Свети Писма
Учење и Завети 8


Поглавје 8

Откровение дадено од Џозеф Смит Пророкот и Оливер Каудери, кај Хармони, Пенсилванија, Април 1829. Во времето на преведувањето на Книгата на Мормон, Оливер, кој продолжил да служи како еден писар, пишувајќи на диктатот на Пророкот, посакувајќи да биде даруван со дарот на преведување. Господ му одговори на неговата молитва со давање на ова откровение.

1–5, Откровение доаѓа преку моќта на Светиот Дух; 6–12, Знаење за мистериите на Бог и моќта да се преведува древен запис доаѓа од вера.

1 Оливер Каудери, вистина, вистина, Јас ти велам на тебе, дека со сигурност како што Господ живее, кој е твој Бог и твој Искупител, дури и така сигурно ти ќе примиш знаење од било какви нешта кои ќе ги прашаш во вера, со искрено срце, верувајќи дека ќе добиеш знаење во врска со гравурите од старите записи, кои се древни, кои ги содржат тие делови од Моето свето писмо за кое се говорело од прикажувањето на Мојот Дух.

2 Да, ете, Јас ќе ти кажам и во твојот ум и во твоето срце, преку Светиот Дух, кој ќе дојде врз тебе и ќе живее во твоето срце.

3 Сега, ете, ова е духот на откровение; ете, ова е духот со кој Мојсеј ги доведе децата на Израел преку Црвеното Море на сува земја.

4 Затоа ова е твој дар, примени го, и ти си благословен, бидејќи ќе те избави од рацете на твоите непријатели, кога, да не беше така, тие ќе те убијат и ќе ја доведат твојата душа при уништување.

5 О, запомни ги овие зборови, и одржи ги Моите заповеди. Запомни, ова е твојот дар.

6 Еве сега ова не е сето твој дар; зашто имаш и друг дар, кој е дарот на Арон; ете, ти кажа многу нешта;

7 Ете, не постои друга моќ, освен моќта на Бог, која може да го предизвика овој дар на Арон да биде со тебе.

8 Затоа, не сомневај се, зашто тоа е дарот на Бог; и ќе го држиш во твоите раце, и ќе правиш чудесни дела; и ниту една моќ нема да може да ти го одземе од твоите раце, зашто тоа е делото на Бог.

9 И, затоа, било што да се молиш јас да ти кажам по ова средство, тоа ќе ти го дадам, и ти ќе имаш знаење во врска со тоа.

10 Запомни дека без вера можеш да не направиш ништо; затоа прашај со вера. Не поигрувај си со овие нешта; немој да бараш за тоа што не треба.

11 Прашај за да можеш да ги знаеш мистериите на Бог, и да можеш да преведуваш и да добиваш знаење од сите тие древни записи кои биле скриени, кои се свети; и според твојата вера ќе биде сторено за тебе.

12 Ете, тоа сум Јас што го кажав тоа; и јас сум истиот кој ти говореше на тебе од почетокот. Амин.