Свети Писма
Учење и Завети 91


Поглавје 91

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 9 Март, 1833. Пророкот беше во ова време вклучен во преводот на Стариот Завет. Стигнувајќи до тој дел од древните записи наречен Апокрифа, тој го праша Господ и го доби ова упатство.

1–3, Апокрифата е најчесто преведена точно но содржи многу вметнувања од рацете на луѓето кои не се вистинити; 4–6, Таа е од корист на тие кои се просветлени од Духот.

1 Вистина, така ви вели Господ во врска со Апокрифата—Постојат многу нешта кои се содржани таму кои се вистинити, и се најмногу точно преведени;

2 Постојат толку многу нешта кои се содржат таму кои не се вистина, кои се вметнати преку рацете на луѓето.

3 Вистина, Јас ви велам, дека не е потребно за Апокрифата да се преведе.

4 Затоа, оној кој ја чита, нека тој ја разбере, зашто Духот ја прикажува вистината;

5 И кој и да е просветлен од Духот ќе стекне корист од неа;

6 И тие што не ја примаат со Духот, не можат да имаат корист. Затоа не е потребно да се преведе. Амин.

Печати