Свети Писма
Учење и Завети 27


Поглавје 27

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, кај Хармони, Пенсилванија, Август 1830. Во подготовки за богослужба во која сакраментот од леб и вино ќе биде послужен, Џозеф излезе да наточи вино. Тој беше сретнат од небесен гласник и го доби ова откровение, дел од кој беше напишан во тоа време и остатокот во следниот Септември. Вода сега се користи наместо вино во сакраменталните служби на Црквата.

1–4, Амблемите кој ќе бидат користени за земање на сакраментот се поставени; 5–14, Христос и Неговите слуги од сите уредувања треба да земат од сакраментот; 15–18, Ставете го целиот оклоп на Бог.

1 Слушни го гласот на Исус Христос, твојот Господ, твојот Бог, и твојот Искупител, чие слово е брзо и моќно.

2 Зашто, ете, Јас ти велам на тебе, дека не е важно што ќе јадеш или што ќе пиеш кога земаш од сакраментот, ако се случи дека го правиш тоа со око посветено на Мојата слава—помнејќи го при Отецот Моето тело кое беше положено за тебе, и Мојата крв која беше пролеана за опростувањето на твоите гревови.

3 Затоа, една заповед Јас ти давам, дека нема да купуваш вино ниту јаки пијалаци од твоите непријатели;

4 Затоа, нема да земаш од никакви освен ако е направено ново помеѓу вас; да, во ова царството на Мојот Отец кое ќе биде изградено на земјата.

5 Ете, ова е мудрост во Мене; затоа, не чуди се, зашто доаѓа час кога Јас ќе пијам од плодот на лозата со тебе на земјата, и со Морони, кои Јас сум ги испратил кај тебе да ја открија Книгата на Мормон, која ја содржи целината на Моето вечно евангелие, на кој ги посветив клучевите на записот на стапот на Ефрем;

6 И исто така со Илија, на кому Јас му ги посветив клучевите на остварувањето на обновувањето на сите нешта проговорени од устата на сите свети пророци откако започна светот, во врска со последните денови;

7 И исто така Јован синот на Захарија, кој Захарија тој (Илија) го посети и му вети дека тој ќе има син, и неговото име ќе биде Јован, и тој ќе биде исполнет со духот на Илија;

8 Кој Јован Јас го испратив на вас, Мои слуги, Џозеф Смит, Јун., и Оливер Каудери, да ве одреди на првото свештенство кои вие сте го примиле, за да можете да бидете повикани и одредени дури како Арон;

9 И исто Илија, на кому Јас сум му ги посветил клучевите на моќ на вртење на срцата на татковците кон децата, и срцата на децата кон татковците, за целата земја да не биде удрена со клетва;

10 И исто со Џозеф и Јаков, и Исак, и Аврам, вашите татковци, преку кои ветувањата остануваат;

11 И исто со Михаил, или Адам, таткото на сите, принцот на сите, древениот на денови;

12 И исто со Петар, и Јаков, и Јован, кои Јас ви ги испратив, преку кои Јас сум ве одредил вас и ве потврдил да бидете апостоли, и специјални сведоци на Мое име, и да ги поседувате клучевите на вашето служење и за истите нешта кои Јас им ги открив;

13 На кого Јас сум ги посветил клучевите на Моето царство, и едно уредување на евангелието за последните времиња; и за целината на времиња, во која Јас ќе ги соберам заедно во едно сите нешта, и кои се на небесата, и кои се на земјата;

14 И исто со сите оние кои Мојот Отец ми ги дал на Мене надвор од светот.

15 Затоа, крени го срцето и радувај се, и опашај ги твоите бедра, и преземи го Мојот цел оклоп, за да можеш да го издржиш злобниот ден, имајќи направено сè, за да можеш да стоиш.

16 Стој, затоа, имајќи ги твоите бедра опашани наоколу со вистината, облечувајќи се со градникот на праведноста, и твоите стапала обуени со подготовката на евангелието на мир, кое Јас го исрпатив Моите ангели да ти го посветат;

17 Земајќи го штитот на вера со кој ќе можеш да ги изгаснеш сите огнени стрели на пакосниот;

18 И земи го шлемот на спасението, и мечот на Мојот Дух, кој ќе го излеам врз тебе, и Моето слово кое ќе ти го откријам на тебе, и биди согласен во врска со сите нешта што и да побараш од Мене, и биди верни додека не дојдам, и ќе бидеш одведен, така што таму каде што сум Јас ти ќе бидеш исто. Амин.