Поглавје 121
Молитвите и пророштвата напшани од Џозеф Смит Пророкот во посланието до Црквата додека беше затвореник во затворот во Либерти, Мисури, од 20 Март,1839. Пророкот и неколку другари биле во затвор за месеци. Петициите и жалбите насочени кон извршните офицери и судот не успеале да им донесат олеснување.
1–6, Пророкот му моли на Господ за Светците што страдаат; 7–10, Господ му говори за мир на него; 11–17, Проколнати се оние кои креваат лажни довикувања за престапи против Господовиот народ; 18–25, Тие нема да имаат право на свештенството и ќе бидат проколнати; 26–32, Величествени откровенија се ветени на оние кои издржуваа храбро; 33–40, Зошто многу се повикани а малку се одбрани; 41–46, Свештенството треба да биде искористено само во праведност.
1 О Боже, каде си Ти? И каде е павилјонот што ја покрива Твоето место за криење?
2 Колку долго Твојата рака ќе се задржи, и Твоето око, да, Твоето чисто око, ги гледа од вечните небеси грешките на Твојот народ и Твоите слуги, и Твоето уво биде избушено со нивните плачови?
3 Да, О Господе, колку долго тие ќе ги страдаат овие погрешни и незаконски потиснувања, пред Твоето срце да омекне кон нив, и Твоите утроби да бидат поместени со сочувство кон нив?
4 О Господе Боже Семоќен, создавач на небесата, земјата, и морињата, и од сите нешта во нив, кој што го контролира и потчинува ѓаволот, и мрачното и неуко владеење на Шеол—испружи ја Твојата рака; нека Твоето око продре; нека Твојот павилјон биде земен горе; нека Твоето место за криење повеќе не биде покриено; нека Твоето уво биде наклонето; нека Твоето срце биде омекнато; и нека Твоите утроби бидат поместени со сочувство за нас.
5 Нека Твојот гнев биде распален против нашите непријатели; и, во бесот на Твоето срце, со Твојот меч одмазди нè од нашите грешки.
6 Запомни ги Твоите светци што страдаат, О наш Боже; и Твоите слуги ќе се радуваат во Твоето име засекогаш.
7 Мој сине, мир нека биде во твојата душа; твоето тешкотии и твоите неволји ќе бидат само еден мал момент;
8 И потоа, ако ти го издржиш добро, Бог ќе те возвиши на високо; ти ќе триумфираш над сите твои непријатели.
9 Твоите пријатели стојат до тебе, и ќе те слават со топли срца и пријателски раце.
10 Ти сеуште не си како Јов; твоите пријатели не се препираат со тебе, ниту те обвинуваат за престапи, како што му правеа на Јов.
11 И тие кои те обвинуваат за престапи, нивната надеж ќе биде растурена, и нивните проспекти ќе се стопат како што белиот мраз се стопи пред зраците што горат на изгрејсонцето;
12 И исто тој Бог ја испратил Неговата рака и печат да го промени времињата и сезоните, и да ги ослепи умовите, за нема да ги разберат Неговите чудни дела; за да може исто да им докаже и да ги земе при нивната своја лукавост.
13 Исто бидејќи нивните срца се корумпирани, и нештата кои сакаат да ги доведат врз другите, и љубат другите да ги страдаат, може да дојдат врз нив самите најмногу;
14 За тие исто така да бидат разочарани, и нивните надежи да бидат отсечени.
15 И не е после многу години, кога тие и нивното потомство ќе бидат збришани под небесата, кажа Бог, и ниту еден од нив нема да е оставен да стои пред ѕидот.
16 Проколнати се сите кои ќе ја кренат петата против Моите помазани, кажа Господ, и довикат дека тие се грешеа кога не грешеа пред Мене, кажа Господ, но го сторија тоа што беше соодветно во Моите очи, и за кое им заповедав.
17 Но тие што довикуваат за престапи го прават тоа бидејќи тие се слуги на гревот, и се децата на непослушноста самите.
18 И тие што лажно ветуваат против Моите слуги, со цел да ги донесат во заробеништво и смрт—
19 Тешко на нив; поради тоа што тие ги имаат навредено Моите мали и ќе бидат оддалечени од обредите на Мојот дом.
20 Нивните кошница нема да бидат полни, нивните домови и нивните штали ќе исчезнат, и тие самите ќе бидат презирани од оние кои им ласкаа.
21 Тие нема да имаат право за свештенството, ниту нивното потомство после нив од поколение до поколение.
22 Ќе беше подобро за нив за еден воденички камен да се обеси околу нивните вратови, и тие да се удават во длабочините на морето.
23 Тешко на сите тие кои го вознемируваат Мојот народ, и се возат, и убиваат, и сведочат против нив, кажа Господ на Восјките; едно поколение на отровници нема да избега од проклетсвото на пеколот.
24 Ете, Моите очи гледаат и знаат за сите нивни дела, и Јас им планирам брзо пресуда во сезоната таму, за сите нив;
25 Зашто има едно време назначено за секој човек, според тоа како неговите дела ќе бидат.
26 Бог ќе ти даде знаење преку Неговиот Свет Дух, да, преку неискажливиот дар на Светиот Дух, кој не бил откриен откако светот беше до сега;
27 Што нашите предци го чекале со нетрпеливо очекување да биде откриено во последните времиња, на што нивните умови биле насочени преку ангелите, како што биле држени во резерва за целината на нивната слава;
28 Време што ќе дојде во кое ништо нема да биде задржано, било да има еден Бог или многу богови, тие ќе бидат прикажани.
29 Сите тронови и владеења, кнежевства и моќи, ќе бидат откриени и истакнати врз сите кои издржале храбро за евангелието на Исус Христос.
30 И исто, ако постои врзани за небесата, или за морињата, или за сувата земја, или за сонцето, месечината, или ѕвездите—
31 Сите времиња на нивните револуции, сите назначени денови, месеци, и години, и сите денови на нивните денови, месеци, и години, и сите нивни слави, закони, и поставени времиња, ќе бидат откриени во деновите на уредувањето на целината на времиња—
32 Според тоа што било одредено на среде Советот на Венчниот Бог на сите други богови пред да биде овој свет, тоа треба да биде резервирано при самото завршување и крај, кога секој човек ќе влезе во неговото вечно присуство и во неговиот бесмртен мир.
33 Колку долго можат тркалачките води да останат нечисти? Која моќ ќе ги запира небесата? Толку успешно би бил еден човек да ја испружи неговата малечка рака да ја запре реката Мисури во нејзиниот одреден тек, или да ја врти спротиводно, колку да го спречи Семоќниот од излевање на знаење од небесата врз главите на Светците од Подоцнежните Дни.
34 Ете, постојат многу повикани, но малку се одбрани. А зошто не се одбрани?
35 Поради тоа што нивните срца се поставени толку многу врз нештата на овој свет, и се стремат кон чест од луѓето, зашто не научат за оваа лекција—
36 Дека правата на свештенството се неразделиво поврзани со моќите на небесата, и дека моќите на небесата не може да бидат контролирани ниту ракувани освен врз принципите на праведноста.
37 Дека може да ни бидат предадени врз нас, тоа е вистина; но кога ќе се нафатиме да ги покриеме нашите гревови, или да ја оправдаме нашата гордост, нашата суетна амбиција, или да практикуваме контрола или владеење врз душите на човечките деца, во било кој степен на неправедност, ете, небесата се повлечат; Духот на Господ е нажален; и кога е повлечен, Амин на свештенството односно на власта на тој човек.
38 Ете, пред да биде свесен, тој е оставен на себеси, да удира против стаповите, да ги прогонува светците, и да се бори против Бог.
39 Ние сме научиле преку тажни искуства дека тоа е природата и наклонетост на речиси сите луѓе, штом ќе добијат малку власт, како што претпоставуваат, тие веднаш ќе започне да практикуваат неправилна власт.
40 Затоа многу се повикани, но малку се одбрани.
41 Ниту една моќ ниту влијание не може да биде ниту не треба да биде одржано преку доблест на свештенството, само преку убедување, преку макотрпност, преку нежност и питомост, и преку љубов искрена;
42 Преку љубезност, и чисто знаење, кое многу ќе ја зголеми душата без лицемерие, и без лукавост—
43 Прекорувајќи понекогаш со острина, кога си потикнат од Светиот Дух; и тогаш покажувајќи напред едно зголемување на љубов кон него кој си го прекорил, за тој да не те смета како неговиот непријател;
44 Дека тој може да знае за твојата верност е посилна отколку конците на смртта.
45 Нека твоите утрови бидат исполнети со благодарност кон сите луѓе, и домаќинството на вера, и нека доблеста ги краси твоите мисли незапирливо; тогаш твојата доверба ќе се засили во присуство на Бог; и учењето на свештенството ќе капе врз душата како роса од небесата.
46 Светиот Дух ќе биде твој постојан сопатник, и твој скиптар еден непроменлив скиптар на праведноста и вистината; и твој владеење ќе биде вечно владеење, и без задолжителни средства ќе тече засекогаш и секогаш.