Поглавје 21
Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, кај Фајет, Њујорк, 6 Април 1830. Ова откровение беше дадено во времето на организацијата на Црквата, на именуваната дата, во домот на Петар Витмер Сен. Шест луѓе, кои претходно биле крстени, учествувале. Преку едногласно гласање тие личности изразиле нивна желби и одлучност да организираат, според заповедта на Бог (види поглавје 20). Тие исто така гласаа да прифатат и поддржат Џозеф Смит Јун. и Оливер Каудери како претседавачки службеници на Црквата. Со ракоположување, Џозеф тогаш го одредил Оливер како старешина на Црквата, и Оливер исто така го одредил Џозеф. После послужувањето на сакраментот, Џозеф и Оливер положија раце врз учесниците индивидуално за дарување на Светиот Дух и за потврдување на секој како член на Црквата.
1–3, Џозеф Смит е повикан да биде јасновидец, преведувач, пророк, апостол, и старешина; 4–8, Неговото слово ќе ја води целта за Сион; 9–12, Светците ќе веруваат на неговите зборови кога тој зборува преку Утешителот.
1 Ете, ќе има еден запис чуван помеѓу вас; и во него ти ќе бидеш наречен јасновидец, преведувач, пророк, апостол на Исус Христос, старешина на црквата преку волјата на Бог Отецот, и благодатта на вашиот Господ Исус Христос,
2 Да се биде инспириран од Светиот Дух да ја положиш тамошната основа, и да ја изгради на најсветата вера.
3 Која црква беше организирана и воспоставена во годината на вашиот Господ илјада осумстотини и триеста, на четвртиот месец, и на шестиот ден на месецот кој е наречен Април.
4 Затоа, мислејќи на црквата, вие ќе ги послушате сите негови зборови и заповеди кои тој ќе ви ги даде како што тој ги прима, чекорејќи во сета светост пред Мене;
5 Зашто неговото слово ќе го примите, како да е од Мојата уста, со сето трпение и вера.
6 Зашто со тоа што ќе ги правите овие нешта портите на пеколот нема да преовладаат против вас; да, и Господ Бог ќе ги распрсне моќите на темнината од пред вас, и ќе предизвика небесата да се тресат за ваше добро, и слава на Неговото име.
7 Зашто така кажа Господ Бог: Него го инспирирав да ја напредува целта на Сион со моќна сила за добро, и неговата трудољубивост Јас ја знам, и неговите молитви Јас сум ги слушнал.
8 Да, неговото жалење за Сион Јас го видов, и Јас ќе предизвикам тој да не жали повеќе; зашто неговите денови за радување се дојдени до опростувањето на неговите гревови, и неговите прикажувања на Моите благослови врз неговите дела.
9 Зашто, ете, Јас ќе ги благословам сите тие кои работат во Моето лозје со моќен благослов, и тие ќе веруваат во неговите зборови, кои му се дадени преку Мене од Утешителот, кој прикажува дека Исус беше распнат од грешни луѓе за гревовите на светот, да, за опростувањето на гревови на покајничкото срце.
10 Затоа потребно ми е тој да биде одреден од тебе, Оливер Каудери Мој апостолу;
11 Ова како обред при тебе, дека ти си старешина под неговата рака, тој е првиот при тебе, за да можеш да бидеш старешина на оваа црква на Христос, носејќи го Моето име—
12 И првиот проповедник за оваа црква при оваа црква, и пред светот, да, пред Неевреите; да, и така кажа Господ Бог, ете, ете! на Евреите исто. Амин.