Поглавје 25
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, кај Хармони, Пенсилванија, Јули 1830 (види го насловот на поглавје 24). Ова откровение ја прикажува волјата на Господ за Ема Смит, жената на Пророкот.
1–6, Ема Смит, одбрана дама, е повикана да му помогне и да го утеши нејзиниот сопруг; 7–11, Таа е исто така повикана да пишува, да ги образложува светите писма, и да одбере химни; 12–14, Песната на праведните е молитва на Господ; 15–16, Принципите на послушноста во ова откровение се применливи за сите.
1 Послушај го гласот на Господ, твојот Бог, додека Јас ти зборувам, Ема Смит, ќерко Моја; зашто навистина Јас ти велам, сите тие кои го примаат Моето евангалие се синови и ќерки во Моето царство.
2 Едно откровение ти давам во врска со Мојата волја; и ако си верна и чекориш по патиштата на доблеста пред Мене, Јас ќе го сочувам твојот живот, и ти ќе добиеш наследство во Сион.
3 Ете, твоите гревови ти се простени тебе, и ти си одбрана дама, која Јас сум ја повикал.
4 Не мрмори поради нештата кои не ги гледаш, зашто тие се задржани од тебе и од светот, што е мудрост во Мене за времето што следува.
5 И службата на твојот повик ќе биде утеха за Мојот слуга, Џозеф Смит, Јун., твојот сопруг, во неговите неволји, со утешителни зборови, во духот на питомоста.
6 И ти ќе одиш со него во времето на неговото одење, и ќе бидеш за него писарка, кога нема никој да биде писар за него, за да може да го испратам Мојот слуга, Оливер Каудери, каде и да одлучам.
7 И ти ќе бидеш одредена под неговата рака да ги образложуваш светите писма, и да ја охрабруваш црквата, според тоа што ќе ти биде дадено од Мојот Дух.
8 Зашто тој ќе ги положи неговите раце врз тебе, и ќе го примиш Светиот Дух, и твоето време ќе биде посветено во пишување, и учење многу.
9 И не треба да се плашиш, зашто твојот сопруг ќе те поддржува во црквата; зашто кон нив е неговиот повик, за сите нешта да можат да бидат откриени при нив, како и да сакам, според нивната вера.
10 И вистина Јас ти велам дека ќе ги положиш настрана нештата на овој свет, и ќе ги бараш нештата на подобар свет.
11 И ќе ти биде дадено на тебе, исто, да направиш избор на свети химни, како што ќе ти биде дадено, тоа што ми е задоволително на Мене, да ги има во Мојата црква.
12 Зашто Мојата душа се воодушевува во песната на срцето; да, песната на праведните е молитва за Мене, и ќе биде одговорена со благослов врз нивните глави.
13 Затоа, крени го срцето и радувај се, и држи се до заветите кои ти ги склучи.
14 Продолжи во духот на питомоста, и чувај се од гордоста. Нека твојата душа се радува во твојот сопруг, и во славата која ќе дојде при него.
15 Одржувај ги Моите заповеди постојано, и круна на праведност ќе добиеш. И освен ако не го направиш ова, каде што сум Јас не можеш да дојдеш.
16 И вистина, вистина, Јас ти велам, дека ова е Мојот глас при сите. Амин.