Свети Писма
Учење и Завети 64


Поглавје 64

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот на старешините на Црквата, во Киртланд, Охајо, 11 Септември, 1831. Пророкот се подготвува да се пресели во Хајрим, Охајо, да го обнови неговото дело за преводот на Билбијата, која беше положена настрана додека тој беше во Мисури. Една група на браќа на кои им било заповедано да патуваат на Сион (Мисури) беше искрено вклучена во правење на подготовки да замине во Октомври. Во ова зафатено време, откровението беше добиено.

1–11, Светците им е заповедано да си простат едни со други, за да не остане во нив поголемиот грев; 12–22, Непокајаните ќе бидат доведени пред Црквата; 23–25, Тој што е со десеток нема да биде изгорен при доаѓањето на Господ; 26–32, Светците се предупредени против долг; 33–36, Бунтовниците ќе бидат отсечени од Сион; 37–40, Црквата ќе ги суди нациите; 41–43, Сион ќе цвета.

1 Ете, така ви кажа Господ вашиот Бог, О вие старешини на Мојата црква, послушајте вие и чујте, и примете ја Мојата волја во врска со вас.

2 Зашто вистина ви кажам, Јас сакам да го совладате светот; зашто ќе имам сочувство за вас.

3 Има помеѓу вас кои се грешеле; но вистина ви велам, за овој пат, за Мојата сопствена слава, и за спасението на душите, Јас сум ви ги простил вашите гревови.

4 Јас ќе бидам милостив со вас, зашто ви го дадов Моето царство.

5 И клучевите на мистериите на царството нема да бидат одземени од Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., преку начини кои сум ги назначил додека тој живее, онолку колку што ги слуша Моите обреди.

6 Постојат такви кои бараат пригоди против него без цел;

7 Сепак, тој грешеше; но вистина Јас ви велам на вас, Јас, Господ, простувам гревови за оние кои ги признаваат нивните гревови пред Мене и бараат прошка, кои не грешеле при смрт.

8 Моите ученици, во минатите денови, бараа пригода едни против други и не си простија едни со други во нивните срца; и за ова зло тие беа погодени и болно прекорени.

9 Затоа, Јас ви велам, дека треба да простувате едни со други; зашто оној што не му ги простува гревовите на својот брат стои осуден пред Господ; зашто останува во Него уште поголемиот грев.

10 Јас, Господ, ќе му простам на кому кој ќе му простам, но од вас се бара да им простите на сите луѓе.

11 И вие треба да кажете во вашите срца—нека Бог суди помеѓу Мене и тебе, и нека те награди според твоите дела.

12 И тој што не се покајува од неговите гревови, и не ги признава, ќе ги донесете пред црквата, и ќе правите со него како што ви велат светите писма, или преку заповед или преку откровение.

13 И ова ќе го правите за Бог да може да биде славен—не затоа што не простувате, немајќи сочувство, туку да можете да бидете оправдани во очите на законот, да не го навредите Него кој е вашиот закондавач—

14 Вистина, Јас велам, за оваа цел ќе ги правите овие нешта.

15 Ете, Јас, Господ, бев лут со оној кој беше Мој слуга Езра Бут, и исто Мојот слуга Исак Морли, зашто не го одржуваа законот, ниту заповедта;

16 Тие бараа зло во нивните срца, а Јас, Господ, го задржав Мојот Дух. Тие го осудуваа за зло она нешто што не беше зло; сепак Јас сум му простил на Мојот слуга Исак Морли.

17 И исто Мојот слуга Едвард Партриџ, ете, тој згрешил, и Сатаната бара да ја уништи неговата душа; но кога овие нешта им се обелоденети на нив, и тие се покајат од злото, на нив ќе им биде простено.

18 И сега, вистина Јас велам дека е целисходно во Мене дека Мојот слуга Сидни Гулберт, после неколку недели, ќе се врати на неговата работа, и на неговата агенција во земјата на Сион;

19 И тоа што тој го видел и го слушнал да може да биде обелоденето при Моите ученици, за тие да не загинат. И за оваа цел сум ги зборел овие нешта.

20 И повторно, Јас ви велам на вас, дека Мојот слуа Исак Морли не може да биде искушуван над тоа што може да го поднесе, и се советува погрешно за ваша болка, Јас давам заповед дека неговата фарма треба да се продаде.

21 Јас не сакам Мојот слуга Фредерик Г. Вилијамс да ја продаде неговата фарма, зашто, Јас, Господ, ќе задржам едно упориште во земјата Киртланд, за период на пет години, во кои нема да ги симне пакосните, за така да можам да спасам некои.

22 И после тој ден, Јас, Господ, нема да сметам никој виновен кој ќе оди со отворено срца во земјата Сион; зашто Јас, Господ, ги барам срцата на човечките деца.

23 Ете, сега е повикано денес се додека доаѓањето на Синот на Човекот, и вистина тоа е ден на жртва, и ден за десетокот на Мојот народ; зашто тој што дал десеток нема да биде изгорен при Неговото доаѓање.

24 Зашто после денес доаѓа горењето—ова е со зборење според начинот на Господ—зашто вистина Јас велам, утре сите горди и тие што прават пакосно ќе бидат како плевел; и Јас ќе ги изгорам, зашто Јас сум Господ на Војските; и нема да поштедам било кој што останува во Вавилон.

25 Затоа, ако ме верувате, вие ќе работите додека е денес.

26 И не е соодветно дека Моите слуги, Невел К. Витни и Сидни Гилберт, ќе ги продадат нивните продавници и нивните поседи овде; зашто ова не е мудрост додека остатокот на црквата, кој останува на ова место, нема да оди горе во земјата Сион.

27 Ете, кажано е во Мојот закон, односно забрането, да се влезе во долг на вашите непријатели;

28 Но ете, не е кажано во било кое време дека Господ не треба да земе кога ќе посака, и да плати колку што му изгледа добро.

29 Затоа, како што сте пратеници, вие сте на Господова задача; и што и да правите според законот на Господ е работата на Господ.

30 И тој ве остави да обезбедите за неговите светци во овие последни денови, за тие да можат да стекнат едно наследство во земјата на Сион.

31 И ете, Јас, Господ, ви објавува на вас, и Моите зборови се сигурни и нема да потфрлат, дека тие ќе го стекна.

32 Но сите нешта мора да се случат во свое време.

33 Затоа, не бидете уморни во правење на добро, зашто вие ја положувате основата за едно големо дело. И од малите нешта продолжуваат тоа што е големо.

34 Ете, Јас Господ барам срце и спремен ум; и спремните и послушните ќе го јадат плодот на земјата Сион во овие последни денови.

35 И бунтовните ќе бидат отсечени од земјата Сион, и ќе бидат испратени, и нема да ја наследат земјата.

36 Зашто вистина Јас велам дека бунтовните не се од крвта на Ефрем, затоа тие ќе бидат искоренети.

37 Ете, Јас, Господ, ја направив Мојата црква во овие последни денови како еден судија што седи на рид, или на високо место, да ги суди нациите.

38 Зашто ќе се случи дека жителите на Сион ќе ги судат сите нешта кои се однесуваат на Сион.

39 И лажговците и лицемерите ќе бидат испитани од нив, и оние кои не се апостоли и пророци ќе бидат познати.

40 И дури епископот, кој е еден судија, и неговите советници, ако не се верни во нивните управувања ќе бидат осудени, и други ќе бидат насадени на нивно место.

41 Зашто, ете, Јас ви велам дека Сион ќе цветаат, и слава на Господ ќе биде врз неа;

42 И таа ќе биде едно знаме при народот, и при неа ќе дојде од секоја нација под небесата.

43 И ќе дојде денот кога нациите на земјата ќе треперат поради неа, и ќе се плашат поради нејзините ужасни. Господ го кажал тоа. Амин.