Поглавје 93
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 6 Мај, 1833.
1–5, Сите што се верни ќе го видат Господ; 6–18, Јован прогласуваше сведоштво дека Синот на Бог отиде од благодат до благодат додека Тој не ја прими целината на славата на Отецот; 19–20, Верните луѓе, одејќи од благодат до благодат, исто така ќе ја примат Неговата целина; 21–22, Тие што се родени од Христос се Црквата на Првородениот; 23–28, Христос прими целина за сета вистина, и човекот со послушност може да стори исто така; 29–32, Човекот беше на почетокот со Бог; 33–35, Елементите се вечни, и човекот може да прими целина со радост во Воскреснувањето; 36–37, Славата на Бог е знаењето; 38–40, Децата се невини пред Бог поради искупувањето на Христос; 41–53, На водечките браќа им беше заповедано да ги постават нивните семејства во ред.
1 Вистина, така кажа Господ: Ќе се случи дека секоја душа што ги напушти неговите гревови и доаѓа кај Мене, и повикува Мое име, и слуша Мој глас, и ги одржува Моите заповеди, ќе го види Моето лице и ќе знае дека сум Јас;
2 И дека Јас сум вистинската светлина која го свети секој човек кој доаѓа во светот;
3 И дека Јас сум во Отецот, и Отецот е во Мене, и Отецот и Јас сме едно—
4 Отецот зашто Тој ми даде Мене од Неговата целост, и Синот бидејќи Јас бев на светот и го направив телото Мој шатор, и живеев помеѓу човечките синови.
5 Јас бев во светот и го примив Мојот Отец, и делата од Него беа јасно прикажани.
6 И Јован виде и прогласуваше сведоштво од целината на Мојата слава, и целината на записот на Јован оттука натаму да биде откриен.
7 И тој прогласуваше сведоштво, велејќи: Јас ја видов Неговата слава, дека Тој беше на почетокот, пред да беше светот;
8 Затоа, на почетокот Словото беше, зашто Тој беше Словото, и тоа гласникот на спасение—
9 Светлината и Искупителот на светот; Духот на вистината, кој дојде во светот, поради што светот беше направен од Него, и во Него беше животот на човекот и светлината на човекот.
10 Световите беа направени од Него; луѓето беа создадени од Него; сите нешта беа направени од Него, и преку Него, и на Него.
11 И Јас, Јован, давам сведоштво дека ја здогледав Неговата слава, како славата на Единородениот од Отецот, исполнет со благодат и вистина, и тоа Духот на вистината, кој дојде и живее во телото, и живееше помеѓу нас.
12 И јас, Јован, видов дека Тој не ја прими целината најнапред, туку ја прими благодатта за благодат;
13 И Тој прво не ја прими целината, но продолжи од благодат до благодат, додека не прими целина;
14 И така Тој беше наречен Синот на Бог, поради тоа што Тој не ја прими целината најнапред.
15 И Јас, Јован, давам сведоштво, и ете, небесата беше отворена, и Светиот Дух се спушти врз Него во форма на еден гулаб, и и седна врз него, и таму се слушна глас од небесата велејќи: Ова е Мојот возљубен Син.
16 И јас, Јован, давам сведоштво дека Тој прими целина на евангелието од славата на Отецот;
17 И Тој ја прими сета моќ, и на небесата и на земјата, и славата на Отецот беше со Него, зашто Тој живееше во Него.
18 И ќе се случи, дека ако сте верни вие ќе примите целина на записот на Јован.
19 Јас ви ги давам овие нешта за да разберете и да знаете како да обожавате, и да знаете што обожавате, за да дојдете при Отецот во Мое име, и во одредено време да примите од целината.
20 Зашто ако ги одржувате Моите заповеди ќе примите од Неговата целина, и ќе бидете прославени во Мене како што Јас сум во Отецот, затоа, Јас ви велам, ќе примите благодат за благодат.
21 И сега, вистина Јас ти велам на тебе, Јас бев во почетокот со Отецот, и сум Првородениот;
22 И сите тие што се родени од Мене се земачи од славата на истиот, и се од црквата на Првородениот.
23 Вие бевте исто на почетокот со Отецот; тоа што е во Духот, дури и Духот на вистината;
24 И вистината е знаење за нештата какви што се, и какви што беа, и какви што ќе бидат;
25 И колку и да е повеќе или помалку од ова е духот на тоа пакосно кој беше лажго од почетокот.
26 Духот на вистината е од Бог. Јас сум Духот на вистината, и Јован прогласи сведоштво за Мене, велејќи: Тој прими целина на вистината, да, дури и сета вистина.
27 И ниту еден човек не прима целина освен ако ги одржува заповедите.
28 Тој што одржува Неговите заповеди ја прима вистината и светлината, додека тој е прославен во вистина и ги знае сите нешта.
29 Човештво беше исто така на почетокот со Бог. Знаењето, односно светлината на вистината, не беше создадено или направено, ниту може да биде.
30 Сета вистина е независна во таа сфера во која Бог ја наместил, да делува за себеси, како што е сето знаење; во спротивно нема постоење.
31 Ете, овде е изборот на човекот, и овде е осудата на човекот; зашто тоа што беше од почетокот им е јасно прикажано, и не ја примаат светлината.
32 И секој човек чиј дух не ја прима светлината е под осуда.
33 Зашто човек е дух. Елементите се вечни, и духот и елементот, нераздвоено поврзани, примаат целина на радост.
34 И кога се одвоени, човекот на може да прими целина на радост.
35 Елементите се табернакл на Бог, да, човекот е табернакл на Бог, дури храмовите; и било кој храм да е извалкан, Бог ќе го уништи тој храм.
36 Славата на Бог е знаењето, или, со други зборови, светлината и вистината.
37 Светлината и вистината го напуштат тој злобниот.
38 Секој дух од човештво беше невин на почетокот; и Бог имајќи го искупено човештво од падот, луѓето станаа повторно, во нивна детска состојба, невини пред Бог.
39 И тој пакосниот доаѓа и ја одзема светлината и вистината, преку непослушност, од човечките деца, и поради традицијата на нивните татковци.
40 Но Јас сум ве заповедал да ги одгледувате вашите деца во светлина и вистина.
41 Но вистина, Јас ти велам на тебе, Мој слуга Фредерик Г. Вилијамс, ти си продолжил под оваа осуда;
42 Не си ги поучил вашите деца за светлина и вистина, според заповедите; и тој пакосниот има моќ, како сеуште, врз тебе, и ова е причината за вашата мака.
43 И сега една заповед Јас ти давам—ако бидеш избавен ти ќе поставиш ред во твојата сопствена куќа, зашто има многу нешта кои не се во ред во твојата куќа.
44 Вистина, Јас му велам на Мојот слуга Сидни Ригдон, дека за некои нешта тој не ги одржувал заповедите во врска со неговите деца, затоа, прво постави ред во твојата куќа.
45 Вистина, Јас ти велам на тебе Мој слуга Џозеф Смит, Јун., или со други зборови, Јас ќе ве наречам пријатели, зашто вие сте Мои пријатели, и вие ќе имате наследство со Мене—
46 Јас ве нареков слуги за доброто на светот, и вие сте нивни слуги за Мое добро—
47 И сега, вистина Јас му велам на Џозеф Смит, Јун.—Ти не ги одржуваше заповедите, и мора да бидеш прекорен пред Господ;
48 Твоето семесјтво мора да се покае и да напушти неколку нешта, и да даде поискрено внимание на вашите кажувања, или да биде отстрането од нивно место.
49 Тоа што Јас го кажам на еден им го велам на сите; молете се секогаш за да не се случи пакосниот да има моќ врз вас, и да ве отстрани од ваше место.
50 Мојот слуга Невел К. Витни исто, еден епиксоп од Мојата црква, треба да биде предупреден, и да го постави во ред неговото семејство, и да осигура дека тие се потрудољубиви и загрижени дома, и да се моли засекогаш, или ќе бидат отсранети од нивното место.
51 Еве, Јас ви велам на вас, Мои пријатели, нека Мојот слуга Сидни Ригдон тргне на негово патување, и нека побрза, и исто нека ја прогласува прифатената година на Господ, и евангелието на спасение, како што Јас ќе му давам говор; и преку ваше молитва на вера со една согласност ќе го задржам него.
52 И нека Моите слуги Џозеф Смит, Јун., и Фредерик Г. Вилијамс исто така побрзаат, и исто ќе им биде дадено според молитвата на вера; и доколку ги одржувате Моите кажувања нема да бидете засрамени во овој свет, ниту во светот што следи.
53 И, вистина Јас ви велам, дека е Моја волја да ги забрзате да ги преведувате Моите свети писма, и да стекнувате едно знаење на историја, и на земји, и на царства, и на закони на Бог и на човек, и сето ова за спасението на Сион. Амин.