Поглавје 89
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 27 Февруари, 1833. Како последица на тоа што раните браќа користат тутун на нинвите средби, Пророкот беше воден да размислува врз темата; како последица, тој го праша Господ во врска со тоа. Ова откровение, познато како Словото на Мудроста, беше резултат.
1–9, Употребата на вино, силни пијалоци, тутун, и жешки пијалоци е забрането; 10–17, Билки, овошја, месо, и жито се одредени за користење од човекот и животните; 18–21, Послушноста на законот на евангелието, вклучувајќи го и Словото на Мудроста, носи привремени и духовни благослови.
1 Едно Слово на Мудроста, за користа на советот на високите свештеници, собрани во Киртланд, и Црквата, и исто како светците во Сион—
2 Да се испрати како поздрав; не со заповеди ниту ограничување, туку со откровение и слово на мудрост, покажувајќи го редот и волјата на Бог во привременото спасение на сите светци во последните денови—
3 Даден како принцип со ветување, адаптирано за капацитетот на слабите и на најслабите од сите светци, кои се или можат да се наречат светци.
4 Ете, вистина така ви кажа Господ: Како последица на злото и плановите кои сега постојат и ќе постојат во срцата на заговарачките луѓе во овие последни денови, Јас ве предупредив, и ве предупредувам однапред, со давање на словото на мудроста преку откровение—
5 Дека онолку колку што пијат вино или силен пијалак помеѓу вас, ете не е добро, ниту правилно во очите на вашиот Отец, само како собирање себеси заедно да ги понудите вашите сакраментипред Него.
6 И, ете, ова треба да е вино, да, чисто вино од грозјето на лозата, од ваше производство.
7 И, повторно, силни пијалаци не се за стомакот, туку за миење на телата.
8 И повторно, тутунот не е за телото, ниту за стомакот, и не е добар за човекот, туку е една билка за модрици и сите билни стоки, да се користи со суд и вештина.
9 И повторно, жешките пијалаци не се за телото ни за стомакот.
10 И повторно, вистина Јас ви велам на вас, сите здрави билки Бог ги одредил за составување, природа, и корист на човекот—
11 Секоја билка во својата сезона, и секое овошје во својата сезона; сите овие треба да се користени со благоразумност и благодарност.
12 Да, месото исто од ѕверови и птиците на небесата, Јас, Господ, го одредив за користа на човекот со благодарност; сепак тие треба да бидат користени умерено;
13 И Јас сум задоволен за овие да не се користат, само во времиња на зима, или на студ, или глад.
14 Сето жито е одредено за користа на човештвото и на ѕверовите, да се биде столб на животот, не само за човекот туку и за ѕверовите на полето, и за птиците на небесата, и за сите диви животни кои трчаат или ползат на земјата;
15 И овие Бог ги создаде за употребата на човекот само во времиња на глад или претеран глад.
16 Сето жито е добро за храна на човекот; како што е овошјето на лозата; тоа кое носи овошје, било на земјата или над земјата—
17 Сепак, жито за човекот, и пченка за волот, и овес за коњот, и риз за птиците и за свињата, и за сите ѕверови на полето, и јачмен за сите корисни животни, и за лесни пијалаци, и исто за друго жито.
18 И сите светци кои помнат да ги одржуваат и прават овие изреки, чекорејќи во послушност на заповедите, ќе добијат здравје во нивниот папок и срж на нивните коски;
19 И ќе пронајдат мудрост и големи богатства на знаење, дури и скриени богатства;
20 И ќе трчаат и нема да бидат изморени, и ќе чекорат и нема да се онесвестат.
21 И Јас, Господ, им давам на нив ветување, дека уништувачкиот ангел ќе помине од покрај нивв, како покрај децата на Израел, и нема да ги убие. Амин.