Свети Писма
Учење и Завети 23


Поглавје 23

Една серија од пет откровенија дадени преку Џозеф Смит Пророкот, во Манчестер, Њујорк, Април 1830, до Оливер Каудери, Хајрим Смит, Самуел Х. Смит, Џозеф Смит Сен., и Џозеф Најт Сен. Како резултат на најискрена желба од страната на петте личности именувани да знаат за нивните почитувани должности, Пророкот го праша Господ и доби откровение за секоја личност.

1–7, Овие рани ученици се повикани да им проповедаат, да ги охрабруваат, и да ја засилат Црквата.

1 Ете, Јас ти говорам на тебе, Оливер, неколку зборови. Ете, ти си благословен, и не си под осуда. Но внимавај од гордоста, за да не влезеш во искушение.

2 Направи го твојот повик да биде познат при црквата, и исто пред светот, и твоето срце ќе биде отворено за да проповеда за вистината од тука натаму и засекогаш. Амин.

3 Ете, Јас ти говорам на тебе, Хајрим, неколку зборови; зашто ти исто така не си под осуда, и твоето срце е отворено, и твојот јазик е ослободен; и твојот повик е за образложување, и да ја засилуваш црквата постојано. Затоа твојата должност е кон црквата засекогаш, и ова заради твоето семејство. Амин.

4 Ете, Јас говорам неколку зборови на тебе, Самуел; зашто ти исто така не си под осуда, и твојот повик е за образложување, и да ја зацврстиш црквата; и ти за сега не си повикан да го проповедаш пред светот. Амин.

5 Ете, Јас ти говорам на тебе, Џозеф; зашто ти исто така не си под осуда, и твојот повик е исто за охрабрување, и да ја зацврстиш црквата; и ова е твојата должност од тука натаму и засекогаш. Амин.

6 Ете, Јас ти прикажувам на тебе, Џозеф Најт, преку овие зборови, дека мораш да го преземеш твојот крст, со кој мораш да се молиш гласно пред светот а и во тајност, и со твоето семејство, и помеѓу твоите пријатели, и на сите места.

7 И, ете, тоа е твоја должност да се обединиш со вистинската црква, и да го дадеш твојот јазик за образложување постојано, за да можеш да ја примиш наградата на работникот. Амин.