Поглавје 122
Словото на Господ до Џозеф Смит Пророкот, додека е затвореник во затворот Либерти, Мисури. Овој дел е извадок од едно послание до Црквата кое датира од 20 Март 1839, (видете наслов на поглавје 121).
1–4, Краиштата на земјата ќе прашуваат за името на Џозеф Смит; 5–7, Сите негови опасности и патувања ќе му дадат искуство и ќе бидат за негово добро; 8–9, Синот на Човекот се спуштил под сите нив.
1 Краиштата на земјата ќе прашаат откако твоето име, и будали ќе те имаат во потсмев, и пекол ќе бесне против тебе;
2 Додека чистите во срцето, и мудрите, и благородните, и доблесните, ќе бараат совет, и власт, и благослови постојано под твојата рака.
3 И твојот народ никогаш нема да се заврти против тебе преку сведоштво на предавници.
4 И иако нивното влијание ќе те префрли во неволја, и во решетки и ѕидови; ти ќе постоиш со чест; и за кратко време и твојот глас ќе биде поужасен на среде твоите непријатели отколку жестокиот лав, поради твојата праведност; и твојот Бог ќе стои покрај тебе секогаш и засекогаш.
5 Ако ти си повикан да поминеш низ неволја; ако ти си во опасност помеѓу лажни браќа; ако ти си во опасности помеѓу крадци; ако ти си во опасноти преку земја или море;
6 Ако ти си обвинет со сите видови на лажни обвинувања; ако твоите непријатели паднат врз тебе; ако те расцепуваат од друштвото на твојот татко и мајка и браќа и сестри; и ако со повлечен меч твоите непријатели те расцепуваат од градите на твојата сопруга, и вашиот потомок, и вашиот постар син, иако има само шест години, ќе биде приврзан за твоите облеки, и ќе каже, Мојот татко, мојот татко, зошто не можеш да останеш со нас? О, мој татко, што ќе сторат луѓето со тебе? И ако тогаш тој ќе биде прободен од тебе со мечот, и ти ќе бидеш повлечен во затвор, и твоите непријатели ќе те растргнат наоколу како волци за крвта на јагнето;
7 И ако ти бидеш фрлен во дупката, или во рацете на убијците, и казната е смрт спроведена за тебе; ако ти си фрлен во длабока; ако брановите се издигаат против тебе; ако жестоки ветришта станат твој непријател; ако небесата се затемни, и сите елементи се соберат да го издигнат патот; и над се, ако самите вилици на пеколот ќе ја отворат устата широко по тебе, знај синко, дека сите овие нешта ќе ти дадат искуство, и ќе бидат добри за тебе.
8 Синот на Човекот има спуштено под сите нив. Дали си ти поголем од Него?
9 Затоа, држи го твојот пат, и свештенството ќе остане со тебе; зашто нивните врски се поставени, тие не можат да поминат. Твоите денови се познати, и нивните години нема да бидат вбројани помалку; затоа, не плашете се од тоа што човек може да стори, зашто Бог ќе биде со тебе секогаш и засекогаш.