до утро; и ден на ден нека се слуша твојот предупредувачки глас оди напред; и кога ќе дојде ноќта не дозволувај жителите на земјата да потонат во сон, поради твојот говор.
6 Нека жителите бидат познати во Сион, и не ја отстранат твојата куќа; зашто Јас, Господ, имам големо дело за тебе да сториш, со објавување на Моето име на човечките деца.
7 Затоа, опашај ги твоите бедра за работата. Нека твоите стапала носат чевли исто, зашто ти си одбран, и твојот пат лежи врз планините, и помеѓу многу нации.
8 И преку твоето слово многу високи ќе бидат спуштени, и преку твоето слово многу спуштени ќе бидат возвишени.
9 Твојот глас ќе биде прекор при престапникот; и со Твојот прекор нека јазикот на престапникот ја прекине неговата перверзност.
10 Биди ти понизен; и Господ твојот Бог ќе те води за раката, и ќе ти даде одговор на твоите молитви.
11 Го знам твоето срце, и сум ги слушнал твоите молитви во врска со твоите браќа. Не биди пристрасни кон нив во љубовта над многу други, но нека твојата љубов за нив биде како што е за тебе самиот; и нека твојата љубов изобилува врз сите луѓе, и врз сите оние кои го љубат Моето име.
12 И молете се за вашите браќа за Дванаесетте. Предупреди ги нив остро за доброто на Моето име, и нека бидат предупредени за сите нивни гревови, и биди ти верен пред Мене на Моето име.
13 И после нивните искушенија, и многу мачење, ете, Јас, Господ ќе сочувствуваам за нив, и ако не ги стврднат срцата, и не ги вкочанат вратовите против Мене, тие ќе бидат преобратени, и Јас ќе ги исцелам.
14 Сега, Јас ти велам, и тоа што ти го велам на тебе, Јас им го велам на сите Дванаесет: Станете и опашајте ги вашите бедра, кренете го вашиот крст, следете ме Мене, и хранете ги Моите овци.
15 Не возвишувај се себеси; Не буни се против Мојот слуга Џозеф Смит; зашто вистина, Јас ти велам, Јас сум со него, и Мојата рака ќе биде врз него; и клучевите кои Јас сум му ги дал, и исто на тебе, нема да бидат одземени од него додека Јас не дојдам.
16 Вистина Јас ти велам, Мој слуга Томас, ти си човек кој Јас сум го одбрал да ги носи клучевите на Моето царство, како што се однесува со Дванаесетте, во странство меѓу сите нации—
17 За да можеш да бидеш Мој слуга да ја отклучиш вратата на Моето царство во сите места каде што Мојот слуга Џозеф, и Мојот слуга Сидни, и Мојот слуга Хајрим, не можат да дојдат;
18 Зашто на нив Јас им положив товар на сите цркви за краток период.
19 Затоа, каде и да ти пратат, оди ти, и Јас ќе бидам со тебе; и во кое било место каде што ќе го прогласиш Моето име една ефектуална врата ќе се отвори при тебе, за да можат да го примат Моето слово.
20 Кој и да го прима Моето слово Ме прима Мене, и кој и да Ме прима Мене, ги прима оние, Првото Претседателтство, кои Јас сум ги испратил, кои сум ги направил советници за доброто на Моето име при тебе.
21 И повторно, Јас ти велам на тебе, дека кого и да пратиш во Моето име, преку гласот на твоите браќа, Дванаесетте, соодветно препорачани и овластени од тебе, ќе има моќ да ја отвори вратата на Моето царство на секоја нација каде и да ги пратиш—
22 Онолку колку што ќе се понизат пред Мене, и придржуваат до Моето слово, и го послушаат гласот на Мојот Дух.
23 Вистина, вистина, Јас ти велам, темнина ја покрива земјата, и голема темнина умовите на народот, и сите суштества станаа корумпирани пред Моето лице.
24 Ете, одмаздата доаѓа брзо врз жителите на земјата, ден на бес, ден на горење, ден на пустош, на плачење, на жалење, на оплакување; и како виор ќе дојде врз лицето на земјата, кажа Господ.
25 И врз Мојот дом ќе започне, и од Мојот дом ќе се пренесе, кажа Господ;
26 Прв помеѓу оние помеѓу вас, кажа Господ, кој има прогласувано да го знае Моето име а не Ме знае Мене, и има богохулено против Мене на среде Мојот дом, кажа Господ.
27 Затоа, погрижете се да не се вознемирувате себеси во врска со работите на Мојата црква во ова место, кажа Господ.
28 Но прочистете ги вашите срца пред Мене; и потоа одете вие во сиот свет, и проповедајте го Моето слово при секое суштество кој не го добило.
29 И тој што верува и е крстен ќе биде спасен, и тој што не верува, и не е крстен, ќе биде проколнат.
30 Зашто на вас, Дванаесетте, и оние Прво Претседателство, кои се назначени со вас да бидат ваши советници и ваши водачи, е моќта на свештенството дадена, за последните денови и за последен пат во тоа што е уредување на целината на времињата.
31 Која моќ ја држите, во врска со сите тие кои примиле едно уредување во било кое време од почетокот на создавањето;
32 Зашто вистина Јас ви велам, клучевите од ова уредување, кое вие сте ги примиле, дојдоа од татковците, и последно од сите, се испратени од небесата на вас.
33 Вистина, Јас ви велам, ете колку е голем вашиот повик. Исчистете ги вашите срца и вашите облеки, за крвта на ова поколение да не биде барана од вашите раце.
34 Бидете верни додека Јас не дојдам, зашто Јас доаѓам брзо; и Мојата награда е со Мене да му надоместам секој човек според тоа како неговото дело ќе биде. Ете, Јас сум Алфа и Омега. Амин.