Поглавје 50
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 9 Мај, 1831. Историјата на Џозеф Смит објавува дека некои од старешините не ги разбираа прикажувањата на различни духови низ земјата и дека ова откровение беше дадено како одговор на неговото специјално прашање за нештото. Таканаречените духовни феномени не беа невообичаени помеѓу членовите, некои кои тврдеа дека примаат визии и откровенија.
1–5, Многу лажни духови се ширени врз земјата; 6–9, Тешко на лицемерите и на тие што се отсечени од Црквата; 10–14, Старешините треба да го проповедаат еванагелието преку Духот 15–22, И проповедниците и слушателите треба да бидат просветлени преку Духот; 23–25, Тоа што не просветлува не е од Бог; 26–28, Верните се поседувачи на сите нешта; 29–36, Молитвите на исчистените се одговорени; 37–46, Христос е Добриот Овчар и Каменот на Израел.
1 Послушајте, О вие старешини на Мојата Црква, и послушајте го гласот на живиот Бог; и обратете се на зборовите на мудроста кои ќе ви бидат дадени на вас, според тоа што сте го прашале и сте согласни во врска со црквата, и духовите кои заминале наоколу земјата.
2 Ете, вистина Јас ви велам, дека има многу духови кои се лажни духови, кои заминале од земјата, измамувајќи го светот.
3 И исто Сатаната бараше да ве измамува, за да може да ве отфрли.
4 Ете, Јас, Господ, ве гледав, и видов одвратности во црквата кои го прогласуваат Моето име.
5 Но благословени се тие што се верни и издржуваат, било во живот или смрт, зашто тие ќе наследат вечен живот.
6 Но тешко на тие што се измамници и лицемери, зашто, така кажа Господ, Јас ќе ги доведам до суд.
7 Ете, вистина Јас ви велам на вас, има лицемери помеѓу вас, кои измамиле некои, што му дало на непријателот моќ; но ете такви ќе бидат преземени;
8 Но лицемерите ќе бидат забележани и ќе бидат отсечени, или во животот или смртта, и тоа како што Јас ќе одлучам; и тешко на тие што се отсечени од Мојата црква, зашто истите се совладани од светот.
9 Затоа, секој човек нека се пази да не го стори тоа што не е вистина и праведност пред Мене.
10 И сега дојдете, кажа Господ, преку Духот, на старешините на Неговата Црква, и нека расудуваме заедно, да можете да разберете;
11 Да расудуваме заедно како што човекот расудува еден со друг лице в лице.
12 Сега, кога човекот расудува е разбран од човек, зашто расудува како човек; и така Јас, Господ, ќе расудувам со вас да можете да разберете.
13 Затоа, Јас Господ ве прашувам ова прашање—на што бевте вие одредени?
14 Да го проповедувате Моето евангелие преку Духот, и тоа Утешителот кој беше пратен напред да ја поучува вистината.
15 И тогаш вие ги примавте духовите кои не можевте да ги разберете, и ги примавте дека се од Бог; и во ова сте оправдани?
16 Ете вие ќе го одговорите ова прашање самите; сепак, Јас ќе бидам милостив со вас; тој што е слаб помеѓу вас понатаму ќе биде направен силен.
17 Вистина, Јас ви велам, тој кој е одреден од Мене и испратен да проповеда словото на вистината преку Утешителот, во Духот на вистината, дали го проповеда преку Духот на вистината или некој друг начин?
18 И ако е на некој друг начин не е од Бог.
19 И повторно, тој што го прима словото на вистината, дали го прима преку Духот на виситната или некој друг начин?
20 И ако е на некој друг начин не е од Бог.
21 Затоа, зошто не можете да разберете и знаете, дека тој што го примил словото од Духот на вистината го прима како да е проповедано од Духот на виситната?
22 Затоа, тој што проповеда и тој што прими, се разбират еден со друг, се двајцата се поучени и се радуваат заедно.
23 И тоа што не поучува не е од Бог, и е темнината.
24 Тоа што е од Бог е светлината; и тој што прими светлина, и продолжува во Бог, прими повеќе светлина; и таа светлина расте посветла и посветла се до совршениот ден.
25 И повторно, вистина Јас ви велам, и го велам за да можете да ја знаете вистината, дека можете да ја избркате темнината од среде вас;
26 Тој што е одреден од Бог и испратен напред, истиот е назначен да биде најголемиот, без оглед на тоа што е најмалиот и слугата на сите.
27 Затоа, тој е поседувач на сите нешта; зашто сите нешта му се подложени на него, и на небото и на земјата, животот и светлината, Духот и моќта, испратени преку волјата на Отецот преку Исус Христос, неговиот Син.
28 Но ниту еден човек не е поседувач на сите нешта освен ако не е прочистен и исчистен од сите гревови.
29 И ако сте прочистени и исчистени од целиот грев, вие ќе прашувате како и да е во името на Исус и ќе биде сторено.
30 Но знајте го ова, ќе ви биде дадено тоа што ќе го барате; и како што сте назначени за глава, духовите ќе ви бидат подложени на вас.
31 Затоа, ќе се случи, дека ако здогледате дух кој ви се прикажува дека не можете да разберете, и не го примите тој дух, ќе го прашате Отецот во името на Исус; и ако не ви го дава на вас тој дух, тогаш може да знаете дека не е од Бог.
32 И ќе ви биде дадено на вас, моќ врз тој дух; и ќе го прогласите против духот со моќен глас кој не е од Бог—
33 Не со гласно обвинување, за да не сте совладани, ниту со фалење ниту радување, за да не бидете фатени таму.
34 Тој што прими од Бог, нека го препише на Бог; и нека се радува дека тој е заслужен од Бог и вреден да прими.
35 И преку слушање на овие нешта што сте ги примиле, и што ќе ги примите подоцна—и царството ви е дадено од Отецот, и моќта да ги надминувате сите нешта кои не се одрдени од Него—
36 И ете, вистина Јас ви велам, благословени сте вие кои сега ги слушате овие зборови од Мене од устата на Мојот слуга, зашто вашите гревови ви се простени на вас.
37 Нека Мојот слуга Џозеф Вејкфилд, во кого сум многу задоволен, и Мојот слуга Парли П. Прат одат напред помеѓу црквите и ги засилат со словото на охрабрување;
38 И исто Мојот слуга Џон Корил, или онолку од Моите слуги колку што се одредени при оваа служба, и нека работат во лозата; и нека ниту еден човек не ги пречи да го прават тоа што им е назначено на нив—
39 Затоа, во ова нешто Мој слуга Едвард Партриџ не е праведно; сепак нека се покае и ќе му биде простено.
40 Ете, вие сте мали деца и вие не можете да ги поднесете сите нешта сега; вие морате да растете во благодат и со знаење на вистината.
41 Не плашете се, мали деца, зашто вие сте Мои, и Јас го надминав светот, и вие сте од нив кои Мојот Отец ми ги даде Мене;
42 И ниту еден од нив што Мојот Отец ми ги дал нема да биде загубен.
43 И Отецот и Јас сме едно. Јас сум во Отецот и Отецот во Мене; и онолку колку што ме примате, вие сте во Мене и Јас сум во вас.
44 Затоа, Јас сум среде вас, И Јас сум добриот овчар, и каменот на Израел. Тој што гради на оваа карпа никогаш нема да падне.
45 И денот доаѓа кога ќе го слушнете Мојот глас и ме видете Мене, и знаете дека сум Јас.
46 Гледајте, затоа, да можете да бидете спремни. Дури и така. Амин.