Свети Писма
Учење и Завети 33


Поглавје 33

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Езра Таир и Нортроп Свит, кај Фајет, Њујорк, Октормври 1830. При воведување на ова откровение, историјата на Џозеф Смит потврди дека „Господ … е секогаш подготвен да ги упати тие кои трудољубиво бараа со вера.“

1–4, Работниците се повикани да го објават евангелието на единаесеттиот час; 5–6, Црквата е воспоставена, и одбраните ќе се собираат; 7–10, Покајте се, зашто царството на небесата е близу; 11–15, Црквата е изградена на карпата на евангелието; 16–18, Подгответе се за доаѓањето на Младоженецот.

1 Ете, Јас ви велам, Мои слуги Езра и Нортроп, отворете ги вашите уши и слушнете го гласот на Господ вашиот Бог, чие слово е брзо и моќно, поостро од меч со две острици, до пресечувањето на парчиња на зглобовите и срж, душа и дух; и е спознавач на мислите и намерите на срцето.

2 Зашто вистина, вистина, Јас ви велам дека сте повикани да ги кренете вашите гласови како звукот на една труба, да го објавите Моето евангелие на едн изопачена и перверзно поколение.

3 Зашто ете, полето е бело и спремно за жетва; и е единаесеттиот час, и последното време кога Јас ќе повикам работници во Моето лозје.

4 И Моето лозје стана расипано во секоја ситница и нема никој што прави добро освен неколку; и тие грешат во многу случаи поради поповштини, сите имајќи расипани умови.

5 И вистина, вистина, Јас ви велам дека оваа црква сум ја воспоставил и сум ја повикал од дивината.

6 И дури и така ќе ги соберам Моите одбрани од четирите краишта на земјата, дури и онолку колку што веруваат во Мене, и го слушаат Мојот глас.

7 Да, вистина, вистина, Јас ви велам, дека полето е бело и спремно да се жнее; затоа, забијте ги вашите српови, и жнејте со сета ваша моќ, ум, и сила.

8 Отворете ги вашите усти и ќе бидат исполнети, и ќе станете како Нефи од минатото, кој патуваше од Ерусалим во дивината.

9 Да, отворете ги вашите усти и не штедете, и ќе бидете оптоварени од сноповите врз вашите грбови, зашто ете, Јас сум со вас.

10 Да, отворете ги вашите усти и ќе бидат исполенти, велејќи: Покајте се, покајте се, и подгответе го патот на Господ, и направете ги Неговите патишта прави; зашто небесното царство е близу;

11 Да, покајте се и бидете крстени, сите вие, за опростување на вашите гревови; да, бидете крстени и тоа со вода, и потоа доаѓа крштавањето со оган и со Светиот Дух.

12 Ете, вистина, вистина, Јас ви велам, ова е Моето евангелие; и запомнете дека тие треба да имаат вера во Мене или никако не може да бидат спасени;

13 И врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква; да, врз оваа карпа сте изградени, и ако продолжите, портите на пеколот нема да преовладаат против вас.

14 И ќе ги запомните црковните статии и завети да ги одржувате.

15 И кој и да има вера него ќе го потврдите во Мојата Црква, со ракоположувањето на рацете, и Јас ќе му го подарам дарот на Светиот Дух.

16 И Книгата на Мормон и светите писма се дадени од Мене за ваше упатство; и моќта на Мојот Дух ги оживува сите нешта.

17 Затоа, бидете верни, молете се секогаш, имајќи ги вашите лампи спремни и запалени, и масло со вас, за да бидете подготвени за доаѓањето на Младоженецот—

18 Зашто ете, вистина, вистина, Јас ви велам на вас, дека Јас доаѓам брзо. Дури и така. Амин.