Поглавје 63
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 30 Август, 1831. Пророкот, Сидни Ригдон, и Оливер Каудери беа пристигнале во Киртлабд на 27 Август од нивната посета во Мисури. Историјата на Џозеф Смит го опишува ова откровение: „Во овие почетни денови на Црквата, постоеше голема нетрпеливост да се стекне словото на Господ врз секој предмет кој на било кој начин беше во врска со нашето спасение; и додека земјата на Сион беше сега најважниот привремен предмет за разгледување, јас го прашав Господ за понатамошни информации за собирањето на Светците, и купувањето на земјата, и други нешта.“
1–6, Ден на бес ќе дојде врз пакосните; 7–12, Знаци доаѓаат со вера; 13–19, Прељубниците во срцето ќе ја негираат верата и ќе бидат фрлени во езерото од оган; 20, Верните ќе добијат наследство врз преобразената земја; 21, Цел извештај за случувањата на Планината на Преобразбата сè уште не бил откриен; 22–23, Послушните ги примаат мистериите на царството; 24–31, Наследствата во Сион треба да се купат; 32–35, Господ издава декрети за војни, и пакосните ги убиваат пакосните; 36–48, Светците ќе го соберат Сион и обезбедат пари за градење; 49–54, Благословите се осигурани за време на Второто Доаѓање во Воскреснувањето, и за време на Милениумот; 55–58, Ова е ден на предупредување; 59–66, Името на Господ е земено залудно од оние кои го користат без власт.
1 Послушајте, О вие народе, и отворете ги срцата и слушнете од далеку; и послушајте, вие кои се нарекувате народот на Господ, и послушајте го словото на Господ и Неговата волја во врска со вас.
2 Да, вистина, Јас велам, слушнете го словото на оној чиј бес е распален против пакосните и побунетите;
3 Кој сака да ги земе дури и оние кои ќе ги земе, и ги сочува во живот оние кои ќе ги сочува;
4 Кој гради според Неговата сопствена волја и задоволство; и уништува кога сака, и може да ја фрла душа во пеколот.
5 Ете, Јас, Господ, го изразувам Мојот глас, и ќе биде послушнат.
6 Зашто, вистина Јас велам, нека пакосните послушаат, и нека бунтовниците се плашат и треперат; и нека неверниците ги држат усните, зашто денот на бес ќе дојде врз нив како еден виор, и сите суштества ќе знаат дека Јас сум Бог.
7 И тој што бара знаци ќе види знаци, но не за спасение.
8 Вистина, Јас ви велам, постојат оние помеѓу вас кои бараат знаци, и постоеле такви дури од почетокот;
9 Но, ете, верата не доаѓа преку знаци, туку знаци следат оние кои веруваат.
10 Да, знаци доаѓаат преку вера, не преку волјата на луѓето, ниту како што посакуваат, туку преку волјата на Бог.
11 Да, знаците доаѓаат преку вера, за моќни дела, зашто без вера луѓе не можат да го задоволат Бог; и со кои Бог не е многу задоволен; затоа, на таквите им покажува знаци, само во бес при нивното осудување.
12 Затоа, Јас, Господ, не сум многу задоволен со оние помеѓу вас кои барале знаци и чуда за вера, а не за доброто на луѓето при Мојата слава.
13 Сепак, Јас давам заповеди, и многумина се одтргнале од Моите заповеди и не ги одржувале.
14 Постоеја помеѓу вас прељубници и прељубнички; некои од кои се оттргнале од вас, а други останале со вас кои потоа ќе бидат откриени.
15 Нека внимаваат таквите и покаат брзо, за да не дојдат пресуди врз нив како замка, и нивната будалаштина ќе се прикаже, и нивните дела ќе ги следат во очите на народот.
16 И вистина ви велам, како што кажав порано, тој што гледа на жена со жед за неа, или ако некои ќе извршат прељуба во нивните срца, тие нема да го имаат Духот, туку ќе ја негираат верата и ќе стравуваат.
17 Затоа, Јас Господ, кажав дека застрашените, и неверниците, и сите лажговци, и кој и да љуби и прави лаги, и блудникот, и волшебникот, ќе имаат нивен удел во тоа езеро кое гори со оган и сулфур, кое е втората смрт.
18 Вистина Јас ви велам, дека тие нема да имаат удел во првото воскреснување.
19 И сега ете, Јас, Господ, ви велам дека не сте оправдани, бидејќи овие нешта се помеѓу вас.
20 Сепак, тој што издржува во вера и ја прави Мојата волја, истиот ќе надмине, и ќе добие едно наследство врз земјата кога денот на преобразба ќе дојде;
21 Кога земјата ќе биде преобразена, и тоа според моделот кој беше покажан при Моите апостоли врз планината; за кој извештај целината сè уште не сте ја примиле.
22 И сега, вистина Јас ви велам дека Јас ќе ви ја обелоденам Мојата волја, ете Јас ќе ви ја обелоденам, не по начинот на заповед, зашто има многу кои не ги запазуваат Моите заповеди.
23 Но на оној што ги одржува Моите заповеди Јас ќе му ги давам мистериите на Моето царство, и истиот ќе биде во него бунар за жива вода, која извира при вечен живот.
24 И сега, ете, ова е волјата на Господ вашиот Бог во врска со светците, дека ќе се соберат себеси во земјата Сион, не со брзање, за да нема забуна, која носи чума.
25 Ете, земјата на Сион—Јас, Господ, ја чувам во Мои раце;
26 Сепак, Јас Господ, му ги пружам на Цезар нештата кои се на Цезар.
27 Затоа, Јас Господ ќе сакам да ги купите земјите, за да имате предност пред светот, да можете да имате право на светот, да не бидат наведени при гнев.
28 Зашто Сатаната им става во нивните срца да се разгневат против вас, и до пролевање на крв.
29 Затоа, земјата на Сион нема да биде стекната освен од купување или преку крв, во спротивно нема да има никакви наследство за вас.
30 И ако се купува, ете вие сте благословени;
31 И ако е преку крв, како што ви е забрането да пролевате крв, ете, вашите непријатели се врз вас, и ќе бидете камшикувани од град до град, и од синагога до синагога, и само неколку ќе стојат да го добијат наследството.
32 Јас, Господ, сум лут со пакосните; Јас го држам Мојот Дух од жителите на земјата.
33 Јас се заколнав во Мојот бес, и дадов декрет за војни врз лицето на земјата, и пакосните ќе ги убиваат пакосните, и стравот ќе дојде врз секој човек;
34 И светците исто така тешко ќе избегаат; сепак, Јас, Господ, сум со нив, и ќе се симнам долу од небесата од присуството на Мојот Отец и ќе ги обземам пакосните со неугаслив оган.
35 И ете, ова не е сè уште, туку ќе биде наскоро.
36 Затоа, гледајќи дека Јас, Господ, дадов декрет за сите овие нешта врз лицето на земјата, Јас сакам Моите светци да бидат собрани врз лицето на земјата на Сион;
37 И за секој човек да земе праведност во Неговите раце и верноста врз моите бедра, и да крене предупредувачки глас при жителите на земјата; и објави и преку словото и преку бегство дека пустошот ќе дојде врз пакосните.
38 Затоа, нека Моите ученици во Киртланд ги средат нивните привремени грижи, кои живеат на оваа фарма.
39 Нека Мојот слуга Титус Билингс, кој ја има тамошната грижа, да се ослободи од земјата, за да може да биде продготвен во следната пролет да го одведе неговото патување горе до земјата на Сион, со оние кои живеат врз лицето на земјата таму, освен оние кои Јас ќе ги резервирам при себе, кои нема да одат додека Јас не им заповедам.
40 И нека сите пари кои може да бидат заштедени, не ми значи на Мене дали е малку или многу, нека бидат испратени во земјата Сион, при оние кои Јас ги назначив да ги примат.
41 Ете, Јас, Господ, ќе му дадам на Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., моќ да му биде овозможен да ги спознава преку Духот оние кои ќе одат во земјата Сион, и оние од Моите ученици кои ќе останат.
42 Нека Мојот слуга Невел К. Витни ја задржи неговата продавница, или со други зборови, продавницата, за уште малку време.
43 Сепак, нека даде од сите пари од кои може да даде, да бидат испратени во земјата Сион.
44 Ете, овие нешта се во негови сопствени раце, нека тој прави според мудроста.
45 Вистина Јас велам, нека биде одреден како еден пратеник при учениците кои ќе останат, и нека биде одреден при оваа моќ;
46 И сега брзо посети ги црквите, образложувајќи им ги овие нешта на нив, со Мојот слуга Оливер Каудери. Ете, ова е Мојата волја, вие стекнувајќи пари како што сум наредил.
47 Тој што е верен и издржува до крај ќе го надмине светот.
48 Тој што праќа богатства при земјата Сион ќе прими едно наследство на овој свет, и неговите дела ќе го следат него, и исто една награда во светот што доаѓа.
49 Да, и нека се благословени мртвите кои умираат во Господ, оттука, кога Господ ќе дојде, и стари нешта ќе се поминат, и сите нешта ќе станат нови, тие ќе издигнат од мртвите и нема да умрат после тоа, и ќе примат наследство пред Господ, во светиот град.
50 И тој што живее кога Господ ќе дојде, и имал вера, благословен е тој; сепак, назначено му е да умре на човечка старост.
51 Затоа, деца ќе пораснат додека да станат стари; стари мажи ќе умрат; но нема да спијат во правта туку ќе се променат во трепкање на око.
52 Затоа, заради оваа цел проповедале апостолите при светот на воскреснувањето на мртвите.
53 Овие нешта се нештата кои морате да ги барате; и, зборувајќи според начинот на Господ, тие се сега близу да се случат, и во времето што доаѓа, и тоа на денот на доаѓањето на Синот на Човекот.
54 И до тој час ќе има будалести девици помеѓу мудрите; и во тој час ќе дојде сосема поделба на праведните и пакосните; и на тој ден ќе ги испратам Моите ангели да ги искоренат пакосните и ги фрлат во неугаслив оган.
55 И сега ете, вистина ви велам, Јас, Господ, не сум задоволен со Мојот слуга Сидни Ригдон; тој се возвишува себеси во срцето, и не прима совет, туку го натажува Духот;
56 Затоа неговото пишување не е прифатливо при Господ, и ќе направи друго; и ако Господ не го прими, ете тој повеќе не стои во служба на која Јас сум го назначил.
57 И повторно, вистина Јас ви велам, тие кои посакуваат во нивните срца, со питомост, да предупредат грешници да се покајат, нека бидат ракоположени при оваа моќ.
58 Зашто ова е ден на предупредување, а не ден на многу зборови. Зашто Јас, Господ, не треба да сум исмеван во последните денови.
59 Ете, Јас сум од горе, и Мојата моќ лежи долу. Јас сум врз сè, и во сè, и низ сè, и ги изучувам сите нешта, и денот доаѓа кога сите нешта ќе ми бидат подложни на Мене.
60 Ете, Јас сум Алфа и Омега, дури и Исус Христос.
61 Затоа, нека сите луѓе се внимават како го земаат Моето име во нивните усни—
62 Зашто ете, вистина Јас велам, дека многумина има кои се под оваа осуда, кои го користат името на Господ, и го користат залудно, немајќи власт.
63 Затоа, нека црквата се покае од нивните гревови, и Јас, Господ, ќе ги поседувам; во спротивно ќе бидат отсечени.
64 Запомнете дека тоа што доаѓа од горе е свето, и мора да биде говорено со грижа, и со ограничување на Духот; и во ова нема осуда, и вие го примате Духот преку молитва; затоа, без ова останува осуда.
65 Нека Моите слуги, Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон, бараат еден дом како што се поучени преку молитва преку Духот.
66 Овие нешта остануваат да се надминат преку трпеливост, за таква да може да примат попрекумерна и вечна тежина на слава, во спротивно, една поголема осуда. Амин.