Свети Писма
Учење и Завети 137


Поглавје 137

Визија дадена на Џозеф Смит Пророкот, во храмот во Киртланд, Охајо, 21 Јануари, 1836. Пригодата беше послужувањето на обредите во подготовка за посветување на храмот.

1–6, Пророкот го гледа неговиот брат Алвин во селестијалното царство; 7–9, Учењето за спасение за мртвите се открива; 10, Сите деца се спасени во селестијаното царство.

1 Небесата беше отворена при нас, и јас го здогледав селестијалното царство на Бог, и тамошната слава, било да е во телото или надвор јас не можам да кажам.

2 Јас видов трансцедентната убавина на портата преку која наследниците на царството ќе влезат, која беше како пламени од оган кои кружат;

3 Исто пламнатиот трон на Бог, каде што беа седнати Отецот и Синот.

4 Јас ги видов убавите улици на тоа царство, кое имаше налик како да е асвалтирано со злато.

5 Јас го видов Таткото Адам и Авраам; и мојот татко и мојата мајка; мојот брат Алвин, кои долго спиеја;

6 И се чудев како тој беше стекнал наследство во тоа царство, гледајќи дека тој беше го напуштил овој живот пред Господ да ја испружи Неговата рака да го собере Израел по втор пат, и не беше крстен за опростување на гревови.

7 Така дојде гласот на Господ при мене, велејќи: Сите кои умреле без знаење за ова евангелие, кои би го примиле ако им било дозволено да живеат, ќе бидат наследници на селестијалното царство на Бог;

8 Исто така сите кои ќе умрат отсега натаму без тоа знаење, кои би го примиле со целите нивни срца, ќе бидат наследници на тоа царство;

9 Зашто Јас, Господ, ќе им судам на сите луѓе според нивните дела, според желбата на нивните срца.

10 И јас исто здогледав дека сите деца кои умираат пред да стигнат на содветна возраст се спасени во селестијалното царство на небесата.