Поглавје 38
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Фејет, Њујорк, 2 Јануари, 1831. Пригодата беше една конференција на Црквата.
1–6, Христос ги создаде сите нешта; 7–8, Тој е насред сите Негови Светци, кои наскоро ќе го видат; 9–12, Сето тело е корумпирано пред Него; 13–22, Тој резервираше земја на ветување за Неговите Светци преку време и во вечност; 23–27, Светците им е заповедано да бидат едно и да се ценат едни со други како браќа; 28–29, Војни се предвидени; 30–33, Светците треба да им се дава моќ од високо и да одат напред помеѓу сите нации; 34–42, Црквата е заповедана да се грижи за сиромашните и загрозените и да ја бара богатствата на вечноста.
1 Така кажа Господ вашиот Бог, дури и Исус Христос, Големиот Јас Сум, Алфа и Омега, почетокот и крајот, истиот кој гледаше во широкиот простор на вечноста, и сите серафимски мноштва на небесата, пред светот да беше создаден;
2 Иситот кој знае за сите нешта, за тоа што сите нешта се присутни пред Моите очи;
3 Јас сум истиот што збореше, и светот беше направен, и сите нешта дојдоа од Мене.
4 Јас сум истиот кој го зазема тоа Сион на Енох во Моите сопствени гради; и вистина, Јас велам, колку многу што веруваа во Моето име, зашто Јас сум Исус Христос, и во Моето сопствено име, со добледта на крвта која Јас сум ја пролеал, за толку Јас сум молел пред Отецот за нив.
5 Но ете, повратокот на пакосните Јас го чував во синџири на темнина сè до судењето на големиот ден, кој ќе дојде на крајот на земјата;
6 И дури и така Јас ќе направам за пакосните да бидат задржани, кои нема да го слушнат Мојот глас туку ќе ги стврднат срцата, и тешко, тешко, тешко, е нивното проклетство.
7 Но ете, вистина, вистина, Јас ви велам на вас дека Моите очи се врз вас. Јас сум во ваша средина и не можете да ме видите;
8 Но денот доаѓа наскоро кога вие ќе ме видите Мене, и знаете дека Јас сум; зашто превезот од темнината наскоро ќе биде здробен, и тој што не е исчистен нема да се придржува на денот.
9 Затоа, опашајте ги вашите бедра и бидете подготвени. Ете, царството е ваше, и непријателот нема да надвладее.
10 Вистина Јас ви велам, вие сте чисти, но не целосно; и нема ниту еден друг со кого сум добар задоволен;
11 Зашто сите тела се корумпирани пред Мене; и моќите на темнината преовладуваат врз земјата, помеѓу човечките деца, во присуството на сите небески мноштва—
12 Што предизвика тишината да владее, и цела вечност е оболена, и ангелите ја чекаат големата заповед да жнеат низ земјата, да ги собираат тревите да можат да бидат изгорени; и, ете, непријателот е соединет.
13 И еве ви покажувам мистерија, едно нешто од тајните одаји, да се оствари дури и вашето уништување во текот на време, и сепак не знаевте;
14 Но сега Јас ви го велам, и вие сте благословени, не поради вашето беззаконие, ниту вашето срце на неверување; зашто навистина некои од вас се виновни пред Мене, но Јас ќе бидам милостив на вашата слабост.
15 Затоа, бидете вие силни од тука натаму; не се плашете, зашто царството е ваше.
16 И за вашето спасение Јас ви давам заповеди, зашто сум ги слушнал вашите молитви, и сиромашните се жалеле пред Мене, и богатите Јас ги создадов, и сите суштества се Мои, и Јас не сум пристрасен кон личности.
17 И Јас ја направив земјата богата, и ете таа е Моето подножје, затоа, Јас повторно ќе стојам врз неа.
18 И Јас настојувам и посакувам да ви дадам поголеми богатстсва, и тоа една земја на ветување, земја што плени со мед и млеко, врз која нема да има клетви кога Господ ќе дојде;
19 И Јас ќе ви ја дадам за земјата на ваше наследство, ако ја барате со сето ваше срце.
20 И ова ќе биде Мојот завет со вас, ќе ја имате земјата на ваше наследство, и за наследство за вашите деца засекогаш, додека земјата да стои, и повторно ќе ја поседувате во вечност, нема повеќе да минува.
21 Но, вистина ви велам дека со време нема да имате цар ниту владетел, зашто Јас ќе бидам ваш цар и ќе ве чувам.
22 Затоа, слушнете го Мојот глас и следете ме, и ќе бидете еден слободен народ, и нема да имате закони освен Моите закони кога ќе дојдам, зашто Јас сум ваш законодавец, и што може да ја пречи Мојата рака?
23 Но, вистина Јас ви велам, поучувајте еден со друг според службата во која што ве назначив;
24 И предизвикајте го секој човек да го процени неговиот брат како самиот себе, и да практикува доблест и светост пред Мене.
25 И повторно ви велам, предизвикајте секој човек да го процени неговиот брат како самиот себе.
26 Зашто кој човек помеѓу вас има дванаесет сина, и не е пристрасен кон нив, и тие му служат послушно, и му кажа на едниот: Биди облечен во неметка и седи тука; и на другиот: Биди облечен во партали и седи таму—и ги погледна неговите синови и вели дека сум праведен? дали сум јас праведен?
27 Ете, ова ви го дадов како парабола, и тоа е како што сум Јас. Јас ви велам бидете едно; и ако не сте едно, не си Мој.
28 И повторно, Јас ви велам дека непријателот во тајните соби ги бара вашите животи.
29 Вие слушате за војни во далечни земји, и велите дека наскоро ќе има војни во далечни земји, но не ги знаете срцата на луѓето во сопствената земја.
30 Јас ви ги кажувам овие нешта поради вашите молитви; затоа, вреднувајте ја мудроста во вашите гради, за пакоста на човекот да не ги открие овие нешта по нивната пакост, на начин на кој ќе збори во вашите уши со глас кој ќе ја тресе земјата; но ако сте подготвени нема да се плашите.
31 И да можете да ја избегате моќта на непријателот, и да се соберете при Мене како праведен народ, без дамка и без вина—
32 Затоа, за оваа цел Јас ви давам заповеди за да можете да одете во Охајо; и таму ќе ви го дадам Мојот закон; и таму ќе бидете дарувани со моќ од високо;
33 И од таму, кого и да одберам ќе оди напред помеѓу сите нации, и ќе им се каже што да прават; зашто имам големо дело положено, зашто Израел ќе биде спасен, и Јас ќе ги водам каде и да сакам, и ниту една сила нема да ја пречи Мојата рака.
34 И еве, ѝ давам на Црквата во овие области заповед, дека одредени луѓе помеѓу нив ќе бидат назначени, и ќе бидат назначени преку гласот на црквата;
35 И ќе гледаат на сиромашните и загрозените, и ќе ги послужуваат за нивно олеснување за да не страдаат; и ќе ги испратат на местото кое Јас им го заповедав.
36 И ова ќе биде нивно дело, да ги управуваат работите на имотот на оваа црква.
37 И тие кои имаат фармите кои не можат да бидат продадени, предизвикајте да бидат оставени или издадени како што се чини добро.
38 Гледајте сите нешта да се сочувани; и кога луѓето се дарувани со моќ од високо и испратени, сите овие нешта ќе бидат собрани во градите на црквата.
39 И ако барате богатствата која е волјата на Отецот да ви ја даде, вие ќе бидете најбогати од сите народи, затоа што ќе имате богатствата на вечноста; и мора да се случи дека богатствата на земјата се; Мои да ви ги дадам; но чувајте се од гордост, да не станете како Нефитите од минатото.
40 И повторно, Јас ви велам, ви давам заповед, дека секој човек, и стар и млад, и старешина, свештеник, учител, и исто така член, оди со сопствената моќ, со трудот на неговите раце, да ги подготват и да ги постигнат нештата кои Јас ги заповедав.
41 И предизвикајте го проповедањето да биде ваш предупредувачки глас, секој човек за неговиот сосед, во благост и питомост.
42 И одете вие надвор од помеѓу пакосните. Спасете се себеси. Бидете чисти вие кои ги носете садовите на Господ. Дури и така. Амин.