Свети Писма
Учење и Завети 14


Поглавје 14

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Давид Витмер, кај Фајет, Њујорк, Јуни 1829. Семејството Витмер стана многу заинтересирано во преводот на Книгата на Мормон. Пророкот го воспостави неговото живеалиште во домот на Петар Витмер Сен., каде што живеел додека делото на превод не беше носено до завршување и заштитените права на претстојната книга беа обезбедени. Тројца од синовите на Витмер, секој од нив примил сведоштво за автентичноста на делото, станаа длабоко загрижени за работата за нивно индивидуална должност. Ова откровение и двете следни (поглавја 15 и 16) беа дадени како одговор за прашање преку Урим и Тумим. Дејвид Витмер подоцна стана еден од Тројцата Сведоци за Книгата на Мормон.

1–6, Работниците во лозјето ќе добијат спасение; 7–8, Вечен живот е најголемиот од даровите на Бог; 9–11, Христос ги создаде небесата и земјата.

1 Едно големо и чудесно дело наскоро ќе се појави помеѓу човечките деца.

2 Ете, Јас сум Бог; послушај го Моето слово, кое е брзо и моќно, поостро отколку еден меч со две острици, до распукувањето и на зглобови и на срж; затоа послушај го Моето слово.

3 Ете, полето е бело спремно за жетва; затоа, кој и да посакува да жнее нека го забие неговиот срп со неговата моќ, и нека жнее додека трае денот, за да може да негува за неговата душа вечно спасение во царството на Бог.

4 Да, кој и да го забие неговиот срп и жнее, истиот е повикан од Бог.

5 Затоа, ако бараш од Мене ќе добиеш; ако тропнеш ќе ти биде отворено.

6 Барај да го донесеш и воспоставиш Мојот Сион. Одржувај ги Моите заповеди во сите нешта.

7 И, ако ги одржуваш Моите заповеди и издржиш до крај ќе имаш вечен живот, кој дар е најголемиот од сите дарови на Бог.

8 И ќе се случи, дека ако бараш од Отецот во Мое име, со вера, ќе го добиеш Светиот Дух, со кој дава искажување, за да можеш да стоиш како сведок за нештата кои и ќе ги слушнеш и видиш, и исто така да можеш да објавиш покајание на ова поколение.

9 Ете, Јас сум Исус Христос, Синот на живиот Бог, кој ги создаде небесата и земјата, една светлина која не може да биде скриена во темнина;

10 Затоа, Јас морам да ја донесам целината на Моето евангелие од Неевреите при домот на Израел.

11 И ете, ти си Дејвид, и ти си повикан да помагаш; што ако го направиш, и си верен, ќе бидеш благословен и духовно и привремено, и голема ќе биде твојата награда. Амин.