Свети Писма
Учење и Завети 52


Поглавје 52

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот на старешините на Црквата, во Киртланд, Охајо, 6 Јуни, 1831. Една конференција се одржуваше во Киртланд, почнувајќи на 3ти и заклучувајќи на 6ти Јуни. На оваа конференција првите карактеристични ракоположувања за служба на висок свештеник беа направени, и одредени прикажувања на лажни и измамувачки духови беа спознаени и прекорени.

1–2, Наредната конференција е одредена да биде во Мисури; 3–8, Одредени старешини се назначени да патуваат заедно; 9–11, Старешините треба да поучуваат тоа што апостолите и пророците го напишале; 12–21, Тие што се просветлени од Духот носат овошја на величење и мудрост; 22–44, Разновидни старешини се назначени да одат и да го проповедаат евангелието додека патуваат до Мисури за конференцијата.

1 Ете, така кажа Господ при старешините кои тој ги повика и ги одбра во овие последни денови, преку гласот на Неговиот Дух—

2 Велејќи: Јас, Господ, ќе ви откријам на вас што сакам да правите од ова време донаредната конфереција, која ќе биде одржана во Мисури, врз земјата која Јас ќе ја посветам при Мојот народ, кои се остаток од Јаков, и оние кои се наследници според заветот.

3 Затоа, вистина Јас ви велам на вас, нека Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон го однесат нивното патување штом подготовките можат да бидат направени да ги напуштат нивните домови, и патуваат во земјата на Мисури.

4 И онолку колку што се верни на Мене, ќе им биде објавено за нив што ќе прават;

5 И исто така, доколку се верни ќе им биде обелоденето на нив за земјата на ваше наследство.

6 И колку што тие не се верни, тие ќе бидат отсечени, и тоа како што Јас ќе го сторам, како што ми се чини добро.

7 И повторно, вистина Јас ви велам, нека Мојот слуга Лиман Рајт и Мојот слуга Џон Корил патуваат брзо;

8 И исто така Мојот слуга Џон Мурдок, и Мојот слуга Хајрим Смит, патуваат на истото место преку патот за Детроит.

9 И нека патуваат од таму проповедајќи го словото по пат, велејќи ништо друго освен нешта отколку тоа што пророците и апостолите напишале, и тоа што ги поучува Утешителот преку молитвата на вера.

10 Нека одат двајца по двајца, и нека така проповедаат на патот на секое собрание, крштавајќи преку вода, и ракоположување на рацете покрај водата.

11 Зашто така кажа Господ, Јас ќе го скратам Моето дело во праведност, зашто деновите доаѓаат кога Јас ќе донесам суд за победа.

12 И нека Мојот слуга Лиман Рајт да се пази, зашто Сатаната посакува да го оддели него како плевел.

13 И ете, тој што е верен ќе биде направен владетел врз многу нешта.

14 И повторно, Јас ќе ви дадам на вас модел за сите нешта, за да не бидете измамени; зашто Сатаната е наоколу на земјата, и тој оди измамувајќи ги нациите—

15 Затоа тој кој се моли, чиј дух е покајнички, истиот е прифатен од Мене ако ги послуша Моите обреди.

16 Тој што говори, чиј дух е покајнички, чиј јазик е питом и поучува, истиот е од Бог ако ги послуша Моите обреди.

17 И потоа, тој што трепери под Мојата моќ ќе биде силен, и ќе доведе силни плодови на пофалба и мудрост, според откровенијата и вистините кои Јас ви ги дадов.

18 И повторно, тој што е преовладан и не произведува овошја, и тоа според овој модел, не е од Мене.

19 Затоа, преку овој модел вие ќе ги знаете духовите во сите случаи под целата небеса.

20 И деновите дојдоа; според вербата на луѓето ќе биде сторено при нив.

21 Ете, оваа заповед е дадена на сите старешини кои Јас сум ги одбрал.

22 И повторно, вистина Јас ви велам, нека Мојот слуга Томас Б. Марш и Мојот слуга Езра Таир исто така патуваат, проповедајќи го словото на патот при оваа иста земја.

23 И повторно, нека Мојот слуга Исак Морли и Мојот слуга Езра Бут исто така патуваат, исто проповедајќи го словото по пат при оваа иста земја.

24 И повторно, нека Моите слуги Едвард Партриџ и Мартин Харис патуваат со Моите слуги Сидни Ригдон и Џозеф Смит, Јун.

25 Нека Моите слуги Давид Витмер и Харви Витлок исто така патуваат, и проповедаат по пат при оваа иста земја.

26 И нека Моите слуги Парли П. Прат и Орсон Прат патуваат, и проповедаат по пат, и тоа при оваа иста земја.

27 И нека Моите слуги Соломон Ханкук и Симеон Картер исто така патуваат во оваа иста земја, и проповедаат по патот.

28 Нека Моите слуги Едсон Фулер и Јаков Скот исто така патуваат.

29 Нека Моите слуги Леви В. Ханкук и Зебеди Колтрин исто така патуваат.

30 Нека Моите слуги Рејнолдс Кахун и Самуел Х. Смит исто така патуваат.

31 Нека Моите слуги Вилер Балдвин И Вилијам Картер исто така патуваат.

32 И нека Моите слуги Нувел Најт и Села Ј. Грифин двајцата се одредени, и исто така патуваат.

33 Да, виситна Јас велам, нека сите овие патуваат на едно место, на неколку правци, и еден човек нема да гради врз основата на некој друг, ниту патува по патеката на друг.

34 Тој што е верен, истиот ќе биде сочуван и благословен со многу овошје.

35 И повторно, Јас ви велам, нека Моите слуги Џозеф Вејкфилд и Соломон Хамфри патуваат во источните земји;

36 Нека трудат со нивните семејства, објавувајќи ниту едно друго нешто отколку пророците и апостоли, тие кои ги виделе и слушнале и најсигурно веруваат, дека пророштвата може да се исполнети.

37 Како последица на престап, нека тоа што беше дарувано врз Хеман Басет биде одземено од него, и ставено врз главата на Симондс Рајдер.

38 И повторно, вистина Јас ви велам, нека Џаред Картер биде одреден како еден свештеник, исто како Џорџ Џејмс биде одреден како свештеник.

39 Нека остатокот од старешини ги чуваат црквите, и нека го објават словото во областите наоколу нив; и нека работат со нивните сопствени раце за да нема идолопоклонство ниту пакост практикувани.

40 И помнете ги во сите нешта сиромавите и загрозените, болните и погодените, зашто тој што не ги прави овие нешта, истиот не е Мој ученик.

41 И повторно, нека Моите слуги Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон и Едвард Партриџ земат со нив една препорака од црквата. И нека има една стекната за Мојот слуга Оливер Каудери исто така.

42 И така, и тоа како што кажав, ако сте верни вие ќе се соберете самите заедно да се радувате врз земјата на Мисури, која е земјата на вашето наследство, која е сега земјата на вашите непријатели.

43 Но ете, Јас, Господ, ќе забрзам градот во свое време, и ќе ги крунисам верните со радост и со радување.

44 Ете, Јас сум Исус Христос, Синот на Бог, и Јас ќе ги кренам нив на последниот ден. Дури и така. Амин.