Свети Писма
Учење и Завети 46


Поглавје 46

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Црквата, во Киртланд, Охајо, 8 Март, 1831. Во ова рано време на Црквата, еден обединет пример за спроведување на Црковните служби се уште не сè развил. Сепак, обичај на примање само членови и искрени истражувачи во сакраменталните средби и други собири на Црквата беше станало погенерално. Ова откровение ја изразува волјата на Господ во врска со управување и спроведување на средбите и Неговото упатство за барање и спознавање на даровите на Духот.

1–2, Старешините треба да спроведуваат средби како што се водени од Светиот Дух; 3–6, Барачите на вистина не треба да се исклучени од сакраментални служби; 7–12, Прашајте го Бог и барајте ги даровите на Духот; 13–26, Вбројување на некои од овие дарови е дадено; 27–33, Црковните водачи имаат моќ да ги спознаваат нештата од Духот.

1 Послушајте, О вие народе на Мојата црква; зашто вистина Јас ви велам дека овие нешта беа говорени при вас за ваша добивка и учење.

2 Но без оглед на тие нешта кои се напишани, секогаш било дадено на старешините од Мојата црква од почетокот, и секогаш ќе биде, да спроведуваат сите средби како што се упатени и водени од Светиот Дух.

3 Сепак, на вас ви е заповедано никогаш да не отфрлате никој од вашите јавни состаноци, кои се одржувани пред светот.

4 Исто така ви е заповедано да не отфрлате никој кој ѝ припаѓа на црквата надвор од сакраменталните средби; сепак, ако некој престапува, не дозволи го да земе додека не се помири.

5 И повторно Јас ви велам на вас, вие нема да отфрлате од вашите сакраментални средби оние кои искрено го бараат царството—Јас го говорам ова во врска со оние кои не се од црквата.

6 И повторно Јас ви велам, во врска со вашите средби за потврда, дека ако има некој што не е од црквата, кои искрено го бараат царството, нема да ги отфрлите.

7 Но на вас ви е заповедано во сите нешта да го прашувате Бог, кој дава слободно; и тоа што Духот ви сведочи на вас така Јас би ви рекол дека треба да го правите со сета светост на срцето, чекорејќи исправено пред Мене, во врска со крајот на вашето спасение, правејќи ги сите нешта со молитва и благодарност, дека нема да бидете заведени од злобни духови, или учења на ѓаволи, или на заповедите од луѓе; зашто некои се од луѓе, а други од ѓаволи.

8 Затоа, пазете се да не бидете измамени; и за да не бидете измамени барајте вие искрено најдобрите дарови, секогаш помнете зошто се дадени;

9 Зашто вистина Јас ви велам, тие се дадени за корист на тие кои ме љубат и ги одржуваат сите Моите заповеди, и тој што бара да го стори тоа; за сите да имаат корист кои ме бараат или ме прашуваат Мене, кои бараат а не бараат еден знак за да го проголтаат за нивната жед.

10 И повторно, вистина Јас ви велам, Јас би сакал вие секогаш да запомнете, и секогаш да задржи во вашите умови тоа што се тие дарови, кои се дадени при црквата.

11 Зашто сите го немаат секој дар даден на нив; зашто има многу дарови, и за секој човек е даден дар преку Духот на Бог.

12 На некои е даден еден, а на некои е даден друг, за сите така да имаат добивка.

13 На некои е дадено преку Светиот Дух да знаат дека Исус Христос е Синот на Бог, и дека Тој беше распнат за гревовите на светот.

14 На други е дадено да веруваат на нивните зборови, за тие исто така да имаат вечен живот ако продолжат да бидат верни.

15 И повторно, на некои е дадено преку Светиот Дух да ги знаат разликите на управување, зашто ќе му биде задоволувачко на истиот Господ, според волјата на Господ, прилагодувајќи Неговите милости според условите на човечките деца.

16 И повторно, тоа е дадено преку Светиот Дух на некои да се знаат за разликите на работи, било да се од Бог, за прикажувањата на Духот да можат да бидат дадени на секој човек да има добивка со тоа.

17 И повторно, вистина Јас ви велам, на некои е дадено, преку Духот на Бог, словото на мудроста.

18 На друг е дадено словото на знаење, за сите да можат да бидат поучени да бидат мудри и да имаат знаење.

19 И повторно, на некои е дадено да имаат вера да бидат исцелени;

20 И на други им е дадено да имаат вера да исцелат.

21 И повторно, на некои е дадено да извршуваат чуда;

22 И на други е дадено да пророкуваат;

23 И на други спознавањето на духови.

24 И повторно, на некои е дадено да зборуваат со јазици;

25 И на друг му е дадено да толкува јазици.

26 И сите овие дарови доаѓаат од Бог, за корист на децата на Бог.

27 И при епископот на црквата, и при такви што Бог ќе ги назначи и одреди да ја надгледуваат црквата и да бидат старешини на црквата, треба да го имаат даден при нив да ги спознаваат сите тие дарови за да нема некој помеѓу вас да пророкува а сепак да не биде од Бог.

28 И ќе се случи тој што прашува во Духот ќе прими во Духот;

29 За на некои да може да биде дадено да ги имаат сите тие дарови, да може да има глава, за секој член да може така да има добивка.

30 Тој што прашува во Духот прашува според волјата на Бог; затоа тоа е направено како што тој прашува.

31 И повторно, Јас ви велам на вас, сите нешта мора да бидат сторени во името на Христос, а што и да правите во Духот;

32 И вие морате да му дават благодарение на Бог во Духот за каков и да е благословот со кој сте благословени.

33 И вие морате да практикувате доблест и светост пред Мене постојано. Дури и така. Амин.