Свети Писма
Учење и Завети 19


Поглавје 19

Откровение дадено преку Џозеф Смит, во Манчестер, Њујорк, веројатно во летото 1829. Во Неговата историја Пророкот го претставува како „заповед од Бог а не од човек, до Мартин Харис, дадено преку Тој што е Вечен.“

1–3, Христос ја има сета моќ; 4–5, Сите луѓе мора да се покајат или да страдаат; 6–12, Вечната казна е казната на Бог; 13–20, Христос страдаше за сите, за тие да не страдаат ако се покајат; 21–28, Проповедај го евангелието на покајание; 29–41, Објавувај добри вести.

1 Јас сум Алфа и Омега, Христос Господ; да, навистина Јас сум Тој, почетокот и крајот, Искупителот на светот.

2 Јас, бидејќи сум ја постигнал и завршил волјата на оној чиј сум, дури и Отецот, во врска со Мене—бидејќи сум го сторил тоа за Јас да можам да ги совладам сите нешта во себеси—

3 Задржувајќи ја сета моќ, дури и до уништување на Сатаната и неговите дела на крајот на светот, и последниот голем ден на судот, кој Јас ќе им го пренесам на тамошните жители, судејќи го секој човек според неговите дела и делата кои тој ги сторил.

4 И сигурно секој човек мора да се покае или да страда, зашто Јас, Бог, сум бескраен.

5 Затоа, Јас не ги повлекувам пресудите кои Јас ќе ги донесам, туку неволја ќе оди напред, жалење, цимолење и крцкање на заби, да, за оние кои се најдени на Мојата лева рака.

6 Сепак, тоа не е напишано дека нема да има крај на ова мачење, туку е напишано бескрајно мачење.

7 Повторно, запишано е вечно проклетсво; затоа е појасно од другите свети писма, за да може да делува на срцата на човечките деца, сите заедно за славата на Моето име.

8 Затоа, Јас ќе ти ја објаснам оваа мистерија, зашто соодветно е да знаеш така како што и Моите апостоли.

9 Јас ти говорам на тебе кој си одбран за ова нешто како едно, за да влезеш во Мојата почивка.

10 Зашто, ете, мистеријата на божественоста, колку е голема! Зашто, ете, Јас сум бескраен, и казната која е дадена од Мојата рака е бескрајна казна, зашто Бескрајниот е Моето име. Затоа—

11 Вечната казна е казната на Бог.

12 Бескрајната казна е казната на Бог.

13 Затоа, Јас ти заповедам да се покаеш, и да ги одржуваш заповедите кои си ги примил од раката на Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., во Мое име;

14 И тоа е поради Мојата семоќна моќ зошто си ги примил;

15 Затоа Јас ти заповедам да се покаеш—покај се, за да не ве удрам од прачката на Мојата уста, и со Мојот гнев, и со Мојата лутина, и твоите страдања да бидат болни—колку болни не знаеш, колку интензивни не знаеш, колку тешки да се носат не знаеш.

16 Зашто ете, Јас, Бог, сум страдал од овие нешта за сите, за тие да можат да не страдаат ако се покајат;

17 Но ако не се покајат тие мораат да страдаат дури како и Јас;

18 Кое страдање предизвика Јас Самиот, и тоа Бог, најголемиот од сите да трепери поради болка, и да крвари на секоја пора, и да страда и во тело и во дух—и сакав да не треба да пијам од горчливата чаша, и да се повлечам—

19 Сепак, слава му на Отецот, и Јас пиев и ги завршив Моите подготовки за човечките деца.

20 Затоа, Јас ти заповедам повторно да се покаеш, за да не те понизам со Мојата семоќна моќ; и дека ги признаеш твоите гревови, за да не ги страдаш овие казни за кои сум говорел, за кои најмало, да и тоа во најмал степен си ги вкусил во времето кога го повлеков Мојот Дух.

21 И Јас ти заповедам да проповедаш ништо освен покајание, и да не ги покажеш овие нешта на светот додека не е мудрост во Мене.

22 Зашто тие не можат да поднесат месо сега, но млеко мораат да примаат; затоа, тие не треба да ги знаат овие нешта, за да не загинат.

23 Учи од Мене, и слушај ги Моите зборови; чекори во питомоста на Мојот Дух, и ќе имаш мир во Мене.

24 Јас сум Исус Христос; Јас дојдов по волјата на Отецот, и Јас ја правам неговата волја.

25 И повторно, Јас ти заповедам дека ти нема да ја посакуваш жената на твојот сосед; ниту ќе го бараш животот на твојот сосед.

26 И повторно, Јас ти заповедам дека нема да го посакуваш својот имот, туку ќе го распределиш слободно за печатањето на Книгата на Мормон, која ја содржи вистината и словото на Бог—

27 Кое е Моето слово до Неевреите, за да оди наскоро до Евреите, за кои Ламанитите се остаток, за да веруваат во евангелието, и да не бараат еден Месија да дојде кој веќе дошол.

28 И повторно, Јас ти заповедам дека ти ќе се молиш гласно а исто и во твоето срце; да, пред светот а исто и тајно, јавно како и приватно.

29 И ти ќе објавиш мили вести, да, ќе ги објавиш на планините, и врз секое високо место, и врз секој народ кој ќе ти биде дозволено да го видиш.

30 И ќе го правиш тоа со многу понизност, верувајќи во Мене, не бунејќи се против бунтовници.

31 И за постулати нема да зборуваш, туку ќе објавиш покајание и вера на Спасителот и опростување од гревови преку крштавање, и преку оган, да, дури и Светиот Дух.

32 Ете, ова е големиот и последната заповед која Јас ќе ти ја дадам во врска со оваа работа; зашто ова ќе биде доволно за твоето дневно одење, и тоа до крајот на животот.

33 И мизерија ќе примиш ако ги занемариш овие совети, да, дури и уништување на тебе и твојот напредок.

34 Распредели една порција од твојот имот, да, дури и дел од твоите земји, и сè освен поддршката на твоето семејство.

35 Плати го долгот кој си го договорил со печатарот. Ослободи се од ропство.

36 Излези од твојата куќа и дом, освен кога ќе сакаш да го видиш твоето семејство;

37 И говори слободно на сите; да, проповедај, охрабри, објави ја вистината, дури и со голем глас, со звук на радост, довикувајќи—Хосана, хосана, благословено нека е името на Господ Бог!

38 Моли се секогаш, и Јас ќе го излеам Мојот Дух врз тебе, и голем ќе биде твојот благослов—да, дури и повеќе отколку да ги стекнеш богатствата на земјата и расипаноста на тамошното ниво.

39 Ете, не можеш ли да го читаш ова без да се радуваш и да го креваш твоето срце за радост?

40 Или можеш ли да трчаш подолго како еден слеп водач?

41 Или можеш ли да бидеш понизен и скромен, и да се однесуваш мудро пред Мене? Да, дојди при Мене твојот Спасител. Амин.