Свети Писма
Учење и Завети 119


Поглавје 119

Откровение дадено преку Пророкот Џозеф Смит, на Далечниот Запад, Мисури, 8 Јули, 1838, како одговор на неговата молитва: „О Господ! Покажи им на Твоите слуги колку бараш од имотите на Твојот народ за десеток.“ Законот на десеток, како што е разбран денес, не бил даден на Црквата пред ова откровение. Поимот десеток во молитвата горе цитиран и во поранешни откровенија (64:23; 85:3; 97:11) не значеше само една десетина, туку и сите доброволни приноси, или доприноси, на Црковните фондови. Господ претходно ѝ го даваше на Црквата законот на посветување и управништво на имотот, во кои членовите (главно старите членови) влегуваа преку заветот кој е вечен. Поради неуспевот од страна на многумина да се придржуваа од овој завет, Господ го повлече за малку време и ѝ го даде наместо законот на десеток на целата Црква. Пророкот го праша Господ колку од нивниот имот Тој го побара за свети цели. Одговорот беше ова откровение.

1–5, Светците треба да платат вишок од нивниот имот и после да дадат, како десеток, една десетина од нивната камата годишно; 6–7, Таков курс ќе ја освети земјата на Сион.

1 Вистина, така кажа Господ, Јас барам сите нивни вишоци имоти да бидат ставени во рацете на епископот во Мојата црква во Сион,

2 За градењето на Мојот дом, и за положување на основата на Сион и за свештенството, и за долговите на Претседателството на Мојата Црква.

3 И ова ќе биде почетокот на десетокот на Мојот народ.

4 И после тоа, оние кои дале десеток ќе платат една десетина од сета нивна камата годишно; и тоа ќе стои како закон за нив засекогаш, за Мое свето свештенство, кажа Господ.

5 Вистина Јас ви велам, ќе се случи дека оние кои се собираат во земјата на Сион ќе дадат десеток од нивните прекумерни имоти, и ќе го запазуваат овој закон, или нема да бидат достојни да останат помеѓу вас.

6 И Јас ви велам, ако Мојот народ не го запазува овој закон, да го одржува свет, и преку овој закон ја освети земјата од Сион при Мене, за Моите декрети и пресуди да бидат одржани таму, за да биде најсвето, ете, Јас ви велам, нема да биде земјата на Сион за вас.

7 И ова ќе биде пример за сите колови на Сион. Дури и така. Амин.