Свети Писма
Учење и Завети 35


Поглавје 35

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Сидни Ригдон, во или блиску кај Фајет, Њујорк, 7 Декември 1830. Во ова време, Пророкот беше вклучен речиси дневно во преведување на Библијата. Преводот започна рано во Јуни 1830, и двајцата Оливер Каудери и Џон Витмер беа служеле како писари. Откако биле повикани за други должности, Сидни Ригдон беше повикан од божествено назначување да служи како писар на Пророкот во ова дело (види стих 20). Како вовед на записот на откровението, историјата на Џозеф Смит објавува: „Во Декември Сидни Ригдон дојде [од Охајо] да го праша Господ, и со Него дојде Едвард Партриџ. … Кратко после пристигнувањето на овие двајца браќа, така говореше Господ.“

1–2, Како луѓето може да станат синови на Бог; 3–7, Сидни Ригдон беше повикан да крштава и да го предава Светиот Дух: 8–12, Знаци и чуда се изведени од вера; 13–16, Господовите слуги ќе ги одделат нациите преку моќта на Духот; 17–19, Џозеф Смит ги држи клучевите на мистериите; 20–21, Одбраните ќе се придржат до денот на пристигнувањето на Господ; 22–27, Израел ќе биде спасен.

1 Слушнете го гласот на Господ вашиот Бог, дури Алфа и Омега, почетокот и крајот, чиј правец е еден вечен круг, тој е истиот денес, како и вчера, и засекогаш.

2 Јас сум Исус Христос, Синот на Бог, кој беше распнат за гревовите на светот, и тоа сите тие кои ќе веруваат во Моето име, за тие да станат синови на Бог, дури едно во Мене како што Јас сум едно во Отецот, како што Отецот е едно во Мене, за да бидеме едно.

3 Ете, виситна, вистина, Јас му велам на Мојот слуга Сидни, Јас те гледав тебе и твоите дела. Јас ги слушнав твоите молитви, и те подготвив за поголемо дело.

4 Ти си благословен, зашто ти ќе правиш добри нешта. Ете ти беше испратен, дури како Јован, да го подготвиш патот пред Мене, и пред Илија кој ќе дојде, и ти не го знаеше.

5 Ти крштаваше со вода при покајание, но тие не го примија Светиот Дух;

6 Но еве сега ти давам заповед, дека ќе крштаваш со вода, и тие ќе го примат Светиот Дух преку ракоположување на рацете, и тоа како апостолите од минатото.

7 И ќе се случи да биде големо дело на земјата, и тоа помеѓу Неевреите, зашто нивните будалаштини и одвратности ќе бидат прикажани во очите на целиот народ.

8 Зашто Јас сум Бог, и Мојата рака не е скратена; и Јас ќе покажам чуда, знаци, и чудесности, при сите кои веруваат во Моето име.

9 И кој и да ме замоли во Мое име со вера, тие ќе отфрлуваат ѓаволи; тие ќе исцелуваат болните; тие ќе предизвикаат слепите на прогледаат, и глувите да слушнат, и немите да зборат, и тромавите да одат.

10 И времето наскоро доаѓа кога големи нешта ќе се појават помеѓу човечките деца;

11 Но без вера ништо нема да биде покажано освен пустош врз Вавилон, истото што ги направи сите нации да пијат од виното на бесот за неговиот блуд.

12 И нема ниту еден кој прави добро освен оние кои се спремни да ја примаат целината на евангелието, кое му го испратив на ова поколение.

13 Затоа, Јас ги повикам слабите нешта на светот, тие кои се неучени и презирани, да ги одделат нациите преку моќта на Мојот Дух;

14 И нивната рака ќе биде Моја рака, и Јас ќе им бидам нивниот штит и нивниот оклоп; и Јас ќе ги опашам нивните бедра, и ќе борат мажествено за Мене; и нивните непријатели ќе бидат под нивните стапала; и Јас ќе дозволам мечот да падне во нивна корист, и преку огнот на Моето негодување ќе ги сочувам.

15 И на сиромашните и питомите ќе им се проповеда евангелието на нив, и тие ќе гледат напред за времето на Моето доаѓање, бидејќи тоа е близу—

16 И ќе ја научат параболата за смоквата, зашто и дури сега летото се ближи.

17 И Јас ја испратив целината на Моето евангелие преку раката на Мојот слуга Џозеф; и во слабоста Јас сум го благословил;

18 И Јас му дадов на него клучевите за мистеријата на тие работите кои биле запечатени, дури и нешта кои биле од основата на светот, и нештата кои ќе дојдат од ова време до времето на Моето доаѓање, ако тој се придржува во Мене, и ако не е, ќе посадам уште едно наместо него.

19 Затоа, гледај го него за да не потфрли неговата вера, и ќе биде дадено преку Утешителот, Светиот Дух, кој ги знае сите нешта.

20 И Јас ти давам една заповед на тебе—дека ти ќе пишуваш за него; и светите писма ќе бидат дадени, и тоа како што се во Моите сопствените гради, за спасението на Моите сопствени одбрани;

21 Зашто тие ќе го слушнат Мојот глас, и ќе ме видат, и нема да заспијат, и ќе го придржуваат денот на Моето доаѓање; зашто тие ќе бидат прочистени, како што и Јас сум чист.

22 И Јас ќе кажам при тебе, остани со него, и тој ќе патува со тебе; не напуштај го, и сигурно овие нешта ќе бидат исполнети.

23 И доколку не пишуваш, ете, ќе му биде дадено да пророкува; и ти ќе го проповедаш Моето евангелие и ќе ги повикаш светите пророци да ги докажат неговите зборови, како што му се дадени.

24 Одржувај ги сите заповеди и завети со кои си обврзан; и ќе ги направам небесата да се тресе за твое добро, и Сатаната ќе трепери и Сион ќе се радува врз ридовите и ќе расцвета;

25 И Израел ќе биде спасен во Мое сопствено време; и преку клучевите кои ги дадов ќе бидат водени, и нема да бидат збунети повеќе.

26 Кренете ги вашите срца и бидете среќни, вашето искупување се ближи.

27 Не плашете се, мало стадо, царството е ваше додека Јас да дојдам. Ете, Јас доаѓам брзо. Дури и така. Амин.