Свети Писма
Учење и Завети 18


Поглавје 18

Откровение до Џозеф Смит Пророкот, Оливер Каудери, и Дејвид Витмер, дадено кај Фајет, Њујорк, Јуни 1829. Според Пророкот, ова откровение го обелодени „повикот на дванаесетте апостоли во овие последни денови, и исто така упатство поврзано со градењето на Црквата.“

1–5, Светите писма покажуваат како да се изгради Црквата; 6–8, Светот созрева во беззаконие; 9–16, Вредноста на душите е голема; 17–25, За да стекнат спасение, луѓето мораат да го преземат името на Христос; 26–36, Повикот и мисијата на Дванаесетте се откриени; 37–39, Оливер Каудери и Дејвид Витмер треба да ги бараат Дванаесетте; 40–47, За да стекнат спасение, луѓето мораат да се покајат, бидат крстени, и да ги одржуваат заповедите.

1 Сега, ете, поради тоа нешто што ти, Мој слуга Оливер Каудери, си посакувал да знаеш од Мене, Јас ти ги давам овие зборови:

2 Ете, Јас сум ти прикажал на тебе, од Мојот Дух во многу случаи, дека нештата кои си ги напишал се вистинити; затоа знаеш дека се вистинити.

3 И ако знаеш дека се вистинити, ете, Јас ти давам заповед, да се потпреш на нештата кои се напишани;

4 Зашто во нив се напишани сите нешта во врска со основата на Мојата црква, Моето евангелие, и Мојата карпа.

5 Затоа, ако ја изградиш Мојата црква, врз основата на Моето евангелие и Мојата карпа, портите на пеколот нема да преовладаат против тебе.

6 Ете, светот созрева во беззаконие; и мора да се случи човечките деца да се наведени на покајание, и Неевреите и исто така Израеловиот Дом.

7 Затоа, бидејќи си бил крстен од рацете на Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., според тоа што Јас сум му го заповедал, тој го исполни нештото кое Јас го заповедав.

8 И сега, не чуди се што го повикав него за Моја сосптвена цел, која цел Мене ми е позната; затоа, ако тој биде трудољубив во одржување на Моите заповеди тој ќе биде благословен при вечен живот; и неговото име е Џозеф.

9 И сега, Оливер Каудери, Јас ти велам на тебе, и исто на Дејвид Витмер, според начинот на заповедање; зашто, ете, Јас им заповедам на сите насекаде да се покајат, и Јас ви говорам, исто како што и на Павле Мојот апостол, зашто сте повикани со ист повик со кој тој беше повикан.

10 Запомнете дека вредноста на душите е голема во очите на Бог;

11 Зашто, ете, Господ вашиот Иксупител страдаше смрт во телото; затоа Тој ја страдаше болката на сите луѓе, за сите луѓе да можат да се покајат и да дојдат при него.

12 И Тој воскреснал повторно од мртвите, за да ги донесе сите луѓе кај него, при услови на покајание.

13 И колку е големо неговата радост за душата која се покајува!

14 Затоа, вие сте повикани да му довикувате покајание на овој народ.

15 И ако се случи дека работите сите ваши денови во довикување покајание на овој народ, и донесете само една душа при Мене, колку голема ќе биде вашата радост со него во царството на Мојот Отец!

16 И сега, ако вашата радост ќе биде голема од една душа која сте ми ја донеле во царството на Мојот Отец, колку голема ќе биде вашата радост ако вие донесете многу души при Мене!

17 Ете, вие го имате Моето евангелие пред вас, и Мојата карпа, и Моето спасение.

18 Барајте од Отецот во Мое име со вера, верувајќи дека ќе добиете, и вие ќе го имате Светиот Дух, кој ги прикажува сите нешта кои се целисходни при човечките деца.

19 И ако немате вера, надеж, и милосрдие, не можете да направите ништо.

20 Не препирајте се против ниедна црква, освен ако е црквата на ѓавлот.

21 Преземете го врз вас името на Христос и говорете ја вистината во трезвеност.

22 И онолку колку што се покајат и се крстени во Мое име, кое е Исус Христос, и издржат до крај, истите ќе бидат спасени.

23 Ете, Исус Христос е името кое е дадено од Отецот, и не постои ниту едно друго име дадено со кое човек може да се спаси;

24 Затоа, сите луѓе мораат да го преземат врз себе името кое е дадено од Отецот, зашто во тоа име тие ќе бидат нарекувани на последниот ден;

25 Затоа, ако не го знаат името по кое се нарекувани, не можат да имаат место во царството на Мојот Отец.

26 И сега, ете, има други кои се повикани да го објават Моето евангелие, и при Неевреите и при Евреите;

27 Да, дури и дванаесет; и Дванаесетте ќе бидат Мои ученици, и ќе го преземат Моето име врз нив; и Дванаестте се оние кои ќе посакуваат да го преземат Моето име со цела намера на срцето.

28 И ако тие посакаат да го преземат Моето име врз нив со цела намера на срцето, тие се повикани да одат во сиот свет да го проповедаат Моето евангелие при секое суштество.

29 И тие се тие кои се ракоположени од Мене да крштаваат во Мое име, според тоа што е напишано;

30 И вие го имате тоа што е напишано пред вас; затоа, морате да го изведете според зборовите кои се напишани.

31 И сега Јас ви говорам на вас, Дванаесетте—Ете, Мојата благодат е доволна за вас; морате да чекорите исправено пред Мене и да не грешите.

32 И ете, вие сте тие кои сте ракоположени од Мене да ракоположувате свештеници и учители; да го објавувате Моето евангелие, според моќта на Светиот Дух која е во вас, и според повиците и даровите на Бог при луѓето;

33 И Јас, Исус Христос, вашиот Господ и вашиот Бог, сум го говорел тоа.

34 Овие зборови не се од Моите луѓе ниту од човек, туку од Мене; затоа, ќе сведочите дека се од Мене а не од човек;

35 Зашто тоа е Мојот глас кои ви го говори на вас; зашто тие се дадени од Мојот Дух при вас, и преку Мојата моќ можете да ги читате едни со други; и ако не е Мојата моќ не би можеле да ги имате;

36 Затоа, вие можете да сведочите дека сте го слушнале Мојот глас, и ги знаете Моите зборови.

37 И сега, ете, Јас ви давам на вас, Оливер Каудери, и исто така Дејвид Витмер, дека ќе ги барате Дванаесетте, кои ќе ги имаат желбите за кои сум говорел;

38 И преку нивните желби и нивните дела ќе ги познаете.

39 И кога сте ги пронашле тогаш ќе им ги покажете овие нешта на нив.

40 И вие ќе паднете и ќе го обожавате Отецот во Мое име.

41 И морате да му проповедате на светот, велејќи: Вие морате да се покаете и да бидете крстени, во името на Исус Христос;

42 Зашто сите луѓе мора да се покајат и да бидат крстени и не само мажи, туку и жени, и деца кои пристигнале при годините на одговорност.

43 И сега, откако сте го примиле ова, морате да ги одржувате Моите заповеди во сите нешта;

44 И преку вашите раце Јас ќе делувам едно чудесно дело помеѓу децата на луѓето, при убедувањето на многу за нивните гревови, за да можат да дојдат до покајание, и дека можат да дојдат при царството на Мојот Отец.

45 Затоа, благословите кои Јас ви ги давам се над сите нешта.

46 И откако сте го примиле ова, ако вие не ги одржувате Моите заповеди вие не можете да бидете спасени во царството на Мојот Отец.

47 Ете, Јас, Исус Христос, вашиот Господ и вашиот Бог, и вашиот Искупител, преку моќта на Мојот Дух сум го говорел тоа. Амин.